Има голема разлика во тоа кој како ги толкува Уставот и законите во Македонија.
Претседателот на државата има право да избере дали ќе потпише указ на некој закон или не, но НЕ СМЕЕ оваа уставна одредба да биде злоупотребена за лични пазарења уцени и омаловажувања на Собранието од страна на Претседателот Црвенковски.
Со ова се прекршени основните демократски начела, свесно се потценети добиените гласови и довербата на огромниот број на граѓани на парламентарните избори.
Црвенковски продуцира вештачка криза во државата, општ хаос, каде се нанесува само штета на угледот на Македонија.