Олимпијада 2008: Општи дискусии околу организацијата, дневни случувања и тн.

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Некој да ја знае на Хрватската телевизијата ХРТ веб страната?
 
А денес ја добивме и првата жртва. Еден американец убиен од страна на кинез, кој подоцна се самоубил. На сите вести говорат. Добар старт на Олимпијадата :vozbud::vozbud:
 
Што зборуваш бе?Аман, зарем и ќе се тепаат?Олимпијци или навивачи биле тие Американецот и Кинезот?
 
едно прашање кое мислам дека сите би ги заинтересирало. Дали некој знае линк од каде може да се downloadira видео КОМПЛЕТНО од церемонијата на отварањето, мислам дека е убаво да се има во колекција како парче уметност, ова е како да имаш компилација од сите филмови на Yimou Zhang(за тие шо не се запознаени тоа е режисерот што ја режира целата манифестација на отварањето на ОИ и воено и режисерот на „Херој“, „Куќата на летечките ками“) и мислам најдоброто од него за да можиш да го смислиш сето ова треба малце и да си забеган(во позитивна смисла). Јас не ја гледав цела церемонија ама видов некои делови и многу МНОГУ сакам да ја најдам целата церемонија како видео фаил, по можност со не многу лош квалитет, значи ако некој случајно налета или намерно го бара ова и го најде ПЛСССССС известете ме tnx


http://fliiby.com/file/59023/ligftfhfwq.html
тука имаш и да ја гледаш и download

http://www.torrentreactor.net/torrents/2006356/The-Olympic-Games-2008-Opening-Ceremony-Full-Show
еве секаков начин на симнување:)

http://www.fulldls.com/torrent-tv-1209320.html

http://www.mininova.org/tor/1676926
 
Грузијците се повлекуваат од Пекинг. Повеќе.
Многу паметен потег, само незнам зошто не се повлечат и нашиве во однос со спорот со името со Грција, па така цел свет да разбере повеќе за нас.
 
840 милиони Кинези го гледале отворањето на Олимписките Игри

На вчерашната прес-конференција оддржана од ИОК, беа изнесени резултати од страна на комитетите од земјите учеснички на светот и беше расправано околу бројката на луѓето кои го гледаа отворањето.
Низ целата мешаница од бројки и статистики, се издвојуваше бројката на гледачи во Кина, која изнесуваше 840 милиони. Отворањето во Кина беше емитувано на 4 канали од страна на кинеските ТВ компании и во просек било гледано од 49 милиони кинези по провинција.
Запрепастувачка бројка, нели?:)
 
840 милиони Кинези го гледале отворањето на Олимписките Игри

На вчерашната прес-конференција оддржана од ИОК, беа изнесени резултати од страна на комитетите од земјите учеснички на светот и беше расправано околу бројката на луѓето кои го гледаа отворањето.
Низ целата мешаница од бројки и статистики, се издвојуваше бројката на гледачи во Кина, која изнесуваше 840 милиони. Отворањето во Кина беше емитувано на 4 канали од страна на кинеските ТВ компании и во просек било гледано од 49 милиони кинези по населба.
Запрепастувачка бројка, нели?:)

Што?По населба?Која населба има толку многу луѓе?Да не мислеле по провинција?Ептен нереално ми изгледа ова:)
 
Да де, провинција:)
Сега ќе корегирам, фала на забелешката.
 
Кои се најмладите спортисти во Пекинг?

По контроверзите за тоа дали златните кинески гимнастичарки се над границата од 16 години, да погледнеме кои се и помлади од нив. Официјално нема лимит за возраста на спортистите на Олимпијадите, и спортските федерации за секој спорт го поставуваат минимумот. Кои се спортистите кои имаат под 17 години.

АНТОНЕТ ГУЕДИА МУАФО, КАМЕРУН, 12

Пливачката на 50 метри слободно Гуедиа, родена на 21.10.1995, е најмладата спортистка во Пекинг со 12 години и 10 месеци. Таа ретко плива во олимписки базени. Со прекар "шампионка", Гуедиа се уште тренира во 22-метарскиот хотелски базен каде што научи да плива.

ДВЕЈН ДИДОН, СЕЈШЕЛИ, 13

Дидон, најмладиот машки спортист во Пекинг е роден на 11.09.1994, и тој ќе плива на 50 метри слободно. Растејќи во источноафриканската островска земја, Дидон научи да плива на 9 години. Неговото семејство живее во селото Ла Мизер, или во превод мизерија.

ТОМ ДЕЈЛИ, В.БРИТАНИЈА, 14

Вториот најмлад олимпиец во британската историја, Дејли (21.05.1994) ја користи ОИ во Пекинг како подготовка за златото во скоковите во вода на домашните игри во Лондон во 2012. Тој е европски шампион на 10 метри платформа.

МЕРИ-БЕТ ДАНИЧЕЈ, САД, 15

Најмладата Американка на Игрите, Даничеј (25.02.1993) е 5 месеци помлада од нејзината партнерка во синхронизирани скокови, Хејли Ишимацу. Двете тренираат шест часа дневно, шест дена во неделата.

ЧЕН РУОЛИН, КИНА, 15

Олимписката шампионка во 10 метри синх. скокови во вода, Чен (12.12.1992) почна со скоковите на 4 години и дебитираше на интернационалните натпреварувања на Азиските игри на 13 години.

ХЕЈЛИ ИШИМАЦУ, САД, 15

Ишимацу (10.09.1992) се натпреварува на 10 метри синх. скокови и 10 метри скокови во вода. Таа започна како гимнастичар и во 2004 се преориентира на скоковите во вода и се пресели во Индијанаполис во американскиот центар за скокови.

МЕЛИСА ВУ, АВСТРАЛИЈА, 16

Ву (03.05.1992) има само 142 цм и тежи само 27 килограми. Таа се натпреварува во скокови во вода, а почна на 10-годишна возраст. Нејзиниот татко е со кинеско потекло.

ШОН ЏОНСОН, САД, 16

Гимнастичарката Шон Џонсон (19.01.1992) победи во повеќебој на Пан-Американските игри и на СП. Како единствено дете, нејзините родители ја заложија куќата за да ја поддржат кариерата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom