Ќе ти кажам што ме плаши.Без владата и онака ги имаме пола :kesa:
Знам бе Силен, знаат и сите што цел месец стоеја пред собрание,влада,амбасади итн. каков БОЈКОТ медиумски ни правеа и како лиферуваа лажни информации, сценираа инциденти, провоцираа, уфрлуваа свои луѓе ама им секнаа муцките кога видоа 30.000 народ на Пела.
Останува СИОТ интернет простор, макар што ќе се обидат да уфрлуваат полтрони повторно, меѓутоа неможат да не задушат.
Ti kazav, treba da se organizira i kazuva vistinata, sekogas ke se najde nacin, a vo takvi momenti veruvaj deka lugjeto i prilikite sami se naogjaat i sekogas postoi opcija.Ако мнозинството се за, што можеш тогаш да направиш?
Павел,точно е дека по секоја логика зависи од нас, и сигурно нема во моментов некој политичар со м..а или доволно глуп да прифати такво нешто.Затоа се вадат со референдум, и сл.Зависи од нас и од никој друг. Трикот е во тоа што, ако сами не го смениме, никој друг не може да ни го смени. Целата борба е во тоа - дали ќе ја гризнеме мамката.
Рамнодушни се и не им е гајле, затоа што не се доволно запознаени со вистината и суштината на проблемот. (нормално има и одроднички копилиња, кои и покрај сознанието, решаваат да си одат против земјата, но таквите не се толку многу).Гадни времиња, затоа ни останува само единството, ама иако сум “болен“ патриот, кога се вртам околу себе и го гледам народов, ме јаде црвот. Копа длабоко, кине месо.
На повеќето изгледа и не им е веќе битно ништо, види само колку наши отидоа на поклонение во Гејлада летово. Битно е убаво да си поминеш, заеби политика...земи си бугарски пасош, српски, дури станува актуелен и грчки пасош!!!!! Ех, Македонијо, кој све се тркала по оваа света земја...
Се плашам дека овој вековен синдром на однародување може да биде кобен.
Дајбоже да грешам. Ама црвот копа , ли копа....
И така ние за волкот, а волкот на вратата...Severna Makedonija e najdobar kompromis koga veke mora da ima kompromis. Makedonija ke se vika koga ke bide cela i obedineta.
А ти целава борба околу името ја сваќаш како билет за некакво обединување ?И така ние за волкот, а волкот на вратата...
Мала "новост": Компромис не мора да има.
Компромис НЕ СМЕЕ да има.
Кога секој од нас ќе си го набута тоа во главата, се ќе биде во ред.
Патем, нештата мора да одат по редослед...Прво одбрана на името и идентитетот, после и обединување и барање на други правдини. Обратно не може.
Се откажеме ли од името, се откажуваме од се. И нема да има што да обединуваме.
А од кого ја добива политиката, односно политичарите, својата власт?Jas ne sum za kompomis, no ne sum politicar i nikoj nas ne ne prasuva.Vikaat politikata e kompromis, a kaj sto ima sila nema pravdina.Neznam.
Ада, каде и како ќе ја пласираш вистината ако сите медиуми се од „другата„ страна?Постои пропаганда, но постои и контра-пропаганда.
Доколку истата е навреме и доволно енергично пласирана, тешко дека мнозинството ќе постане "заблудено".
Дефетизмот е најлошата можна варијанта. Обесхрабрува и блокира. Да не дозволиме да не умори.
Зборете, пишувајте, делувајте...Со срце и со искреност, зошто вистината е една и секој ја знае. Само треба да ја освести во себе.
И не заборавајте дека океанот го прават капките вода.
Затоа, ниту една самостојна акција не може да биде јалова.
А, кога ќе се собереме доволно "капки", ни Грујо, ни Бранко ни свети влада и Собрание, нема да имаат моќ.
Не, не ја сфаќам како билет за обединување.А ти целава борба околу името ја сваќаш како билет за некакво обединување ?
Ај кажи ми прво на какво ОБЕДИНУВАЊЕ нислиш за да не идам у заблуда.
Ада,македонските патила некој проба да ги претстави пред европската и светската јавност,ама очигледно тоа не му успеа.Се додека Грција е миленичето на Европа,ние ќе патиме од синдромот на некомпетентност да ја покажиме и откриеме сопствената вистина пред светот и ќе продолжиме да голтаме крвави солзи нанесени од судбината и неправдата.И јас бев голем оптимист во време кога прашањето за Егејските Македонци беше отворено,и јас сметав дека Европата ќе се запраша што всушност е Грција и каков вир постои испод тој ,,мир,,мислев дека Европејците ќе си го стават прстот на умот и ќе сфатат каков Луцифер е Грција,ама се испадна дека тоа е благонадежна идеја на некого од наша страна да се изрекламира самиот себеси,само затоа што е жеден за популарност,а додека Европјаните изреагираа крајно индиферентно во однос на отвореното прашање.Изгледа ни е судено да ги трпиме неправдите што посилните од нас упорно ни ги сервираат со цел да не одведат во амбис.Кога погласно и поупорно би се раскажувала историјата, кога би се предочиле Македонските патила, кога би се прикажала грција во сета своја грдотија, кога би се посочила тежината на издајничките недела...мнозинството не би останало така индиферентно. Неспорно.