Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Прекрасно, за нобелова награда за екологија е изјавава.МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ПРЕСЕЧЕ
Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!
- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Реално и денеска, пластичните и понатаму постојат и се употребуваат, само што се наплаќаат. А се наплаќаат, да парафразирам некој главешина од телата кои одлучуваат: "за да ги дестимулираат граѓаните во нивната употреба".
И сеа би прекинал, за да не употребувам зборови со кои би навредил етнички заедници како циганите.