Што ако (недај боже) се смени името?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ke se oklestat, ke im padnat i vilicite ...ako vidat 300.000 ,mirni i samo mracno neka gledaat :)
...ama aj odi soberi....
..znaci treba da se baraat drugi metodi...normalno ne onie detskite so vecni lovista od pogore :)
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Без владата и онака ги имаме пола :kesa:

Знам бе Силен, знаат и сите што цел месец стоеја пред собрание,влада,амбасади итн. каков БОЈКОТ медиумски ни правеа и како лиферуваа лажни информации, сценираа инциденти, провоцираа, уфрлуваа свои луѓе ама им секнаа муцките кога видоа 30.000 народ на Пела.

Останува СИОТ интернет простор, макар што ќе се обидат да уфрлуваат полтрони повторно, меѓутоа неможат да не задушат.
Ќе ти кажам што ме плаши.

Да речеме дека владата одлучи да го прифати Северна Македонија. Случајно или намерно тоа име беше спомнато од Вакнин, Бакојани рече дека е прифатливо и случајно или намерно и во Вечер беше објавено како прифатливо (за текстот во Вечер отворив тема која за жал беше избришана).

Денес и премиерот кажа дека САД сакаат да постигнеме компромис.

Ако владата реши да го прифати името ќе припреми јавни кампањи кои ќе го убедуваат народот дека пакетот е добар и треба да го прифатиме. Ме плаши тоа што со добри професионалци во наши услови можеш да протнеш практично се.

Ако мнозинството се за, што можеш тогаш да направиш?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ако мнозинството се за, што можеш тогаш да направиш?
Ti kazav, treba da se organizira i kazuva vistinata, sekogas ke se najde nacin, a vo takvi momenti veruvaj deka lugjeto i prilikite sami se naogjaat i sekogas postoi opcija.

A koga ke dades se' od sebe i koga samiot ke stanes svesen deka si storil se sto si mozel i se' e iscrpeno, togas veke ostavas na narodot.

Jas ne veruvam deka nekakvi kamanji za promena ke uspeat, nauceni sme da odime kontra ona sto ni se natura.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Постои пропаганда, но постои и контра-пропаганда.
Доколку истата е навреме и доволно енергично пласирана, тешко дека мнозинството ќе постане "заблудено".

Дефетизмот е најлошата можна варијанта. Обесхрабрува и блокира. Да не дозволиме да не умори.

Зборете, пишувајте, делувајте...Со срце и со искреност, зошто вистината е една и секој ја знае. Само треба да ја освести во себе.
И не заборавајте дека океанот го прават капките вода.
Затоа, ниту една самостојна акција не може да биде јалова.
А, кога ќе се собереме доволно "капки", ни Грујо, ни Бранко ни свети влада и Собрание, нема да имаат моќ.
 
Член од
8 март 2008
Мислења
81
Поени од реакции
4
Зависи од нас и од никој друг. Трикот е во тоа што, ако сами не го смениме, никој друг не може да ни го смени. Целата борба е во тоа - дали ќе ја гризнеме мамката.
Павел,точно е дека по секоја логика зависи од нас, и сигурно нема во моментов некој политичар со м..а или доволно глуп да прифати такво нешто.Затоа се вадат со референдум, и сл.
Ама пак ај да се потсетиме. Не праша некој дали сакаме да се поделиме на егејци , вардарци и пиринци во 1912? Не праша ли некој дали сакаме да си одиме од егејска Македонија 1948? Никој. Добро, тогаш немавме држава. Е сега имаме. И кој ја тупи работата? Грците сакаат да ја звршат гнасотијата до крај, за де се избирише историјата. Франција ја поддржува Грција. Англија мудро молчи, а Русија од позадина мава “ниски удари“.
А кој кумуваше на Македонската трагедија 1912 и 1948? Кој и ја даде Македонија на Грција како поклон?
Гадни времиња, затоа ни останува само единството, ама иако сум “болен“ патриот, кога се вртам околу себе и го гледам народов, ме јаде црвот. Копа длабоко, кине месо.
На повеќето изгледа и не им е веќе битно ништо, види само колку наши отидоа на поклонение во Гејлада летово. Битно е убаво да си поминеш, заеби политика...земи си бугарски пасош, српски, дури станува актуелен и грчки пасош!!!!! Ех, Македонијо, кој све се тркала по оваа света земја...
Се плашам дека овој вековен синдром на однародување може да биде кобен.
Дајбоже да грешам. Ама црвот копа , ли копа....
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Гадни времиња, затоа ни останува само единството, ама иако сум “болен“ патриот, кога се вртам околу себе и го гледам народов, ме јаде црвот. Копа длабоко, кине месо.
На повеќето изгледа и не им е веќе битно ништо, види само колку наши отидоа на поклонение во Гејлада летово. Битно е убаво да си поминеш, заеби политика...земи си бугарски пасош, српски, дури станува актуелен и грчки пасош!!!!! Ех, Македонијо, кој све се тркала по оваа света земја...
Се плашам дека овој вековен синдром на однародување може да биде кобен.
Дајбоже да грешам. Ама црвот копа , ли копа....
Рамнодушни се и не им е гајле, затоа што не се доволно запознаени со вистината и суштината на проблемот. (нормално има и одроднички копилиња, кои и покрај сознанието, решаваат да си одат против земјата, но таквите не се толку многу).
Кога погласно и поупорно би се раскажувала историјата, кога би се предочиле Македонските патила, кога би се прикажала грција во сета своја грдотија, кога би се посочила тежината на издајничките недела...мнозинството не би останало така индиферентно. Неспорно.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Severna Makedonija e najdobar kompromis koga veke mora da ima kompromis. Makedonija ke se vika koga ke bide cela i obedineta.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Severna Makedonija e najdobar kompromis koga veke mora da ima kompromis. Makedonija ke se vika koga ke bide cela i obedineta.
И така ние за волкот, а волкот на вратата...

Мала "новост": Компромис не мора да има.
Компромис НЕ СМЕЕ да има.

Кога секој од нас ќе си го набута тоа во главата, се ќе биде во ред.

Патем, нештата мора да одат по редослед...Прво одбрана на името и идентитетот, после и обединување и барање на други правдини. Обратно не може.

Се откажеме ли од името, се откажуваме од се. И нема да има што да обединуваме.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Jas ne sum za kompomis, no ne sum politicar i nikoj nas ne ne prasuva.Vikaat politikata e kompromis, a kaj sto ima sila nema pravdina.Neznam.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
И така ние за волкот, а волкот на вратата...

Мала "новост": Компромис не мора да има.
Компромис НЕ СМЕЕ да има.

Кога секој од нас ќе си го набута тоа во главата, се ќе биде во ред.

Патем, нештата мора да одат по редослед...Прво одбрана на името и идентитетот, после и обединување и барање на други правдини. Обратно не може.

Се откажеме ли од името, се откажуваме од се. И нема да има што да обединуваме.
А ти целава борба околу името ја сваќаш како билет за некакво обединување ?
Ај кажи ми прво на какво ОБЕДИНУВАЊЕ нислиш за да не идам у заблуда.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Jas ne sum za kompomis, no ne sum politicar i nikoj nas ne ne prasuva.Vikaat politikata e kompromis, a kaj sto ima sila nema pravdina.Neznam.
А од кого ја добива политиката, односно политичарите, својата власт?
Кој им ја дава моќта?
Народот. Сите ние.

Затоа можеме и да им ја одземеме.
Тоа мора постојано да се има во предвид.
Им даваш моќ за да работат за интересите на твојата земја. Ако, одат против нив, ги повикуваш на одговорност и ги казнуваш.

2 милиона се помоќни од 120 пратеници.
И тие два милиона треба да го диктираат курсот на политичарите.
Не обратно.

Ако е обратно, тогаш сме глупаво, неспособно стадо. Кое заслужено го стрижат.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Постои пропаганда, но постои и контра-пропаганда.
Доколку истата е навреме и доволно енергично пласирана, тешко дека мнозинството ќе постане "заблудено".

Дефетизмот е најлошата можна варијанта. Обесхрабрува и блокира. Да не дозволиме да не умори.

Зборете, пишувајте, делувајте...Со срце и со искреност, зошто вистината е една и секој ја знае. Само треба да ја освести во себе.
И не заборавајте дека океанот го прават капките вода.
Затоа, ниту една самостојна акција не може да биде јалова.
А, кога ќе се собереме доволно "капки", ни Грујо, ни Бранко ни свети влада и Собрание, нема да имаат моќ.
Ада, каде и како ќе ја пласираш вистината ако сите медиуми се од „другата„ страна?

Дали воопшто некој осмислил стратегија како да се делува ако од влада до опозиција сите популаризираат едно исто име и го претставуваат како успех?

Не мора да дојде до тоа но треба и за таа варијанта да се разговара а не ако се случи луѓето да бидат неспремни.

Не е дефетизам да ги видиш варијантите и да разговараш за можни решенија.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А ти целава борба околу името ја сваќаш како билет за некакво обединување ?
Ај кажи ми прво на какво ОБЕДИНУВАЊЕ нислиш за да не идам у заблуда.
Не, не ја сфаќам како билет за обединување.

Го споменав тоа, само затоа што во претходниот пост истото беше земено во предвид.
И сакав да кажам дека е смешно да се збори за некои такви битки, како обединување, ако не може да се добие оваа за името.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Кога погласно и поупорно би се раскажувала историјата, кога би се предочиле Македонските патила, кога би се прикажала грција во сета своја грдотија, кога би се посочила тежината на издајничките недела...мнозинството не би останало така индиферентно. Неспорно.
Ада,македонските патила некој проба да ги претстави пред европската и светската јавност,ама очигледно тоа не му успеа.Се додека Грција е миленичето на Европа,ние ќе патиме од синдромот на некомпетентност да ја покажиме и откриеме сопствената вистина пред светот и ќе продолжиме да голтаме крвави солзи нанесени од судбината и неправдата.И јас бев голем оптимист во време кога прашањето за Егејските Македонци беше отворено,и јас сметав дека Европата ќе се запраша што всушност е Грција и каков вир постои испод тој ,,мир,,мислев дека Европејците ќе си го стават прстот на умот и ќе сфатат каков Луцифер е Грција,ама се испадна дека тоа е благонадежна идеја на некого од наша страна да се изрекламира самиот себеси,само затоа што е жеден за популарност,а додека Европјаните изреагираа крајно индиферентно во однос на отвореното прашање.Изгледа ни е судено да ги трпиме неправдите што посилните од нас упорно ни ги сервираат со цел да не одведат во амбис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom