Тој од лево? А другиов не, а? хехех:pos2:
Браќа се и живеат во Скопје (Ново лисиче).
Еве нешто повеќе за нив:
Дваесет и едногодишните близнаци Стефан и Мартин, кои ќе настапуваат под името „Некст тајм“, првпат се претставија во јавноста како ексклузивци на продукцијата „План Б“ вчеравечер во ресторанот „Ла луна“. Ја промовираа својата прва песна „Не верувам во тебе“, како и спотот за неа.
- Името „Некст тајм“ значи дека не треба да се губи надежта, зашто секогаш има другпат... А кога ќе дојде тој момент, знаеш дека тоа е твојот момент и треба да го искористиш на што е можно подобар начин - велат Стефан и Мартин.
Тие самите ги напишаа текстот и музиката, а автор на аранжманот е Јован Јованов, кој го режираше и спотот, снимен на неколку локации во „Скопје“ под етикетата на продукцијата „Фабрика“. „Некст тајм“ настапија во живо и, освен својата песна, изведоа и повеќе светски рок-хитови, меѓу кои и „Феел“ на Роби Вилијамс и „Лејди“ на Тоше.
- Ќе понудиме квалитетна и добра музика, а многу наскоро јавноста ќе се увери дека сме различни од другите пејачи и групи на македонската естрада - велат тие.
Кои се всушност „Некст тајм“
Родени се на 20 септември 1986 година, а Стефан е помлад неколку минути. Живеат во скопската населба Ново Лисиче, а низ градов може да се видат на сите популарни места за излегување.
Со музика се занимаваат од мали нозе - биле членови на детскиот хор „Златно славејче“, а на фестивалот настапиле во 1996 година со песната „Фудбалер, кошаркар“. Истата година на детскиот фестивал „Сидо“ ја отпеаја песната „Фифти-фифти“. Членувале во групата „Х’Ѕ“, која во мај 2007 го освои првото место во рамките на Деновите на Младинскиот културен центар. Својот глас Стефан го надградувал на часови по соло-пеење кај Лидија Кочовска, додека Мартин учел да свири гитара.
Иако музиката е нивна прва љубов, Мартин студира бизнис-економија на Американскиот колеџ во Скопје, а Стефан - италијански јазик и книжевност. Основачи се и управители на консалтинг-агенција, која успешно работи од 2007 година. Од својата шеста до четиринаесеттата година беа членови на фудбалскиот клуб Работнички, а потоа и во Македонија Ѓорче Петров.
Од 15-годишна возраст активно се занимаваат со музика.
Во слободното време Мартин се занимава со фотографија, а музички идоли му се Слеш и Ричи Самбора, додека на Стефан - Дејвид Кавердејл, Џон Бон Џови, Павароти и Маио Франгулис.