Што ако (недај боже) се смени името?

Член од
24 ноември 2005
Мислења
185
Поени од реакции
1
daj bre prestanete da mislite na losi raboti i da odrabotuvate nekoi losi scenarija
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Treba da se obedinime za da im ja odzememe vlasta na politicarite dokolku tie ja zloupotrebat, no tie ne razedinuvaat po razni osnovi, glupo e sto narodov nasednuva na nivnite trikovi.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Ако е обратно, тогаш сме глупаво, неспособно стадо. Кое заслужено го стрижат.
EUREKA !!!!

Nekad mnogu te sakam sto si tolku naivna zivmi sve :back: ( drugarski )

Samo ako ne daj boze go smenat dali i ti ke pocnesh da blejish kako ostanatite ovchichki ????
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада, каде и како ќе ја пласираш вистината ако сите медиуми се од „другата„ страна?

Дали воопшто некој осмислил стратегија како да се делува ако од влада до опозиција сите популаризираат едно исто име и го претставуваат како успех?

Не мора да дојде до тоа но треба и за таа варијанта да се разговара а не ако се случи луѓето да бидат неспремни.

Не е дефетизам да ги видиш варијантите и да разговараш за можни решенија.
Интернетот е слободен и достапен медиум.
Потоа, постојат добронамерници кои сум убедена дека финансиски би помогнале да се откупи медиумски простор. Тој барем со пари се купува.
А, постојат и екстремни решенија.
Со пари се купува и оружје впрочем.
На крајот од краиштата, ако веќе мора да има некој крај, барем да не биде безгласен и доброволен. Затоа што, како што рекол Груев: Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
Ада,македонските патила некој проба да ги претстави пред европската и светската јавност,ама очигледно тоа не му успеа.Се додека Грција е миленичето на Европа,ние ќе патиме од синдромот на некомпетентност да ја покажиме и откриеме сопствената вистина пред светот и ќе продолжиме да голтаме крвави солзи нанесени од судбината и неправдата.И јас бев голем оптимист во време кога прашањето за Егејските Македонци беше отворено,и јас сметав дека Европата ќе се запраша што всушност е Грција и каков вир постои испод тој ,,мир,,мислев дека Европејците ќе си го стават прстот на умот и ќе сфатат каков Луцифер е Грција,ама се испадна дека тоа е благонадежна идеја на некого од наша страна да се изрекламира самиот себеси,само затоа што е жеден за популарност,а додека Европјаните изреагираа крајно индиферентно во однос на отвореното прашање.Изгледа ни е судено да ги трпиме неправдите што посилните од нас упорно ни ги сервираат со цел да не одведат во амбис.
Нормално дека Европјаните ќе изреагираат индиферентно.
Прво, затоа што нивен е главниот удел во Егејската епопеја, а второ, и поважно, затоа што тоа не е нивен интерес.

Но, не е нормално Македонците да останат рамнодушни. Затоа што за нас се работи, и затоа што е тоа наш интерес.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Treba da se obedinime za da im ja odzememe vlasta na politicarite dokolku tie ja zloupotrebat, no tie ne razedinuvaat po razni osnovi, glupo e sto narodov nasednuva na nivnite trikovi.
Меѓу македонскиот народ има таква сепарација во мислењата,што идејата да се обединиме и извршиме пуч врз целата власт е просто невозможна.Де едни се закоравени СДС-овци,други се закоравени ВМРО-вци,трети уште патат по Југославија,четврти уште гонат духови од далечното минато(јас се пронаоѓам меѓу овие)сите се обвинуваме меѓусебно,абе цела палета на сепарација,а сме само 2 милиона.Што значи,доколку некој се побуни,целата ситуација реално гледано ќе резултира со граѓанска војна како што беше примерот со Босна.Лично моја идеја е да го проследиме примерот на Романија во 1989та год.кога народот, незадоволен од власта се крена во единство и ја оствари својата идеја.Ама кај нас тешко дека предлогов твој би можел да се реализира.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Ада,македонските патила некој проба да ги претстави пред европската и светската јавност,ама очигледно тоа не му успеа.
И што ако не му успеа?

Од 1948 па се до денес (59 цели години), генерации и генерации македонски политичари, интелектуалци и дипломати, во 99,99% од случаите пред европската и светската јавност јаделе само трици за “немаме територијални претензии кон Грција“, и молчеле како гробници за македонското прашање. Со години и години народот е воспитуван да биде суштество од втора класа, дресиран да трпи пониженија и да му биде ограничувано правото на движење, и понизно да молчи пред “големите“.

Ако во една нива со години сееш само тикви, а еднаш ти се случило да фрлиш едне единствена семка од лубеница, треба ли кога ќе дојде лето да плачеш затоа што нивата пак ти родила само тикви, а од лубеницата нема ни трага ниту глас?
 
Член од
31 август 2008
Мислења
231
Поени од реакции
1
elada

Ete da pretpostavime i toa ke bide ...

Kako ke reagirate vo odnos na vlasta, kakvo ke bide vaseto nacionalno cuvstvo mislam kako bi go prifatile toa vo ovaa crna varijanta
a ova severna republika makedonija i ne e tolku loso a?ako veke mora da se menuva imeto mene ne bi mi precelo bilo koja dodavka na imeto MAKEDONIJA .jas ziveam vo grcija i veruvajte oti narodot tuk ne e tolku los kako se prikazuva kaj nas .tolku godini nitu eden dosega mi nema kazano nitu eden los zbor.i tie kako nas sakat da zavrsi veke taa istorija okolu imeto.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Постои пропаганда, но постои и контра-пропаганда.
Доколку истата е навреме и доволно енергично пласирана, тешко дека мнозинството ќе постане "заблудено".

Дефетизмот е најлошата можна варијанта. Обесхрабрува и блокира. Да не дозволиме да не умори.

Зборете, пишувајте, делувајте...Со срце и со искреност, зошто вистината е една и секој ја знае. Само треба да ја освести во себе.
И не заборавајте дека океанот го прават капките вода.
Затоа, ниту една самостојна акција не може да биде јалова.
А, кога ќе се собереме доволно "капки", ни Грујо, ни Бранко ни свети влада и Собрание, нема да имаат моќ.
За какво обединување зборуваш, кога до пред некој ден сите ваши потези се влечеа од партиска гледна точка.
Памтиш....спремавте казани и слама за "комуњарите" на плоштад...имаше и некоја претстава за на градски.
Колку ли гадни навреди беа изречени токму на овој форум.
И сега наеднаш увидовте дека "комуњарите" и не биле единствениот проблем.
Па заборавате се што сте напишале, и наеднаш ја менувате реториката и барате обединување и самостојни акции.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Obedinuvanjeto sigurno ne podrazbira komunjari, zalam.

Poveke sreka sledniot pat.:pos2:
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
И што ако не му успеа?

Од 1948 па се до денес (59 цели години), генерации и генерации македонски политичари, интелектуалци и дипломати, во 99,99% од случаите пред европската и светската јавност јаделе само трици за “немаме територијални претензии кон Грција“, и молчеле како гробници за македонското прашање. Со години и години народот е воспитуван да биде суштество од втора класа, дресиран да трпи пониженија и да му биде ограничувано правото на движење, и понизно да молчи пред “големите“.
Прав си за ова,но како сакаш серија од македонски политичари да ги бранат интересите на мак.народ,кога секогаш нашите политичари биле слуги на туѓи дворови.Коста Солев Рацин добро кажал,цитирам:,,ЗА ТУЃИ БЕЛИ ДВОРОВИ,КОПАЈ СИ ЦРНИ ГРОБОВИ,,......А,тие црни гробови се наменети точно за народот,кој секогаш бара закрила во погрешните луѓе и таа пародија се повторува и повторува и повторува....така се во недоглед.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Па заборавате се што сте напишале, и наеднаш ја менувате реториката и барате обединување и самостојни акции.
Реален,ако си толку реален,дај одговори ми:според тебе никој ли нема право на покајание...или секогаш треба да бидеме коњи кои ќе гледаат само напред(ама во погрешен правец) и треба да ја застапуваме секогаш погрешната реторика,која се заканува да се одрази негативно врз нас самите?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Obedinuvanjeto sigurno ne podrazbira komunjari, zalam.

Poveke sreka sledniot pat.:pos2:
Клешти се клешти.
Продолжете вие со вашето "наводно" и партиско обединување.
Па кога ќе подзастанете, завртете се назад да видите до кај сте стигнале.

Ама уште некој ден и од партија ќе ви ср'жат...и ќе ви ја претстават новата "преродба" во два чекори....
Али ќе проголтате вие...знаете веќе како одат работите.
Не ви е првпат....нели?

Реален,ако си толку реален,дај одговори ми:според тебе никој ли нема право на покајание...или секогаш треба да бидеме коњи кои ќе гледаат само напред(ама во погрешен правец) и треба да ја застапуваме секогаш погрешната реторика,која се заканува да се одрази негативно врз нас самите?
Ете бе пријателе.
Сам увери се кој обединува...и како обединува.

Obedinuvanjeto sigurno ne podrazbira komunjari, zalam.

Poveke sreka sledniot pat.:pos2:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Интернетот е слободен и достапен медиум.
Да замислиме една хипотетична ситуација. Ти си од едната страна а јас од другата.

Ти го имаш интернетот ама го имам и јас. Освен тоа јас ги имам и сите телевизии и весници каде можам да пласирам дека тоа едно име е огромен успех и ќе не одведе во ЕУ и НАТО. Можам и уште многу работи да обеќам бидејќи и онака би се случиле (евентуално) во иднина.

Колку корисници имаат интернет пристап а колку имаат ТВ и читаат весник?

Колку простор и да закупиш пак ќе можам да пласирам многу повеќе и тоа многу вешто и убаво спакувано. Заборави го Геровски и компанија, они се аматери и одма се читаат.

Потоа, постојат добронамерници кои сум убедена дека финансиски би помогнале да се откупи медиумски простор. Тој барем со пари се купува.
Збориме за хипотетична ситуација (која може и да стане реалност) каде владата би била за промената. Во тој случај како и да гледаш ќе им бидат на располагање многу повеќе финансиски средства за пласирање на нивната „вистина„.

А, постојат и екстремни решенија.
Со пари се купува и оружје впрочем.
На крајот од краиштата, ако веќе мора да има некој крај, барем да не биде безгласен и доброволен. Затоа што, како што рекол Груев: Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
Тие екстремни средства никој не ги применил од 45 нагоре а и тогаш било во воени услови. Дозволи ми да се сомневам во тие „екстремни средства„ дека воопшто веќе се можни.

Освен тоа што ќе правиш дури и со „екстремните средства„ ако мнозинството од народот прифати дека новото име е достоен и чесен компромис?

Јас не зборам ако утре некои одеднаш смени име (тогаш имаш шанси) туку ако претходно се изврши планска и промислена неколкумесечна кампања проследена со крупни обеќања од ЕУ и НАТО за брзо интегрирање и симнување на визи.

Успеа референдумот за кој сите мислеа ќе пропадне. До пред година дена беше незамислива коалиција со ДУИ па ете сега е реалност.

Не мора да одговориш ама барем размисли.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
a ova severna republika makedonija i ne e tolku loso a?ako veke mora da se menuva imeto mene ne bi mi precelo bilo koja dodavka na imeto MAKEDONIJA .jas ziveam vo grcija i veruvajte oti narodot tuk ne e tolku los kako se prikazuva kaj nas .tolku godini nitu eden dosega mi nema kazano nitu eden los zbor.i tie kako nas sakat da zavrsi veke taa istorija okolu imeto.
Сметаш дека е добро да се викаме Република Северна Македонија?Јас ако се согласам на тоа ќе се согласам единствено со надеж дека постои тенденција еден ден долу на југот да се формира држава под името Јужна Македонија:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom