Од кој ракав сега магионичарот извади референдум за прием на Македонија во ЕУ? Нели референдумот ќе беше за менување име на државата? И каква е оваа алхемија? Истиот % на луѓе кои на 1.јуни го дадоа гласот за цврстиот став на ДПМНЕ по однос на името, еден ден подоцна, на 2.јуни, преку анкета се изјасниле дека името на државата е помалку важно одошто членството во ЕУ! Што значи, ако изборите се одржеа еден ден подоцна, СДСМ предводена од Шекеринска ќе добиеше двотретинско мнозинство во Парламентот!
Ако добро те разбрав, твојата сатиисфакција со темава е во тоа што никој друг, туку токму владата на ДПМНЕ, преку својот портпарол ја устоличува програмската насока на Шекеринска во израз на она што го сака всушност поширокото апсолутно мнозинство!:lud:
Мојата сатисфакција Павел, се 87,5-те проценти кои разбрале и сватиле дека најдобрата перспектива за Македонија, е работа на државните институции за влез во ЕУ и НАТО, наспроти филмот на владата дека прво ќе не непраи швицарци, па после ако ни се сака во ЕУ, ако не здравје.
И Јас ја разбирам таа популистичка желба на владата на ДПМНЕ.
Ќе си воспостави контрола врз сите институции во државава, контрола врз медиуми, контрола врз невладин сектор, контрола врз бизнисот, пресметка со неистомилениците, пресметка со опозицијата, пумпање на народот со национализам и квази патриотизам, со еден збор создавање почва за непречено владеење во наредните дваесет години. Доказ за тоа се изминатите две години кога владата евроатланските аспирации ги стави како последен приоритет во нивната агенда, и дефокусирање на народот со нивните добропознати игри и лудории.
Ја памти ли некој бившата вицепремиерка во бившата влада на Груевски, задолжена за евроинтеграции, Габриела Коневска. Кој и беше најголем успех во изминатите две години нејзе ? Памети некој. Ништо. Нула. Тотално промашување. Освен партиската чистка, и отстранувањето од секторот на сите способни и образовани кадри, и препукувањата со Шекеринска. Коа сме веќе кај Шекеринска, лично Јас мислам дека таа нема капацитет да води една од најголемите партии во Македонија. Тоа се покажа и на изборите. Но во поглед на евроаспирациите, таа го донесе најголемиот успех на Македонија на тој план. Ова не е само моја констатција. Ова е признание од сите европски институции. ДПМНЕ и членството нивно, што сака може да каже. Тоа е ФАКТ.
Со наименувањето на Боцевски на ова функција, ДПМНЕ покажа дека и во новиот мандат, патот на Македонија кон Европа, ќе биде во втор план. Боцевски не е ништо друго освен еден добар оратор. ДПМНЕ има многу поспособни кадри, кои можат успешно и со видливи резултати да го водат овој сектор.
Но како што реков, Груевски пак се заебал во математиката. Сите ги есапел во сметката, ама народот го заборавил.
Народот вели:
Господине Груевски, знаеме за потешкотиите кои ги има нашата држава на патот кон ЕУ. Знаеме дека треба да повлечеш и некои непопуларни потези, кои ќе земаат дел од твојот фамозен рејтинг. Но нешто кое најдобро го знаеме, е тоа дека Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Па затоа засукај си ги ракавите, и не декларативно, туку на дело покажи дека знаеш да го следиш пулсот на народот.
Ние за твое добро, ќе ти бидеме најголемата опозиција, која ќе биде конструктивна, и ќе знае да награди, но и да препознае блеф и популизам...и да казни.
Во тоа драг мој Павел, е и мојата сатисфакција.
Во тоа што народот е над партиските интереси...и добро знае да го процени и најде, патот кон просперитетот.