Во кој правец се движи Македонија ?

Дали Македонија се движи во вистинската насока ?

  • Да

    Гласови: 64 37,0%
  • Не

    Гласови: 70 40,5%
  • Не сум сигурен

    Гласови: 28 16,2%
  • Не знам

    Гласови: 11 6,4%

  • Вкупно гласачи
    173
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
замисли до каде би отишол светот, доколку не би постоела еволуцијата.
Твојава еволуција оди некако наопаку... од човек преку мајмун до класата на без`рбетници, црви полжави и пијавици.

коалицирањето со ДУИ може да биде и корисна по стабилноста и просперитетот на државата
кажи им го тоа на семејствата на загинатите и расселенито од 2001, а не тука на форумов.
влегувањето во ЕУ и НАТО се приоритет број еден на државата, и треба вистински да се работи по тоа прашање, а не декларативно
т.е. да се закопа името Македонија колку што е можно побргу, а не по десет или по петнаесет години.

и немој да си противречиш сам на себе:
Мене не ме интересира каде СДСМ сака да се движи државата
... зашто со претходно цитираните реченици вече го устоличи сонцето на СДСМ за водечка светлина. Разбира се, тоа што ДПМНЕ во моментов го држи истиот СДСМ-овски курс може да ти биде изговор дека натпартиски ги гледаш работите, но, сепак, тоа е само изговор..
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Makedonija se dvizi kon NOVO DEMOKRATSKO REPUBLIKANSTVO ili ako im se veruva na Gejladcive Miemetz za nov predlog, na basbugarinot Protigjerov i Dimitrov ke im predlozi New Democratic Republic of Macedonia! Sto, prvicno ne im se dopagja (na ahajcite).
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Твојава еволуција оди некако наопаку... од човек преку мајмун до класата на без`рбетници, црви полжави и пијавици.
Мојата споредба е токму на место, но финтата е што такви како тебе не можат да протумачат.
А горнава констатација, слободно можеш да ја кажеш на твоите пулени и да ги прашаш зошто шест години те лажеле дека со терористи не коалицираат.

кажи им го тоа на семејствата на загинатите и расселенито од 2001, а не тука на форумов.
Е ова реченица ти е чист пример за популизам.
Зошто ти на пример не одиш да им го објасниш ова.
Објасни им, зошто твоите патриоти наеднаш се откажаа од расселените лица, кои толку многу им беа блиски додека беа опозиција.
Објасни им зошто терористите ќе ги имаат истите права со бранителите.
Едноставно објасни им, што бараат во иста влада терористи и патриоти.
Јас тоа го знам. Не мора да ми докажуваш на мене.
Само немој да ми кажеш дека не ги подржуваш терористите во власта, а ја подржуваш владата со терористи.
Или пак ќе го браниш грујо со изговор дека Оли Рен, Фуере или незам кој, вршат притисок врз него.

т.е. да се закопа името Македонија колку што е можно побргу, а не по десет или по петнаесет години.
Не бре Павел да го закопат името, туку затоа што сакам Македонија да опстои.
Затоа што сакам да бидам во друштво со една цивилизација...цивилизација која ние им ја дадовме а од која се повеќе се одалечуваме.
Затоа што сакам да сопрат еднаш за секогаш вашите филмови за сојузи со русите, кинезите или слични глупости.
Јас иднината на државава не ја гледам таму.
Ако ти мислиш дека иднината е да одиме со пушки и бомби да си ги земеме деловите од Бугарија, Грција, Албанија и Србија или во некои неприродни сојузи...продолжи да си живееш во тој филм.
Што се однесува до името...кога ќе го чуеш или прочиташ некаде ставот на Премиерот во врска со овој проблем, знај дека моите размислувања се во линија со неговите, и се разликуваат само некаде околу 20%, ништо повеќе. Па сега ако мислиш дека он ќе го продаде името, онда стави ме и мене во тој кош.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Makedonija se dvizi kon NOVO DEMOKRATSKO REPUBLIKANSTVO ili ako im se veruva na Gejladcive Miemetz za nov predlog, na basbugarinot Protigjerov i Dimitrov ke im predlozi New Democratic Republic of Macedonia! Sto, prvicno ne im se dopagja (na ahajcite).
Навистина ова?

Која е тука..смислата.... НОВА ДЕМОКРАТСКА...? НДРМ ?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Многу си контрадикторен.
Сам себе се демантираш.
Прво викаш дека сега е веќе јасно дека Македонија се движи.
Па потоа велиш дека никој од нас не знае до кај ќе не одведе ваквиот начин на водење држава.

Според тебе.
Не е битно дека на пилотот му се заврзани очите, и незнае кај тера.
Битно е само дека авионот се движи, и со тоа може да бидеме задоволни.
nema kontradiktornost ama ova idejata so avionot mi se dopadja , si slusnal li za letanje u rikverc
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Sekoj koj si ja saka svojata tatkovina Republika Makedonija,bez razlika na koja politicka partija pripaga,saka da si ja vidi svojata zemja kako gordo cekori po patot na prosperitetot,bez sudii od nadvor,koi davaat mislenja i pisuvaat izvestai za sostojbite kaj nas.Do koga ke bide vaka?Do koga mojata i vasa Republika Makedonija ke bide zaloznik na nekoja politicka partija?
Vo ovoj moment rabotite nikako da trgnat od mrtva tocka,od prerodbata nema ni traga.Zosto? Se prasuvam,no edinstveno mi doaga na pamet deka e taka ,zosto ovaa vladeecka partija vremeto go gubi na osuduvanje,kritikuvanje,na prazni debati.Ova mi lici na onaa:Seloto gori baba se cesla.
Lesno ke ni bese,ako bevme zemja so miljardi investicii od stranstvo,ako bevme kako Monako ,togas ne ni trebaa nitu NATO,nitu EU.Nekako stoime dobro poradi nasite prijateli SAD i nekolku zemji od Evropa,koi odrzuvaat balans za da ne trgne mojata i vasa Makedonija vo bezizlez.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Грците веднаш ќе го отфрлат овој предлог затоа што си имаат партија со слично име која се вика Нова Демократија,значи нивниот огранок за Македонија би бил истоветен со името на соседната држава или во најмала рака толку сличен што едвај некој би помислил дека се работи за соседна држава.И кога некој во грција би го прашал некого од која партија е овој со својот одговор ќе му асоцира дека е од соседната држава.Смешни парадокси на преговарачот.Можеби следен предлог би му бил РЕПУБЛИКА ПАСОК МАКЕДОНИЈА.:pos2:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
реален, нешто не ми реагираш на најдобиот одговор на твоето прашање од насловот на темата.
"Ова беше поставено пред народот пред нецел месец.. народот одговори со апсолутно мнозинство..."
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1547971&postcount=14
Барем пробај да одговориш ти ја отвори темата, твој е сомнежот.
Реплицирав Јас на најдобриот одговор од моето прашање, само треба да прочиташ и да видиш дали ќе ти се бендиса, па да ми соопштиш.

Инаку еве ја мојата сатисфакција во врска со темата, а и одговорот, што сака всушност поширокото апсолутно мнозинство....не вмровско мнозинство во парламентот, со кое вие толку многу се гордеете, туку МАКЕДОНСКОТО мнозинство....и тоа не со 51.3% туку 87,5 проценти:

_____________________________________________________________
Македонците со голема поддршка за прием во ЕУ


Македонските граѓани даваат висок степен на поддршка на евроинтегративни процеси во државата, покажуваат резултатите од последната анкета што ја спроведе Секретаријатот за европски прашања.

Вкупно 87,5% од граѓаните би гласале позитивно на евентуален референдум за прием на Македонија во Европската унија, изјави денеска во Скопје вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, кој ги презентираше резултатите од испитувањето спроведено врз 1.110 испитаници, во јуни годинава.
Анкетите укажуваат и дека голем процент од граѓаните сметаат оти членството во ЕУ е од голема важност за нив лично, односно 64% најважно од се, 28,1% важно, но не приоритетно, додека 7,1% сметаат дека не е важно.
Извор А1
____________________________________________________________


И еве дел од еден мој пост напишан претходно, па ти поврзај.


Има уште многу работи кои треба да му текнат, како на ДПМНЕ така и на нивните подржувачи.
Како на пример тоа дека влегувањето во ЕУ и НАТО се приоритет број еден на државата, и треба вистински да се работи по тоа прашање, а не декларативно....само се плашам да не ви текне после десетина или петнаесет огодини.
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Јас мислам дека Македонија се движи во вистинската насока.

 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ќути барем се движи,има едни ич не се движат.:smir:
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Македонија се движи по голем автопат без светло и знаци, а на крајот има тунел со многу чудовишта...Ако го поминеме тунелот искачаме у рајот...Камо да имаше некој скратен пат преку некое селски пат, па и ние да видиме бел ден...КАЈ И ДА СЕ ДВИЖИ ЈАС КЕ СИ ОСТАНАМ У НЕА!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Вкупно 87,5% од граѓаните би гласале позитивно на евентуален референдум за прием на Македонија во Европската унија, изјави денеска во Скопје вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, кој ги презентираше резултатите од испитувањето спроведено врз 1.110 испитаници, во јуни годинава.
Анкетите укажуваат и дека голем процент од граѓаните сметаат оти членството во ЕУ е од голема важност за нив лично, односно 64% најважно од се, 28,1% важно, но не приоритетно, додека 7,1% сметаат дека не е важно.
Од кој ракав сега магионичарот извади референдум за прием на Македонија во ЕУ? Нели референдумот ќе беше за менување име на државата? И каква е оваа алхемија? Истиот % на луѓе кои на 1.јуни го дадоа гласот за цврстиот став на ДПМНЕ по однос на името, еден ден подоцна, на 2.јуни, преку анкета се изјасниле дека името на државата е помалку важно одошто членството во ЕУ! Што значи, ако изборите се одржеа еден ден подоцна, СДСМ предводена од Шекеринска ќе добиеше двотретинско мнозинство во Парламентот!

Ако добро те разбрав, твојата сатиисфакција со темава е во тоа што никој друг, туку токму владата на ДПМНЕ, преку својот портпарол ја устоличува програмската насока на Шекеринска во израз на она што го сака всушност поширокото апсолутно мнозинство!:lud:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Од кој ракав сега магионичарот извади референдум за прием на Македонија во ЕУ? Нели референдумот ќе беше за менување име на државата? И каква е оваа алхемија? Истиот % на луѓе кои на 1.јуни го дадоа гласот за цврстиот став на ДПМНЕ по однос на името, еден ден подоцна, на 2.јуни, преку анкета се изјасниле дека името на државата е помалку важно одошто членството во ЕУ! Што значи, ако изборите се одржеа еден ден подоцна, СДСМ предводена од Шекеринска ќе добиеше двотретинско мнозинство во Парламентот!

Ако добро те разбрав, твојата сатиисфакција со темава е во тоа што никој друг, туку токму владата на ДПМНЕ, преку својот портпарол ја устоличува програмската насока на Шекеринска во израз на она што го сака всушност поширокото апсолутно мнозинство!
:lud:
Мојата сатисфакција Павел, се 87,5-те проценти кои разбрале и сватиле дека најдобрата перспектива за Македонија, е работа на државните институции за влез во ЕУ и НАТО, наспроти филмот на владата дека прво ќе не непраи швицарци, па после ако ни се сака во ЕУ, ако не здравје.

И Јас ја разбирам таа популистичка желба на владата на ДПМНЕ.
Ќе си воспостави контрола врз сите институции во државава, контрола врз медиуми, контрола врз невладин сектор, контрола врз бизнисот, пресметка со неистомилениците, пресметка со опозицијата, пумпање на народот со национализам и квази патриотизам, со еден збор создавање почва за непречено владеење во наредните дваесет години. Доказ за тоа се изминатите две години кога владата евроатланските аспирации ги стави како последен приоритет во нивната агенда, и дефокусирање на народот со нивните добропознати игри и лудории.
Ја памти ли некој бившата вицепремиерка во бившата влада на Груевски, задолжена за евроинтеграции, Габриела Коневска. Кој и беше најголем успех во изминатите две години нејзе ? Памети некој. Ништо. Нула. Тотално промашување. Освен партиската чистка, и отстранувањето од секторот на сите способни и образовани кадри, и препукувањата со Шекеринска. Коа сме веќе кај Шекеринска, лично Јас мислам дека таа нема капацитет да води една од најголемите партии во Македонија. Тоа се покажа и на изборите. Но во поглед на евроаспирациите, таа го донесе најголемиот успех на Македонија на тој план. Ова не е само моја констатција. Ова е признание од сите европски институции. ДПМНЕ и членството нивно, што сака може да каже. Тоа е ФАКТ.

Со наименувањето на Боцевски на ова функција, ДПМНЕ покажа дека и во новиот мандат, патот на Македонија кон Европа, ќе биде во втор план. Боцевски не е ништо друго освен еден добар оратор. ДПМНЕ има многу поспособни кадри, кои можат успешно и со видливи резултати да го водат овој сектор.

Но како што реков, Груевски пак се заебал во математиката. Сите ги есапел во сметката, ама народот го заборавил.
Народот вели:
Господине Груевски, знаеме за потешкотиите кои ги има нашата држава на патот кон ЕУ. Знаеме дека треба да повлечеш и некои непопуларни потези, кои ќе земаат дел од твојот фамозен рејтинг. Но нешто кое најдобро го знаеме, е тоа дека Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Па затоа засукај си ги ракавите, и не декларативно, туку на дело покажи дека знаеш да го следиш пулсот на народот.
Ние за твое добро, ќе ти бидеме најголемата опозиција, која ќе биде конструктивна, и ќе знае да награди, но и да препознае блеф и популизам...и да казни.

Во тоа драг мој Павел, е и мојата сатисфакција.
Во тоа што народот е над партиските интереси...и добро знае да го процени и најде, патот кон просперитетот.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Видов нешто што од такт ме извади... Дека на првенството во кошарка за млади жени, кое се одржува кај нас, во Македонија, ние самите се пишуваме FYROM.

Па не се нормални оние во организациониот комитет!

Предавници до коска!

:tapp:

Насоката на движење е правилна, ама дајте па да се спроведува како што треба!

И после, ни се смееле... Па за резил сме со вакво самоуништување. :kesa:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
295
Како што ДПБНЕ се занимава повеќе време со опозицијата отколку да го решава вистинското прашање а тоа е спорот со името не само назад туку во амбис заминуваме...повеќе од 2год ни трубат од ЕУ што да напраиме а одкога е Грујо на власт целосно е посветен да ја уништи опозицијата па макар било и кршење на устав и закон како што е случајот со брзото и експресно донесување на законите во собранието...знаам ќе ме демантираат пиночевци со тоа дека за време СДСМ се гласало без опозиција закони во парламент ама секогаш имало дебата и се водело према деловникот и ни случајно не се донесувале законите експресно како во случајот пред некој ден 55закони за 1 недела. :uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom