Правилата се создадени...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Во некои ситуации едното а во некои другото зависи од низа на настани во ткот на денот
понекогаш правам нешто и потоа ...:nesum:
понекогаш јас јадам бурек за тоа :nenene:
понекогаш другите .....:star:
понекогаш се кријам за да не ме фатат :kesa:

али тоа е тоа понекогаш правилата мора да се почитуваат ако не е така тогаш ајде да возиме по лева страна :vozbud::vozbud::vozbud: тешко тешко
 
...за да се почитуваат.

Речиси секогаш постапувам во согласност со правилата.
Има понекогаш исклучоци,но секогаш гледам да нема сериозни последици со моето кршење правила.

Не сакам да скршнувам од веќе зададените правила,освен кога морам.:)
 
Правилата се создадени за да се кршат. Може досега не сум се соочила со некои посериозни правила, па затоа сум ги кршела (школските најмногу).
 
...за да се почитуваат.

Речиси секогаш постапувам во согласност со правилата.
Има понекогаш исклучоци,но секогаш гледам да нема сериозни последици со моето кршење правила.

Не сакам да скршнувам од веќе зададените правила,освен кога морам.:)

По кој правила? Кој ги создал тие правила? Какви правила како исклучок си прекршила?
Мислиш на се општо или има некакво разграничување помеѓу тие правила?
Може барем некој да даде пример за својот став,за да може да разговараме:smir:
 
Не сум робот кој живее според некои правила...
Ги почитувам позитивните правила и прописи според Уставот на РМ, a во приватниот живот си живеам по мои правила, ненаметнати и ослободени од некакви влијанија:)
 
Правилата што ми се чинат праведни ги почитувам, но постојат и апсурдни правила без никаква цел, кога се косат со моите ставови тогаш ги прекршувам.
Повеќето се обидувам да ги почитувам за да си немам проблеми со другите а и со самата себе.
 
По кој правила? Кој ги создал тие правила? Какви правила како исклучок си прекршила?
Мислиш на се општо или има некакво разграничување помеѓу тие правила?
Може барем некој да даде пример за својот став,за да може да разговараме:smir:

Општо зборам,за било какви поставени правила,секогаш се трудам максимално да ги почитувам.
За прекршување зборам на пример на некои училишни правила (да избегам од час и сл).

Во принцип секогаш се водам и постапувам согласно со правилата.
 
Но кој ги создал тие правила? Општеството? :toe: нешто што сега е правилно не било пред 20 години или нешто што сега е правилно нема да биде по 20 години? Почитување да но до одредена мерка,правило не е бегање од час овде мислам дека се работи за правилата на самиот живот...
 
Правилата што ми се чинат праведни ги почитувам, но постојат и апсурдни правила без никаква цел, кога се косат со моите ставови тогаш ги прекршувам.
Повеќето се обидувам да ги почитувам за да си немам проблеми со другите а и со самата себе.
Да не се мачам да пишувам.:smir:
 
Но кој ги создал тие правила? Општеството? :toe: нешто што сега е правилно не било пред 20 години или нешто што сега е правилно нема да биде по 20 години? Почитување да но до одредена мерка,правило не е бегање од час овде мислам дека се работи за правилата на самиот живот...

Епа кога ќе видиш се е наметнато од општеството,и како и да е,јас го почитувам тоа.

А иначе темава се работи за секакви правила,кога ја правев темава не мислев на конкретни правила на самиот живот,затоа што тие сепак сам си ги поставуваш.
 
Да но правилата се наметнати од некој без разлика дали сакаш или не...но ти треба да одредиш кои ќе ги почитуваш а кои не...доколку сите ги почитуваш како што кажаа погоре стануваш роб на општеството :toe:
 
Па јас не реков дека СИТЕ ги почитувам.Поголемиот дел од нив,да.
Знам да скршнам,да прекршам правило - но,не секогаш и не толку често.

Гледам да се однесувам според правилата,без разлика дали тие биле наметнати или не.
 
Општо зборам,за било какви поставени правила,секогаш се трудам максимално да ги почитувам.
За прекршување зборам на пример на некои училишни правила (да избегам од час и сл).

Во принцип секогаш се водам и постапувам согласно со правилата.

Секоја чест Крејзи,тогаш било кој може да ти го управува животот :)Ако денес се раководиш строго по општествените правила,утре во сопствениот дом мажот може да ти стави правила,традиционални. Можеби и свекрвата ќе има свои правила кој треба да ги почитува снаата.На работа очекувај правила и од колегите,не само од шефот.Ако тргнам вака со општо набројување на било какви поставени правила,ќе се постави прашање за постоењето на личноста.
 
Да но правилата се наметнати од некој без разлика дали сакаш или не...но ти треба да одредиш кои ќе ги почитуваш а кои не...доколку сите ги почитуваш како што кажаа погоре стануваш роб на општеството :toe:

Баш ова сакав да го напишам. Некои правила почитувам, а некои ги кршам и притоа пазам да не има последици по мене и по останатите. Некои ми се вонвременски и мислам дека без постоење на истите не би имало ред во општеството, а некои одамна ми го пробиле времето и како такви воопшто не се соодветни на сегашните услови и одат дотаму што може да те попречат во одреден момент.
 
Секоја чест Крејзи,тогаш било кој може да ти го управува животот :)Ако денес се раководиш строго по општествените правила,утре во сопствениот дом мажот може да ти стави правила,традиционални. Можеби и свекрвата ќе има свои правила кој треба да ги почитува снаата.На работа очекувај правила и од колегите,не само од шефот.Ако тргнам вака со општо набројување на било какви поставени правила,ќе се постави прашање за постоењето на личноста.

Добро,значи може јас да почитувам некое правило,но истото и да го прекршам доколку во моментот ми одговара тоа.

Зборам бар засега,тоа што е правило гледам да го следам и почитувам.А кога ќе работам,ќе биде малце поинаку,затоа што за да постигнам успех,бар таков на кој јас целам,ќе ми биде тешко со обично следење на правила,така што ќе морам и да ги прекршувам.

Во овој период од животот - играм според правилата.
Но,не секогаш,не во сите ситуации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom