СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ауф одлична игра на Хрватска, заслужено во финале се и тоа 5ти пат во последни 9 години.
(ние сакаме финале а 10 години немаме учествувано на првенствава :) има време ќе се докажеме и ние)

Јас сум за хрвативе и тоа затоа што кога играше Македонија имаше многу хрвати кои со нивните црвено-бели коцкички навиваа за Македонија заедно со илјадниците црвено-жолти навивачи.



Напред хрвати освојте го златото :smir:
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
129
Поени од реакции
1
Bravo za Hrvatska, si go koristat posteno domasniot teren... navivacite ne me impresioniraat mnogu osven sto pravat golema bucava
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
15.000 публика во Хрватска = 500 наша публика
Јас гарантирам дека нашата публика е сто пати подобра од оваа која ја имаат Хрватите, сите се фасцинирани од тоа како ние навиваме, како секогаш гордо им отпоздравуваме на ракометарите, без разлика дали тие победиле или изгубиле. Ако Хрватска изгуби на некој натпревар па публиката ќе ги изгази. И иако имаат квалитетен тим, сепак нивниот квалитет не е како порано, кога имаа инзвореден голман, сега не ми текнува на името и кога Ивано Балиќ беше во подобра форма. Полска и Франција, а можеби и некои други репрезентации имаат подобар квалитет од Хрватска, ама сепак не играат дома. Финалето ќе биде изедначено, ама мене ми е сеедно кој ќе победи, а ја нема Македонија, јас не навивам за никој :)
Ваљда на Владо Шола мислиш :)
Дискутабилно е тоа дали имале подобар тим тогаш, страшни се и сега, костурот на екипата е ист, бековската линија Лацковиќ-Балиќ-Метличиќ игра подолго време заедно и се одлично воиграни, Вори е многу напреднат, искрено ме изненадува, многу е развиен како ракометар.
Единствено им го нема Џомба, ама овој Чупиќ се докажува како одлична замена. И Алиловиќ е добар голман, видовме сега нели, имаат и неколку млaди ракометари кои ќе ја носат репрезентацијата на грб барем наредните 10 години, одлично им е развиeна ракометната школа на Хрватите, за почит е.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
И јас сум за Хрватска! Хрватска има максимален ефект сите победи досега ниеден пораз. Не е фер да не го освои првенството
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
И јас сум за Хрватска! Хрватска има максимален ефект сите победи досега ниеден пораз. Не е фер да не го освои првенството
И Лазаров е најдобар стрелец, не е фер што не освои злато :)
Нема тука фер-нефер, кој во недела ќе изигра подобро тој е првак :)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
И јас сум за Хрватска зашо мн не поштуваат нас македонците ама едно е вистина Франција е класа боље од сите !! Се надевам дека ќе победи хрватска само да се оневозможи Карабатич тоа е лекот!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
И јас сум за Хрватска зашо мн не поштуваат нас македонците ама едно е вистина Франција е класа боље од сите !! Се надевам дека ќе победи хрватска само да се оневозможи Карабатич тоа е лекот!
Ете, се сложувам со тебе.
Многу ме изненадија Хрвативе, не очекував таква гостопримливост од нив, поради случувањата со фудбалската репрезентација мислев дека тие се некои дивјаци, ама сега кога бев таму, кога видов колку се пријатно расположени и љубезни спрема нас македонците, го сменив мислењето за 180 степени.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Стварно многу не почитуваат повеќето Хрвати. Ете сега пред малце прочитав еден коментар од хрват на јутјуб на едно видео од ракометарите: "Makedonci su ljudi i po!" :pos2:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Темелковски денеска му беше доделена награда од градоначалникот на градот за најдобар спортист од Велес.

п.с Јако ќе биде финалето ќе гори.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Темелковски денеска му беше доделена награда од градоначалникот на градот за најдобар спортист од Велес.

п.с Јако ќе биде финалето ќе гори.
Темелковски??? Па тој не е спортист, туку тренер.
Да не мислиш на Темелков???
 
K

kaiser soze

Гостин
Ваљда на Владо Шола мислиш :)
Дискутабилно е тоа дали имале подобар тим тогаш, страшни се и сега, костурот на екипата е ист, бековската линија Лацковиќ-Балиќ-Метличиќ игра подолго време заедно и се одлично воиграни, Вори е многу напреднат, искрено ме изненадува, многу е развиен како ракометар.
Единствено им го нема Џомба, ама овој Чупиќ се докажува како одлична замена. И Алиловиќ е добар голман, видовме сега нели, имаат и неколку млaди ракометари кои ќе ја носат репрезентацијата на грб барем наредните 10 години, одлично им е развиeна ракометната школа на Хрватите, за почит е.
За Владо Шола е неспорно дека беше најдобриот хрватски голман,но Хрватска и во моментов има одлична голманска двојка во името на Алиловиќ и Лосерт,кои бранат во извонредна форма на првенството.Што се однесува до бековската линија,истата што ја спомна едвај ли ќе е најмногу искористена комплетно на турнирот.Червар форсира друга тројка со исклучок на Метличиќ,која милува да ја игра со оглед на тоа дека Балиќ влезе како рековалесцент на првенствово,неговиот пулен од Загреб,Дувњак најчесто игра на средната бековска позиција и е одличен,а можеби е и идната звезда на Хрватската репрезентација.Исто и Тончи Валчиќ добива голема минутажа,а и ја оправдува истата со одличните игри.Чупиќ уште кога го гледав како игра за Горење ми стана јасно дека му го зема местото на Џомба на таа позиција.А и Червар повеќе сака во Загреб да игра со Хорват на крило,па Џомба остана само во списокот на резервите.
Што се однесува за Вори,дефинитивно е меѓу најдобрите играчи на турнирот,иако некој спомена дека можеби е преискористен и во напад и одбрана,бидејќи Червар не вклучи друг пивот во списокот.Неговиот просек е некаде околу 48 одиграни минути по натпревар,што не и малку,но Вори е неверојатно физички подготвен и ги издржува тие напори.Се на се еден многу компактен и воигран состав,кој на овоа првенство го достигнува својот зенит.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Ваљда на Владо Шола мислиш :)
Дискутабилно е тоа дали имале подобар тим тогаш, страшни се и сега, костурот на екипата е ист, бековската линија Лацковиќ-Балиќ-Метличиќ игра подолго време заедно и се одлично воиграни, Вори е многу напреднат, искрено ме изненадува, многу е развиен како ракометар.
Единствено им го нема Џомба, ама овој Чупиќ се докажува како одлична замена. И Алиловиќ е добар голман, видовме сега нели, имаат и неколку млaди ракометари кои ќе ја носат репрезентацијата на грб барем наредните 10 години, одлично им е развиeна ракометната школа на Хрватите, за почит е.
Пред се Дувњак и Чупиќ. :)
Дувњак е страшно добар. А има само 20 години. Замисли како ќе биди ко ќе има 25-26.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Спрема мене Хрватска ќе освои најјако игра плус се домаќини.Франција се олимписки прваци па затоа...:helou:
 
K

kaiser soze

Гостин
Пред се Дувњак и Чупиќ. :)
Дувњак е страшно добар. А има само 20 години. Замисли како ќе биди ко ќе има 25-26.
Посебно ако се знае дека тренер му е Червар и во репрезентацијата и во тимот,сигурно ќе се развие како перфектен играч.Страшен тренер е Червар нема што,знае да открие таленти и да работи со нив.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
15.000 публика во Хрватска = 500 наша публика
Јас гарантирам дека нашата публика е сто пати подобра од оваа која ја имаат Хрватите, сите се фасцинирани од тоа како ние навиваме, како секогаш гордо им отпоздравуваме на ракометарите, без разлика дали тие победиле или изгубиле. Ако Хрватска изгуби на некој натпревар па публиката ќе ги изгази. И иако имаат квалитетен тим, сепак нивниот квалитет не е како порано, кога имаа инзвореден голман, сега не ми текнува на името и кога Ивано Балиќ беше во подобра форма. Полска и Франција, а можеби и некои други репрезентации имаат подобар квалитет од Хрватска, ама сепак не играат дома. Финалето ќе биде изедначено, ама мене ми е сеедно кој ќе победи, а ја нема Македонија, јас не навивам за никој :)
За публиката е океј, тие гледам користат разни реквизити, сирени итн. Не ми се допаѓа многу нивното навивање, само тропање со глупости. Кај нас се знае песна цело време, пеење. Не нив ги слушам ако спикерот не му запее нив не му текнува :) За нашите навивачи нема рамни на цел свет. И велев дека многу голем притисок е врз гостите, психички ги отепуваат. Но сакам да кажам, барем мое мислење дека Хрватска моментално го има најдобриот состав. Тоа за голманите нема некоја разлика од поранешниот нивни голман, Шола. Сега го имаат Лосерт, на кој тешко му се даваат голови, игра во Барселона. Не е мала работа да играш во Барса, не за ѓабе ке те земат таму. За Ивано Балиќ сакам да кажам дека човекот е во добра форма, но на секој натпревар не го користеа максимално, го штедеа за наредните натпревари. Но Хрватска нема загубено а и затоа не го пуштаат. Затоа тој така ти се чини дека не е во форма. Ќе се види се на финалето. Франција е многу добар тим (Карабатиќ, Омајер, Жили, Дидие, Абало) во квалитет се тука некаде со Хрватите, но сепак не му се толку баш сите играчи квалитетни како на Хрватска. Имат едно 7-8 играчи јаки, сигурни. Но Хрватите имаат две постави беспрекорни. (Метличиќ, Шпрем, Вори, Лацковиќ, Балиќ, Чупиќ, Хорват, Лосерт, Алиловиќ, Дувњак, Валчиќ и многу други, неможам да се сетам за имињата.)
На чело на двете репрезентации се големи имиња, селектори...

Затоа во недела ке биде лудница, ке пукаат и двете репрезентации со сите сили. Но мислам дека сепак ке победи Хрватска, моментално најголемата сила во машкиот ракомет во светот. А и кај и да се играше, немаше да има некоја поголема разлика во конечниот пласман. Моја прогноза е дека Хрватска ке тепа со 2-4 гола разлика.
Тоа е. Да дочекаме па да видиме:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom