Правилата се создадени...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
imam problem so avtoritetite, ama ne do tolku,

zavisi, ako prepoznaam intelektualna nepravda-vrakam i struchno gi zaobikoluvam pravilata, ama ne gi krsham pravam da izgleda toa prifatlivo, a da gi napraam majmuni na kraj takvite
 
а) За да се следат и почитуваат

б) За да бидат прекршени и заобиколени

Значи која од овие две опции повеќе одговара на вашиот карактер?

Дали сте човек кој претежно ги следи правилата или пак најчесто ги заобиколувате и терате по свое?

Дали оправдувате прекшување на правилата и во кои ситуации?

Под б..:pipi: Што да правам, храна ми е понекогаш да терам по свое кршејќи правила:je::smir: Јбг !
 
Правилата се создадени да бидат почитувани!!!

Убеден сум во ова, воопшто не се двоумам и се обидувам максимално да го почитувам.

Мразам места без правила, мразам хаотични работи без правила и без ред, ме нервираат луѓе кои по секоја цена сакаат да си срушат правилата, а такви ги има многу.
Zivees vo takva drzava
 
Секако дека правилата се создадени за да бидат почитувани. И многу ме нервира некоја сељачана кога ги прекршува поставените правила и вели: Ништо не ми можат. Не им можат пошто живеат во такво општество, ама ајде оптимист сум дај Боже да се промени и тоа.
 
Правило=прав начин,исправно и сл.(барем јас тоа така го разбирам),или пак можи да биди наметнат став од некој со поголема моќ.
Е сеа по која основа треба да значи дека правилото е правилно?Еве јас сметам дека не е,и си терам по мое!Тоа не значи дека го прекршувам правилото,туку си терам по моето правило,за кое што јас мислам дека е правилно:)

Кизнај што напишав:nesum:
 
има правила кои мора да ги почитуваме,но ако сите би го правеле тоа,светот би бил многу досаден...или совршен???
 
Едно од правилата на животот:

Научи ги правилата. А потоа прекрши некои од нив.

:star:
Нема слава, нема величина ако нема ни спремност да се прекршат правилата. Мислам, само погледни наназад. Тоа што за Американците се The founding fathers - луѓето кои им ја основале нацијата, кои се побуниле против Британската власт, за Британската Империја биле само бунтовници, бандити, непочитувачи на законот (outlaws). За Јужна Африка Мандела беше криминалец, со години го чуваа во затвор.
Поентата е дека има нешто поважно од правилото, а тоа е правдата, праведноста. И нема подоблесно, поблагородно нешто од тоа да се бориш за правда.
Затоа... правилата не се за да се прекршуваат, туку за да се оспоруваат и да се заменуваат со подобри и поправедни.:star:
 
Јас онака од инает сакам да кршам правила поготово кога другарка ми ми вика дека правилата се поставени за да се почитуваат...повише од инает не дека сакам
 
Се да се почитуваат но во дадени моменти и да се кршат...замислете каков би ви бил здодевен животот доколку не скршите ниедно правило :toe: така да зависи од ситуацијата...некаде околу 70% да се почитуваат другите 30% да се кршат :vozbud:
 
а) За да се следат и почитуваат

б) За да бидат прекршени и заобиколени

Значи која од овие две опции повеќе одговара на вашиот карактер?

Ниту една од горе посочените.
Јас велам дека треба да се модифицираат, да се пронајде малиот премин каде што, задоволството на кршењето на правилото ќе биде присутно и секако, совеста чиста.
Знам, знам, дека многу барам, но ако човек се потруди ќе успее и кралот да го убеди дека е коњ.
Се што е невозможно, сеуште никој не го направил.:smir:

Дали сте човек кој претежно ги следи правилата или пак најчесто ги заобиколувате и терате по свое?

Следам правила, иако се декларирам како тврдокорен неконформист, ги следам правилата, затоа што ми се допаѓаат.
Ми влеваат сигурност на некој чуден начин, ме штитат од одредени девијантни појави во ова наше современо општество.
Секако, знам да заобиколам некое правило ако е навистина неопходно и со тоа докажувам поента, но во принцип, сакам да се држам до правилата на играта за да можам чесно да победам.
Ако воопшто се победува така.

Дали оправдувате прекшување на правилата и во кои ситуации?

Субјективно е.
Но оправдувам голем број на работи, додека за тоа има добра причина.
 
Правилата се за кршење ама работата да се знае кои и кога да ги скршиш.
 
се создадени зашто некој си победувал во играта на животот...дошол некој попаметен и го поразил непоразениот...и овој немал каде па си измислил правила за сеуште да го држат на врвот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom