Правилата се создадени...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
а) За да се следат и почитуваат

б) За да бидат прекршени и заобиколени

Значи која од овие две опции повеќе одговара на вашиот карактер?

Дали сте човек кој претежно ги следи правилата или пак најчесто ги заобиколувате и терате по свое?

Дали оправдувате прекшување на правилата и во кои ситуации?
 
Обожавам да кршам правила. Иако понекогаш немам никаква корист од тоа, јанѕа ме јајт да прекршам и така...
 
Rules are made to be broken :music3: (како шо би рекле Суперхикс:) )
 
Правилата се создадени за да ги кршат само тие што ги создале.
 
Rules are made to be broken :music3: (како шо би рекле Суперхикс:) )

Токму така.Одлична песна.И добро велат.За тоа се направени.Досадно е ако се водиме само по правилата.Мора да се скршне малку настрана:)
 
Едно од правилата на животот:

Научи ги правилата. А потоа прекрши некои од нив.

:star:
 
Ако само ги почитуваш правилата и играш по нив, тешко дека ќе бидеш некој и нешто во животот, или дека ќе имаш некои големи успеси.

Се што е нормално, стандард, default, според мене, не го бива.

Ретко играм по правилата на животот.
 
паааа следам некои правила, ама некои и кршам
 
Правилата се создадени да бидат почитувани!!!

Убеден сум во ова, воопшто не се двоумам и се обидувам максимално да го почитувам.

Мразам места без правила, мразам хаотични работи без правила и без ред, ме нервираат луѓе кои по секоја цена сакаат да си срушат правилата, а такви ги има многу.
 
Правилата се создадени за да се движиме по нив, а нивното кршење е она спротивното од вистинското.
Не дека сите правила треба безрезервно да ги почитуваме, но нивната намена е токму да ни го покажат патот.
Хаос би настанал ако никој не ги почитува и секој живее свој начин, така не функционира еден свет.
Јас се трудам да ги почитувам.
 
Правилата се создадени да бидат почитувани!!!

Убеден сум во ова, воопшто не се двоумам и се обидувам максимално да го почитувам.

Мразам места без правила, мразам хаотични работи без правила и без ред, ме нервираат луѓе кои по секоја цена сакаат да си срушат правилата, а такви ги има многу.
Toчно така.
Ставете се вие во положба да некогаш треба да поставите правило. Пример: Професор сте на факултет/средно/основно. Држите предавање и почнат да ѕвонат мобилни телефони а студентите/учениците си прават муабет. Со кршењето на тие правила(во овој случај да не се попречува наставата) автоматски се добива слика дека студентите се некултурни штом ги прекршиле.
Има некоја цел зошто се поставени правилата и треба да се водиме според нив.
 
земете го за пример форумов :) кој не ги почитува правилата на форумов не опостојува подолго од еден ден на него. значи сепак правилата се за почитување ама не секогаш зашo нели за секое правило има исклучок :)
 
Одличен пример:)
Така е, кој не ги почитува правилата се казнува.
 
За да се кршаатттт:olee:
обожавам да кршам правила
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom