Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ПРЕСЕЧЕ
Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!

- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Прекрасно, за нобелова награда за екологија е изјавава.

Реално и денеска, пластичните и понатаму постојат и се употребуваат, само што се наплаќаат. А се наплаќаат, да парафразирам некој главешина од телата кои одлучуваат: "за да ги дестимулираат граѓаните во нивната употреба".

И сеа би прекинал, за да не употребувам зборови со кои би навредил етнички заедници како циганите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Реално законите од областа на екологија се добар чекор напред кон зачувување на она што ни остана.Проблемот е што се недоречени,никој нема контрола над нив и испаднаа смешни.Со овој закон,не требаше да се продаваат пластичните кеси за под 5кг со што ќе се намалеше нивното користење,но кај нас го сватија како добар бизнис да заработат плус.И никој нема да ги казни.И не е само овој закон што им прелета,многу грешки,многу кратери,џабе фрлени пари.Ќе доживееме ли ние квалитетен закон и негова примена со што ќе ни се подобри животот,а не да ни го загорчат дополнително.
Вака не се прават закони:tapp:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Мислам дека веќе еднаш го пцуев законов на темава, али штом ја видам, морам да и се навратам и да и оддадам уште малку почит!

Добро, покретенски и понеимплементиран закон од ова не сум видела!

Трошевме дневно, рецимо, милион пластични ќеси, сега трошиме 999.000.
Кој прогрес! Плус и ги плаќаме, а некој ко мршојадник го пика у џеб тој ситниш.(кој, на долги стази, и не е баш ситниш, али нејсе)

Приметувате ли дека Македонија стана позелена, небото посино, воздухот почист, а Вардар бистар откако го донесоа законов? :wub:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Убаво звучеше законов,но имплементацијата го направи смешен.Чиста Македонија пффф,тргнете ја забраната од цигарите и алкохолот и така веќе нема смисла ништо:)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Приметувате ли дека Македонија стана позелена, небото посино, воздухот почист, а Вардар бистар откако го донесоа законов? :wub:
Кој ли ќе биде како нас сега откако таа прекрасна ни природа ќе се исполни со многу убави дечиња кои безгрижно и весело ќе си трчкараат и играат....:kesa::vozbud:
...и за дечињата има закон во најава....:kesa: некој на се мислел
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
A кеси ќе плаќаме додека се потрошеле залихите или заувјек? И коа ке почнт сите со картонски?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Многу нешто е потребно да се исчисти и забрани пред да дојдат на ред најлоните. Загрижените еколози и поддржувачите на законов може да делуваат во овој правец (чистење на отпад и забрана за фрлање-види слики). Мме кој го пишал законот за кеси (и другите "еколошки"закони), ниеден не се применува (освен за најлончиња, цигари и плукање што претставува и најмало загадување).

После овие слики дали е потребно да се коментира дека најмалку кесите се расфрлени, а најмногу гуми, черги и бела техника (и каросерии од коли во Вардар)? Немам слики од зад Жито Лукс (карши градска болница, до зелен пазар) да видите, нема најлончиња ама како канализација да е истурена среде улица-тиња и смрад.

Извинете за сликите од кои можеби некому ќе се згади.
 
babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Јас вчера кога бев да пазарам во Веро се натоварив и фала богу никој не ме праша дали ми треба кесе, за разлика од дечкото кој беше позади мене и имше само едно ситно стварче купено, а го прашаа:tapp:и се изнервирав да ви кажам па дури и онака индирекно и се обратив на девојката на каса.
Е зошто бе мене не ми дадоа кеса, а?
Може не и бев симпатична на таа, и од ината ги напикав сттварите у ташана добро е што ми се големи ташните може ке требаше во раце да ги носам
 
Можда оти бил дечко :smir:.
Инаку кеса ќе си побараш, обично даваат за повеќе купени ствари, но и забораваат.
 
babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Можда оти бил дечко :smir:.
Инаку кеса ќе си побараш, обично даваат за повеќе купени ствари, но и забораваат.
Абе викам јас ја заслепе дечкото позади мене, јас ко магаре натоварена чекам кеси , а таа на тој му вика Дечо кеса сакаш,?
И да ми дадеше после од инат немаше да ја земам, убаво јас не пазарам таму ама ептен морав недела беше
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Kratkoi jasno,naplakanjeto na kesinjata e vovedeno za narodot malce da se svesti i da ne ja zagaduva okolinata odnosno so edna ista najlonska kesa da odi poveke pati na pazar a ne na sekoe pazaruvanje da ceka da mu dadat kesa za potoa da ja frli.Mnogu od vas ne go svatile zakonot i vednas mesaat poltika,biznis...Cistata okolina zavisi od nas i nikoj drug,nie ako ne ja cuvame togas koj ke ja cuva prirodata okolu nas?
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Kratkoi jasno,naplakanjeto na kesinjata e vovedeno za narodot malce da se svesti i da ne ja zagaduva okolinata odnosno so edna ista najlonska kesa da odi poveke pati na pazar a ne na sekoe pazaruvanje da ceka da mu dadat kesa za potoa da ja frli.Mnogu od vas ne go svatile zakonot i vednas mesaat poltika,biznis...Cistata okolina zavisi od nas i nikoj drug,nie ako ne ja cuvame togas koj ke ja cuva prirodata okolu nas?
Eве, јас пазарам во пластични кеси, си ги плаќам од пред некој ден. Потоа истите ги користам за собирање ѓубре и ги фрлам во контењер.

Што лошо правам?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
И ја ги користам за таа намена, фрлање ѓубре. Ниедна немам без врска фрлено, а посебно надвор од канта. А оние големите црните најлони не одговараат пошто немам контејнер во соба.

Btw, комуналци од кога падна снегот (околу нова година) навака, дури прошлата недела, околу 20-ти дојдоа да соберат ѓубрето од канти. За тоа време се боревме со мачките (они растураа, ние собиравме). Па не најлони, диносауруси ќе најде човек по улица.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Eве, јас пазарам во пластични кеси, си ги плаќам од пред некој ден. Потоа истите ги користам за собирање ѓубре и ги фрлам во контењер.

Што лошо правам?
Od kontejnerot odat na gjubriste i tamu ke se razlozuvaat vo narednite 100 godini! Ako sekoj den dobivas za sekoe pazaranje kese izracunaj za edna nedela kolku si nasobral?A ako edna nedela pazaris samo so edno kese dali gjubristeto vo tvojot grad ke bide tolku zagadeno?
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Od kontejnerot odat na gjubriste i tamu ke se razlozuvaat vo narednite 100 godini! Ako sekoj den dobivas za sekoe pazaranje kese izracunaj za edna nedela kolku si nasobral?A ako edna nedela pazaris samo so edno kese dali gjubristeto vo tvojot grad ke bide tolku zagadeno?
Може да кажам дека имаш поента,
или дека е небулоза, бидејќи сабајлево купив макарони во пластично ќесе. Ако е штетно, забрани се батка... А не ударај по џеб.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom