На глупавоста и нема крај: Споменик на Тарзан во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.501
Поени од реакции
35.458
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Што имаат заедничко Чарлс Дарвин, Марк Шпиц и Тарзан?
Општина Кисела Вода. Токму тука ќе бидат изградени споменици посветени на нив.

Ќе има алеи на познати актери, писатели, лекари, музичари, наши, но и светски.
Проектот чија прва фаза веќе беше одобрена од Советот на општината, предвидува изградба на повеќе од 100 споменици.

Проценка за тоа колку пари ќе бидат потрошени се уште нема.

„Се планираат повеќе извори на средства. Еден дел е од сопствени извори, од буџетот на Општината, еден дел се планира и со донации од граѓани, од бизнисмени итн.“, вели Џорџе Арсов, градоначалник на општина Кисела Вода.

Граѓаните се поделени околу најновата општинска иницијатива.

„Може да се каже дека се потребни, иницијативата не е лоша. Парите нека не ги троши толку градоначалникот, нека пушти автобуски линии. Добра идеја е за помладите да знаат како изгледаат тие и нешто повеќе за нив. Јас не знам со што би придонел Џони Вајсмилер за општинава, тоа навистина ми беше чудно“, рекоа жителите на Кисела Вода.

Останува само уште прашањето кон што ќе бидат вперени погледите на Ајнштајн, Коперник, Тесла, Моцарт
 
Ако е иницијатива на Џорџе, не му е првпат мислам да има глупи идеи... Следно шо е, споменик на Кирк Хамет, Душко Долгоушко и Атомската Мравка?
 
Јас би се согласил, само под услов покрај Тарзан да го има и Балу! :pos:

Сеир на страна, патец на средина... Во право се, треба да поставуваме бисти на луѓе коишто немаат допирна точка со Македонија, па и на луѓе коишто не постојат воопшто. Немаме ние историја, немаме херои, немаме големци коишто заслужуваат почит и коишто треба да ги паметат наредните генерации (а богами и да знаат како изгледаат тие, како што би рекол дотичниот киселоводец).
А... богами и улиците во Кисела Вода се толку убаво средени, па не треба да се инвестира во инфраструктурата на оваа општина.

А, можеби и треба да се инвестира во образованието на политичарите (а богами и гласачите), а? Долгорочна (страшно склона кон пропаст) инвестиција! :tapp::tapp::tapp:
 
Споменик на Тарзан и тоа во Скопје? Дефинитивно немам коментар...:pos2: Јас пак да сум како тој градоначалник, ке предложам изградба на споменик на Tom & Jerry :) Како и да е, на глупавоста и нема крај :pos2::pos2:
 
Тарзан е најприкладен улиците и тротоарите во Кисела Вода :)
 
Кога само ќе ми текне дека во србија ставија споменици од Брус Ли... зошто па ние да не го ставиме Тарзан и така само тој би се снашол во новата природна средина т.е џунглата од бисти.

Еден мал предлог, наместо да се прават две различни бисти за Марк Шпиц и Тарзан дај нека направат една барем Марк Шпиц своевремено го глумел и Тарзан :toe:


или биста од:

sigmund_freud.png


Со надеж дека водата која ќе тече во близина ќе лечи од умобол :pos:
 
Тарзан ами како, али само со ликот и стасот на Џони Вајсмилер!

(Прилепчани ќе прат аџилук на споменико на Тарзан)
 
Тарзан ами како, али само со ликот и стасот на Џони Вајсмилер!

(Прилепчани ќе прат аџилук на споменико на Тарзан)
А што е со мојот предлог за заштеда... што му фали на Шпиц бе?
 
Абе трошат пари за глупости :tapp::tapp::tapp::tapp:
А заборавив, им давам предлог да стават споменик и на Цорџ Буш :D :D:D:D:D :):):):):):):)
 
Кисела вода има убедливо нај крш улици у цело Скопје,хорор филм да се вози,нема уличка без дупка а овој талентов тарзан ке го ставал.
 
Хм... Овие будали се или му смрдат чорапите????

Не се здрави жими се... Ај сега доаѓаат изборите за градоначалници, белки до мај нема да стигнат да направат некои глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom