Парното поскапува за 60%

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Сите кои живеат во згради треба да се организираат и еднократно да инвестираат во сопствено парно, и како што собираат пари за чистачка и за заедничка струја да се собира пари и за заедничко парно. Ќе ги чини тројно поефтино грејната сезона. Еден котел во заедничките простории на зградата (подрум или слично) и пушташ по цевки.

А гомнарите од Топлификација да дојдат и да си ја извадат цела инсталација.

Ете конкретно решение.

Потребен е само котел, цевна инсталација постои по зградите, дури се исплати да две три соседни згради плаќаат и човек за одржување и надгледување.
 
Да, бе глеам и татко ми ќе го исклучува парното. Туку сега со што ќе се греам???
Знае некој нешто за парно на струја или на ... што знам ја. Абе кажувајте чаре, бе луѓе. Како е најисплатливо?
 
Беа направени 300 математики,кои посочуваат дека не е реално парното да поскапи за 60%.Реалната цена на поскапувањето може да се покачи за 15%не за 60%,затоа што нема никаков основ за толкаво поскапување.
 
Треба да си најдам ја некоја што живее блиску до мене да ме топли кога ќе залади.:smir:
 
Виша математика во новите сметки за парно

„Топлификација“ ги дистрибуира августовските сметки за парно со нова, повисока цена. Скопјани добија фермани на три страници, на кои се испишани бројни и во најголем дел неразбирливи податоци. Граѓаните тешко се снаоѓаат во понудените објаснувања, а не им е јасно дури ни кој е делот од трите листа што треба да се издвои за плаќање. Обичниот граѓанин е збунет од вишата математика во сметките, којашто може да ја разберат единствено машинските инженери и надлежните од „Топлификација“.

Од претпријатието тврдат дека сметките се разбирливи и оти треба само внимателно да се погледаат, а ако има нешто нејасно, граѓаните можат да се обратат кај одговорните и да побараат објаснување за секое нејасно прашање. Од „Топлификација“ вчера со соопштение информираа дека од новата грејна сезона, чиј циклус на наплата почнува од август годинава, извршиле промена во системот на наплата. За оваа новина ги информирале граѓаните со скратено(?) објаснување во сметките. Измената се состои во тоа што се укинува паушалната наплата и се преминува на наплата по мерач во потстаницата на секоја станбена зграда. Наплатата се врши според податоците за распределената преземена енергија од потстаницата до секој стан, при што пресметката се прави по квадратура и ангажирана моќност.

Од претпријатието тврдат дека ова е првата фаза пред поставувањето на вентилите-испарувачи на секој радијатор, планирано за идната грејна сезона. Новиот билинг-систем, според одговорните, нуди сметки кои содржат доволно податоци за месечно следење на потрошената енергија за секое мерно место и за секој стан посебно, како и почетна и крајна состојба на преземената енергија за конкретниот месец од грејната сезона. Тоа, според нив, дава можност и за штедење.

Катерина Димова од населбата Аеродром вели дека новите сметки се нејасни и преполни со бројки и податоци кои само „Топлификација“ може да си ги разбере. „Нивната работа по часови на системот, ангажирана моќност и методологии, ниту можам, ниту се обидувам да им ја пресметувам“, вели таа.

„Сметките само на прв поглед се нејасни. Но, ако добро и подетаљно се погледнат, секој ќе може да разбере и да дознае колку, што е измерено и колку треба да плати. Минатата година имаше реакции дека граѓаните немаат увид во ништо и дека наплаќаме како што сакаме, па остваруваме поголем приход. Затоа, сега, со новите сметки им даваме комплетен извештај“, вели Методија Стојчев, финансов директор во АД „Топлификација“.

Од претпријатието објаснуваат дека двапати годишно ќе ги израмнуваат сметките со граѓаните, а од секоја станбена зграда ќе има претставник при евидентирањето на состојбата на потстаницата. Така, според надлежните од „Топлификација“, ќе бидат потранспарентни и ќе остварат поправичен начин за наплата, но и услови за штедење и рационално користење на топлинската енергија.
 
А знете ли кога започнува грејната сезона во Македонија?
Зошто кај нас е се со задоцнување, за разлика од соседните држави?
Замислете , во Србија таа почнува некаде средина на септември, но оваа година ќе започне 1 Октомври, за што владата им се извинува на граѓаните, за тоа мало задоцнување, но сепак и 1 Октомври чинам е во ред, а не ко кај нас 15-ти или можеби и подоцна.
 
А знете ли кога започнува грејната сезона во Македонија?
Зошто кај нас е се со задоцнување, за разлика од соседните држави?
Замислете , во Србија таа почнува некаде средина на септември, но оваа година ќе започне 1 Октомври, за што владата им се извинува на граѓаните, за тоа мало задоцнување, но сепак и 1 Октомври чинам е во ред, а не ко кај нас 15-ти или можеби и подоцна.
Почеток и крај на грејна сезона не се пресметува на ниво на држава, се пресметува спрема средната просечна дневна температура за секој град одделно каде се користи централно греење. Ако не грешам, средната просечна дневна температура беше 13 степени целзусови. Под тоа е почеток, над тоа крај на грејна сезона.
 
Што мислите дали и Македонија треба да се справува со „лоповите“ на парно , како што тоа го прави Бугарија?????
Во ред ли е некои дома , сред зима да се шета по кратки ракави и отворени прозори, а некои да си плаќаат парно кое не загрева, да упоредно користат и калорифери, клими и т.н ???

ВИДИ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom