СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Не гледав ниедно од полуфиналињата, ама во финалето ќе навивам за Хрватска.
А финалето кој ден и во колку часот ќе се игра?
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Не гледав ниедно од полуфиналињата, ама во финалето ќе навивам за Хрватска.
А финалето кој ден и во колку часот ќе се игра?
Во недела,

Данска - Полска за трето место, 15:30

Хрватска - Франција финале, 17:00
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.911
Поени од реакции
1.320
Не гледав ниедно од полуфиналињата, ама во финалето ќе навивам за Хрватска.
А финалето кој ден и во колку часот ќе се игра?
Би требало да е на први од 3 и пол,дека тоа е и последниот ден,а за терминот дека е најпогоден.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Сакав Полјаците да играат финале, ама веќе кога е вака, Полска нека тепа за трето место, а Хрватска нека тепа за прво. Сепак Хрватите се покажаа како одлични домаќини, посебно спрема нас Македонците :)
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Сакав Полјаците да играат финале, ама веќе кога е вака, Полска нека тепа за трето место, а Хрватска нека тепа за прво. Сепак Хрватите се покажаа како одлични домаќини, посебно спрема нас Македонците :)
Многу ќе ми биде мило ако Полска ја прегази Данска, со 10 гола разлика. Колку само ги мразам само бендисаните Данци, фалење што тупија, вакви накви. Се извлекоа на среќа стигнаа до тука.
Да навиваме за трето место на Полска.:smir:
 

Lazarov

К.К Струмица
Член од
9 декември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
64
Ајде Хрватите бидејки се покажаа како добри домаќини, и добро ја пречекаа нашата репрезентација и навивачите, им посакувам да станат светски прваци. Едноставно заслужија.:)
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Ева сега кога заврши првенството за нас и кога ги пречекавме момците како херои, еве ја мојата анализа за играта на момците.

Борко- Солидно изигра, иако дечкото има големи психолошки падови. Кога ке се разбрани брани како луд ама кога пага на психа тогаш прима голови од секоја позиција. 31% одбрани имаше на првенството.

Диви-Според мене еден од тројцата наши клучни играчи на првенството, многу стабилен голман пред се, брани феноменално, голем мотиватор е на играчите, за разлика од Борко психички е постабилен и секако за крај публиката го обожава:)
Статистиката кажува дека има 36% одбрани односно подобар е од Борко.

Стевче Алушевски-Ветеранот топ го изигра првенството, барем додека да се повреди. Даде многу клучни голови и беше еден од попрецизните во нашиот тим со 68% реализација што е висок процент. Исто така стандардно добар во одбрана.

Гоце Макалоски-Според мене барем една класа послаб е од Стевче, но сепак солидно го изигра тоа што му беше дадено. Немаше страв да улета од мртов агол и со вртена топка да си поигрува со голманите.

Владимир Темелков-Според мене изненадувањето на првенството. Дечкото е со најголем број минути поминати на терен односно 8 саати и 14 минути. Контрите ги играше супер и без промашување додека за играта од крило малце може да му се замери според мене премногу форсира мртви топки и никогаш не се обидува да го измами голманот. Ужасно ме изнервира кога со Норвешка во клучниот напад за Македонија се испичка на некој начин и сам на 6 метри му додаде на Стевче иако имаше чиста шанса да намали на 1 гол разлика. Веројатно психолошкиот дел е разликата зашто игра во 2ра германска лига, а не во 1ва:) Добар процент на реализација 70%

Горан Ѓоргоновски-Според мене најдобриот играч на Македонија на првенствово во одбрана, грамада, незнам што ке направевме ако го немаше него...но сепак мана му е тоа што е крајно недисциплиниран и психички нестабилен играч. Премногу груби фаули прави и беше рекордер во исклучувања дури 9 пати. Едноставно незнае да фаулира нормално да го гушне само ракометарот туку пропатно доага и бокс некој:) Во нападот не го играа многу, не форсиравме таква игра тек на последната утакмица го играа повеќе и дечкото врати со 100% реализација. Најдобар процент на реализација има од целата наша репрезентација со 81%.

Ванчо Димовски-иако повреден се бореше како лав. 64% реализација

Мите Стоилов-Младо дете, ама некако некадарно:( иако имаше неколку добри голови се гледа дека дечкото има храброст ама сепак во денешниов ракомет едноставно би бил згазен. Слаб процент на реализација 35%. Во одбрана ме изненади дечкото изигра многу добро и на висина на задача.

Влатко Митков-Според мене најслабиот играч во репрезентацијата, очаен во нападот со само 25% реализација, а убедливо најлошиот играч во одбрана...секогаш доцни, грубо фаулира, премногу простор остава... втор по бројот на исклучувања иако само 1 саат и 40 минути има играно.

Филип Миркуловски-Утка голема на првенствово, премногу спор играч, млитави движења, глумење, пробивања, слаб шут...ништо не прикажа од тоа што го играше против Кил и Барселона кога беше еден од најдобрите. 23 технички грешки имаше највеќе во нашиот тим. Изгледа тремата си го сторила своето.

Филип Лазаров-Веројатно најомразениот играч на првенствово барем од нашиот тим. Статистички на исто ниво е како Миркуловски, но сепак некако највеќе разочара. Одличен одраз, добри пасови дава, ама таков очаен шут јас не сум видел. Мајка ми може посилно да шутне. 40% реализација што не е така лошо.

Велко Марковски-Столб во одбраната заедно со Ѓоргоновски, мала замерка само е дека и он е премногу груб во стартовите но сепак што е тука е. Во нападот очаен- 0% реализација немаше постигнато ниеден гол. Мора да ја подобри играта во напад. Висок е, добро граден, добар одраз му треба малку тренинг за нишанот и може да прерасне во добар лев бек.

Наумче Мојсовски-Човекот капа да му се симне за залагањето и за сите стартови што ги претрпе, имаше блескави моменти, мотор на екипата...но сепак премногу потрошени топки и технички грешки-21. Против високите и поспори одбрани се покажа добро, но со скандинавскиот стил на игра едноставно го здробија. Психички нестабилен со големи падови и недисциплина, дечкото се осмели на првата утакмица да му се дере на Стевче Алушевски. 56% реализација.

Кирил Лазаров- Што да се каже повеќе се е кажано. Човекот кој што ја донесе Македонија таму кај што е на светското. Рекордер во голови, рекордер во асистенции, мислам дека е тренер во нашиот тим. Имам приметено дека многу често Кире им ги кажува тактиките не тајм-аутите. Мала замерка имам за некогаш премногу избрзаните шутеви и за контрите но сепак тоа не се забележува покрај головите.

Илија Темелковски-еден од најслабите стратези што некогаш сум ги видел. Премногу пасивен, секогаш касни со битните одлуки, па добро човеков незнам дали се разбира од ракомет. Кога не му идеше на Борко он упорно не го вадеше и го оставаше да прима голови, фластерите секогаш ги ставаше на погрешен играч, премногу тврдоглав да ја смени 6-0 одбраната дури и кога имавме 2ца играчи повеќе. Според мене играчите сами си ја правеа тактиката, Темелковски целосно беше изгубен. Да имавме подобар стратег мислам дека можевме да се пласираме повисоко ама тоа е:)

Во принцип форсиравме пасивна игра со долги акции, можеби мораме малку да ја подобриме играта во полу контра, премногу споро ја движиме топката се ни зависи од Кире. Исто така премалку игра за крилата тоа е голем минус, исто така и за пикерите. Некогаш многу лошо ја градевме играта со многу вкрстувања ама на грешно место, вкрстуваа бековите со крилата и автоматски одбранбените играчи на противникот се собираа на едно место пред голот и лесно го блокираа Кире. Мораше почесто да се растегнува противничката одбрана за да влагаат Наумче и Миркуловски со нивните пробиви. Имавме 127 технички грешки што е премногу за разлика од полуфиналистиве кои што во просек имаат околу 80-90.

За сите тие изјави и оправдувања дека играчите биле изморени со коешто не се сложувам сепак се спортисти несмеат на таа карта да се вадат. Еве во прилог на тоа:
Кај нас Темелков помина најмногу на терен 8 саати и 15 минути, после него следува Кире со 7саати и 35 минути и Ѓоргоновски со 5 саати и 45 минути.
Другите сите се под 5 саати игра.

Данска, Германија, Србија и Кореја имаат по најмалку 4 играчи кои што на теренот поминале повеќе од 7 саати.

Знам некој ке рече ама они играат во силни првенства и слично, и со тоа не се слагам.

Нашиот кондиционен тренер сигурно знаел каква е состојбата со момците и кој колку може да изигра.

Доколку сме знаеле дека не да можеме да издржиме физички тогаш грешка е негова што не ги темпирал повеќе тренинзите за физичка подготвеност и кондиција. Сепак не сме паднати од Марс нели?

Се на се добри партии прикажавме на првенстово, се бореа со срце и гинеа на терен (со исклучок на дуелот со Србија). Имаме млади момци, искусниве може да одиграат уште 4-5 години, само со добра стратегија и план може да напредуваме и да се надеваме на пласнам мегу првите 5. Квалитет несомнено има само треба работа, работа и само работа.
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Да си кажам и јас што си мислам за целото светско првенство играта на нашите и ред други работи.

Не може а да не се замери на судењето на сите судии и мртвата реакција на делегатите без разлика дали се работеше за натпревар кој го игра Македонија или некој друг.По катастрофа судии неам видено, ретко некој испаѓаше како што треба.
Од тој аспект во неколку наврати бевме и тоа како оштетени но што е тука е и не може секогаш да се игра и против судии зашто ако наумиле да те дотепаат тоа и ќе го направат.

Нашите изиграа за респект, после 10 години неучество ти да изиграш на тоа ниво толку утакмици знаејќи кој каде игра е тоа е веќе нешто. Имаше и падови и подеми но се е дел од ракометната игра. Од играчите за сите имам и убави и грди зборови освен за Кире Лазаров за кој имам само пофални и брат му кој ќе го пцујам у секоја можна прилика. Најголемо промашување на првенството.
Многумина плукаат и по Миркуловски, чекајте малце не може да го замени достојно Наумче барем уште не, не е на тоа ниво како Мојсовски, ја нема потребната храброст за тие дуели и корпулентност.
Криво ми е што Димовски не можеше да го даде максимумот али тоа е повреда е и тоа посериозна не е нешто мачја кашлица.
Селекторот имам некој осет дека полудиригирана му беше клупата и составот ама се знае секој сака нивни луѓе да играат што е за срамота кога се работи за националниот дрес.
Мора да им се честита од се срце на ракометарите за прикажаното и одиграното.

Не можеле да се вадат на премореност? Ајде бееееееееее........
Да се вадат на неискуство не го прифаќам тоа зашто и други репрезентации имаа играчи многу малди по 20 и кусур години па видете како изиграа.(да не ги набројувам)
Тоа што се преморени, сватете дека доколку играш во јака лига каде имаш јаки натпревари па и згора на тоа играш у некој куп темпото на натпревари, кондицијата и самите тренинзи те диктираат и ти ја темпираат формата сакал ти или не па кога ќе видиме дека нашиве играат во Металург и Вардар и дека само со 4 добри натпревари во сезона се ќе ни стане јасно.
Тие подготовки се за да таа форма се дигне на уште некое повисоко ниво да кажеме за некој 20%.

Втора фаза нејќам да коментирам премногу има бидна што бидна нема назад. Селекторот иако мораше дадени утакмици да изигра со друга формација освен 6-0 и да извади фластер и не знам што правеле на тие тренинзи подготовки да не се извежбаат акции со играч повеќе, со два играчи повеќе, со играч помалце или пак со два. Да се истренира акција кога има фластер на Кире да се ослободи да може или да шутне или да проигра.

Се на се едно одлично светско првенство од кое многу научивме, за рекордот на Кире одма левата рака да му ја осигураат на повеќе од 5 милиона евра злато вреди:vozbud: алал да му е за тоа што го постигна како за Македонија така и за самиот себе.

Во финалето Хрватска-Франција очекувам неизвесна борба до самиот крај и Хрватска дека ќе земе финале, трето место Полска дефинитивно освен ако не паднале ептен на психа после поразот од Хрватска кој достоинствено го заслужија.
П.С. иако некој викаат дека Хрватска мора да победи демек домаќин и такви глупости а Франција имала подобра екипа само ќе им кажам ГРЕШИТЕ!!!
Хрватска има две комплетно уиграни постави со што во секој момент Червар може да ротира и да смени играч без да се одрази на играта. Балиќ ако некој не знаел лечи повреда и затоа не го гледаме во негово препознатливо светло затоашто проади таа повреда на грбот во знак прашање едно време беше доведена и неговата карирера.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Темелковски??? Па тој не е спортист, туку тренер.
Да не мислиш на Темелков???
Грешка моја во пишување мислев на Темелков..

Франција игра многу преки крила затоа што има многу јаки крила..забележувате Абало една не промаши колку е само брз..имаат јаки шутери како Карабатич и Нарцис тоа е одличен тим,но и Хрвативе се добар тим гледам Лино Червар ги форсира помладите на теренот Дувњак,Тончи Валчич и најдобриот нивни стрелец Чупич.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Велко Марковски-Столб во одбраната заедно со Ѓоргоновски, мала замерка само е дека и он е премногу груб во стартовите но сепак што е тука е. Во нападот очаен- 0% реализација немаше постигнато ниеден гол. Мора да ја подобри играта во напад. Висок е, добро граден, добар одраз му треба малку тренинг за нишанот и може да прерасне во добар лев бек.

Илија Темелковски-еден од најслабите стратези што некогаш сум ги видел. Премногу пасивен, секогаш касни со битните одлуки, па добро човеков незнам дали се разбира од ракомет. Кога не му идеше на Борко он упорно не го вадеше и го оставаше да прима голови, фластерите секогаш ги ставаше на погрешен играч, премногу тврдоглав да ја смени 6-0 одбраната дури и кога имавме 2ца играчи повеќе. Според мене играчите сами си ја правеа тактиката, Темелковски целосно беше изгубен. Да имавме подобар стратег мислам дека можевме да се пласираме повисоко ама тоа е:)
1. Велко Маркоски само една шанса во напад. Тогаш ФЛ дрвото беше очаен, Стоилов беше нешто повреден, и затоа Велко доби шанса. Тогаш шутна еднаш и мислам дека голманот му ја одбрани.
Друго шо памтам од него е дека промаши контра.
Така да не можиш да му замериш шо има 0% реализација. Од толку малку шанси...

2. Кога игравме ние фластер во одбрана? :nesvest:


Со се останато се сложвам, само со овие мали две работи. :wink:
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
1. Велко Маркоски само една шанса во напад. Тогаш ФЛ дрвото беше очаен, Стоилов беше нешто повреден, и затоа Велко доби шанса. Тогаш шутна еднаш и мислам дека голманот му ја одбрани.
Друго шо памтам од него е дека промаши контра.
Така да не можиш да му замериш шо има 0% реализација. Од толку малку шанси...

2. Кога игравме ние фластер во одбрана? :nesvest:


Со се останато се сложвам, само со овие мали две работи. :wink:
Никогаш не игравме фластер, а требаше, посебно кога беше најпотребно. Кога противникот имаше исклучени играчи, тогаш беше вистинскиот момент за фластер, но нашето дрво, селекторот си го чешаше носот или проќелавата глава:tapp:.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Никогаш не игравме фластер, а требаше, посебно кога беше најпотребно. Кога противникот имаше исклучени играчи, тогаш беше вистинскиот момент за фластер, но нашето дрво, селекторот си го чешаше носот или проќелавата глава:tapp:.
Игравме фластер во 1 рунда на натпреварување а покажа многу јаки резултати за разлика од 2 рунда кога ниту еднаш не игравме па имаше случаи да примаме голови кога противникот имаше играч помалку.:tapp:
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Игравме фластер во 1 рунда на натпреварување а покажа многу јаки резултати за разлика од 2 рунда кога ниту еднаш не игравме па имаше случаи да примаме голови кога противникот имаше играч помалку.:tapp:
Игравме да, но тоа е малку од тоа што требаше да се изигра со фластер:nenene:.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Игравме да, но тоа е малку од тоа што требаше да се изигра со фластер:nenene:.
Кога највеќе ни требаше тогаш не игравме а тренерот рече не биле доволно физички подготвени за фластер или пресинг.:nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom