Ева сега кога заврши првенството за нас и кога ги пречекавме момците како херои, еве ја мојата анализа за играта на момците.
Борко- Солидно изигра, иако дечкото има големи психолошки падови. Кога ке се разбрани брани како луд ама кога пага на психа тогаш прима голови од секоја позиција. 31% одбрани имаше на првенството.
Диви-Според мене еден од тројцата наши клучни играчи на првенството, многу стабилен голман пред се, брани феноменално, голем мотиватор е на играчите, за разлика од Борко психички е постабилен и секако за крај публиката го обожава
Статистиката кажува дека има 36% одбрани односно подобар е од Борко.
Стевче Алушевски-Ветеранот топ го изигра првенството, барем додека да се повреди. Даде многу клучни голови и беше еден од попрецизните во нашиот тим со 68% реализација што е висок процент. Исто така стандардно добар во одбрана.
Гоце Макалоски-Според мене барем една класа послаб е од Стевче, но сепак солидно го изигра тоа што му беше дадено. Немаше страв да улета од мртов агол и со вртена топка да си поигрува со голманите.
Владимир Темелков-Според мене изненадувањето на првенството. Дечкото е со најголем број минути поминати на терен односно 8 саати и 14 минути. Контрите ги играше супер и без промашување додека за играта од крило малце може да му се замери според мене премногу форсира мртви топки и никогаш не се обидува да го измами голманот. Ужасно ме изнервира кога со Норвешка во клучниот напад за Македонија се испичка на некој начин и сам на 6 метри му додаде на Стевче иако имаше чиста шанса да намали на 1 гол разлика. Веројатно психолошкиот дел е разликата зашто игра во 2ра германска лига, а не во 1ва
Добар процент на реализација 70%
Горан Ѓоргоновски-Според мене најдобриот играч на Македонија на првенствово во одбрана, грамада, незнам што ке направевме ако го немаше него...но сепак мана му е тоа што е крајно недисциплиниран и психички нестабилен играч. Премногу груби фаули прави и беше рекордер во исклучувања дури 9 пати. Едноставно незнае да фаулира нормално да го гушне само ракометарот туку пропатно доага и бокс некој
Во нападот не го играа многу, не форсиравме таква игра тек на последната утакмица го играа повеќе и дечкото врати со 100% реализација. Најдобар процент на реализација има од целата наша репрезентација со 81%.
Ванчо Димовски-иако повреден се бореше како лав. 64% реализација
Мите Стоилов-Младо дете, ама некако некадарно
иако имаше неколку добри голови се гледа дека дечкото има храброст ама сепак во денешниов ракомет едноставно би бил згазен. Слаб процент на реализација 35%. Во одбрана ме изненади дечкото изигра многу добро и на висина на задача.
Влатко Митков-Според мене најслабиот играч во репрезентацијата, очаен во нападот со само 25% реализација, а убедливо најлошиот играч во одбрана...секогаш доцни, грубо фаулира, премногу простор остава... втор по бројот на исклучувања иако само 1 саат и 40 минути има играно.
Филип Миркуловски-Утка голема на првенствово, премногу спор играч, млитави движења, глумење, пробивања, слаб шут...ништо не прикажа од тоа што го играше против Кил и Барселона кога беше еден од најдобрите. 23 технички грешки имаше највеќе во нашиот тим. Изгледа тремата си го сторила своето.
Филип Лазаров-Веројатно најомразениот играч на првенствово барем од нашиот тим. Статистички на исто ниво е како Миркуловски, но сепак некако највеќе разочара. Одличен одраз, добри пасови дава, ама таков очаен шут јас не сум видел. Мајка ми може посилно да шутне. 40% реализација што не е така лошо.
Велко Марковски-Столб во одбраната заедно со Ѓоргоновски, мала замерка само е дека и он е премногу груб во стартовите но сепак што е тука е. Во нападот очаен- 0% реализација немаше постигнато ниеден гол. Мора да ја подобри играта во напад. Висок е, добро граден, добар одраз му треба малку тренинг за нишанот и може да прерасне во добар лев бек.
Наумче Мојсовски-Човекот капа да му се симне за залагањето и за сите стартови што ги претрпе, имаше блескави моменти, мотор на екипата...но сепак премногу потрошени топки и технички грешки-21. Против високите и поспори одбрани се покажа добро, но со скандинавскиот стил на игра едноставно го здробија. Психички нестабилен со големи падови и недисциплина, дечкото се осмели на првата утакмица да му се дере на Стевче Алушевски. 56% реализација.
Кирил Лазаров- Што да се каже повеќе се е кажано. Човекот кој што ја донесе Македонија таму кај што е на светското. Рекордер во голови, рекордер во асистенции, мислам дека е тренер во нашиот тим. Имам приметено дека многу често Кире им ги кажува тактиките не тајм-аутите. Мала замерка имам за некогаш премногу избрзаните шутеви и за контрите но сепак тоа не се забележува покрај головите.
Илија Темелковски-еден од најслабите стратези што некогаш сум ги видел. Премногу пасивен, секогаш касни со битните одлуки, па добро човеков незнам дали се разбира од ракомет. Кога не му идеше на Борко он упорно не го вадеше и го оставаше да прима голови, фластерите секогаш ги ставаше на погрешен играч, премногу тврдоглав да ја смени 6-0 одбраната дури и кога имавме 2ца играчи повеќе. Според мене играчите сами си ја правеа тактиката, Темелковски целосно беше изгубен. Да имавме подобар стратег мислам дека можевме да се пласираме повисоко ама тоа е
Во принцип форсиравме пасивна игра со долги акции, можеби мораме малку да ја подобриме играта во полу контра, премногу споро ја движиме топката се ни зависи од Кире. Исто така премалку игра за крилата тоа е голем минус, исто така и за пикерите. Некогаш многу лошо ја градевме играта со многу вкрстувања ама на грешно место, вкрстуваа бековите со крилата и автоматски одбранбените играчи на противникот се собираа на едно место пред голот и лесно го блокираа Кире. Мораше почесто да се растегнува противничката одбрана за да влагаат Наумче и Миркуловски со нивните пробиви. Имавме 127 технички грешки што е премногу за разлика од полуфиналистиве кои што во просек имаат околу 80-90.
За сите тие изјави и оправдувања дека играчите биле изморени со коешто не се сложувам сепак се спортисти несмеат на таа карта да се вадат. Еве во прилог на тоа:
Кај нас Темелков помина најмногу на терен 8 саати и 15 минути, после него следува Кире со 7саати и 35 минути и Ѓоргоновски со 5 саати и 45 минути.
Другите сите се под 5 саати игра.
Данска, Германија, Србија и Кореја имаат по
најмалку 4 играчи кои што на теренот поминале повеќе од 7 саати.
Знам некој ке рече ама они играат во силни првенства и слично, и со тоа не се слагам.
Нашиот кондиционен тренер сигурно знаел каква е состојбата со момците и кој колку може да изигра.
Доколку сме знаеле дека не да можеме да издржиме физички тогаш грешка е негова што не ги темпирал повеќе тренинзите за физичка подготвеност и кондиција. Сепак не сме паднати од Марс нели?
Се на се добри партии прикажавме на првенстово, се бореа со срце и гинеа на терен (со исклучок на дуелот со Србија). Имаме млади момци, искусниве може да одиграат уште 4-5 години, само со добра стратегија и план може да напредуваме и да се надеваме на пласнам мегу првите 5. Квалитет несомнено има само треба работа, работа и само работа.