Парното поскапува за 60%

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Нуклеарен реактор на месечината е решението.
 
Што мислите дали и Македонија треба да се справува со „лоповите“ на парно , како што тоа го прави Бугарија?????
Во ред ли е некои дома , сред зима да се шета по кратки ракави и отворени прозори, а некои да си плаќаат парно кое не загрева, да упоредно користат и калорифери, клими и т.н ???

ВИДИ
за нигде е ситуацијата значи со секое барем и минимално покачување на цената на мазутот,они одма гекаат нова цена на сметките,ебаго тоа.
и не за посто или два него 20,30,60% :toe:
 
Нов бран поскапување на парното, овој пат за 17%.

Поскапува парното греење. Од први август ке се плаќаат нови повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе конечната одлука.

Најдрастично е зголемување на цената за корисниците на мрежата на топлификација Скопје.

Ќе плаќаат за 17 проценти поскапо парно греење или 32,48 денари за метар квадратен.

Граѓаните што ја користат мрежата на топланата скопје север - ке имаат сметки повисоки за 8 проценти или 30,11 денари за метар квадратен.

Жителите што се приклучени на мрежата на државната компанија енергетика пак од први август ке им се испорачуваат сметки повисоки за 9,12 процени или ке плаќаат 28,88 денари за метар квадаратен.

Новоизбраниот претседател на Регулаторната комисија, Димитар Петров ги одбори новите цени но остана недостапен да им објасни на граганите кој ќе ги снабдува со парно греење.

Топлификација се откажа, а на тендерот да се јави друга компанија што ке ја врши таа дејност.

Првиот човек на регулаторите, Петров остана недеостапен за новинарите. Останува неизвесно како ќе мине зимата. Кој ќе дистрибуира парно греење до граѓаните.

Нема најави ни кога ќе биде објавен нов тендер за избор на дистрибутер.

Оваа дејност може да ја вржат повеке компании - во земјава но никој не се јавува на тендерите - како една од причинитре се наведуваат лошата методологија за формирање на цената.

А1.
 
edna, dve...tri zimi RUSITE...smrznaa ..sto sudbina gi ceka Skopjanos...bomo videli...
 
Регулаторната комисија е поврзана со Топлификација. Татковци членови во рег. комисија, синови вработени во Топлификација ...
А немаме наскоро избори, за да интервенира владата.:toe:
 
Епа просечната рипна,сега имаме повеќе пари за парно:jaj:

А ќе треба и некоја ветерница да се изгради,Дон Кихот ги обожавал.:smir:
 
Иде есен, иде и зима-фино беше летоска по гашти...како штурците, така и ние во државава-лете свириме, зиме... :)
Btw, кој мисли да се исклучува од централен систем на греење може да спореди разликата во цената. Другите видови греење се далеку поскапи...или понесигурни и понездрави (печка на плин или нафта).
Греењето ќе не' изгори
Затоплување стан од 65 квадратни метри со печка на природен гас ќе чини 2.000 денари месечно, со дрва 3.200 денари, со парно 3.300 денари, а со струја - над 6.000 денари.

Граѓаните зимава ќе плаќаат месечно од 2.000 до 6.000 денари за греење во зависност од енергентот што ќе го користат. Пресм-етките покажуваат дека најевтино е греењето на природен гас. За стан од 65 квадрати со просечна изолација со овој начин на греење се потребни 1.700 до 2.000 денари за еден месец. Меѓутоа овде не е вметната цената на ќумбето, кое може да се купи од 60 до 120 евра, во зависност од потеклото и производителот.

За истиот стан за греење на дрва ќе ви треба минимум еден кубен метар или 3.200 денари месечно, но само ако се топли една соба. За цел стан сумата е двојно поголема. Месечната сметка за парно греење што ќе треба да и' се плати на „Топлификација“ за оваа квадратура ќе биде над 3.500 денари. Најскапо е затоплувањето на струја. За да се затопли стан од 65 квадратни метри, ќе се потрошат околу 100 евра месечно.

Проблемот со природниот гас е што кај нас овој систем не е доволно раширен и се' уште граѓаните со недоверба гледаат на ваквото греење. Од друга страна, по продавниците не може да се најдат ќумбиња во кои се вградуваат шишиња со гас или ги има со многу слаб квалитет па граѓаните се плашат да ги купат бидејќи сметаат дека се небезбедни.

Вчера од десетина продавници што ги поминавме низ градот, ќумбиња на гас имаше само во две. Продавачот вели дека овие грејни тела до лани ги користеле само пазарџиите во зимските месеци, бидејќи се многу лесни за транспорт, не треба оџак за да функционира и многу е евтино. Ќумбето на природен гас може да грее до 70 квадрати, ако одговара распоредот на станот - велат во продавницата.Значи едно шише со гас од 10 литри е доволно за четири-пет дена. За еден месец се доволни шест до осум шишиња. Цената на гасот е 29 денари. Овде не е вклучена цената на гасното ќумбе, кое во зависност од квалитетот и производителот, се движи од 4.000 до 7.500 денари, но тоа е инвестиција само во првата година.

Во складовите на „Македонски шуми“ има малку дрва за огрев, а дрвата што се продаваат по приватните складови се со слаб квалитет, а со многу повисока цена. Цената по која ќе се продаваат дрвата за огрев е 3.000 денари за кубен метар бука и 3.200 денари за даб. Во „Македонски шуми“ велат дека кај нив цената на дрвјата не е променета и дека за еден кубен метар бука ќе треба да одвојат 2.371 денар и 2.454 денари за даб, но ова е цена без транспорт и данок на додадена вредност. Добрите познавачи на состојбите велат дека цената на огревното дрво дополнително ќе се зголемува до почетокот на грејната сезона и според нив не е за чудење да достигне 3.500 денари за кубик.За греење на една соба од станот потребно е минимум еден кубен метар дрва, односно педесет евра месечно. Граѓаните велат дека поскапувањето на дрвата е крај за домашниот буџет.

- Парното го откажавме лани, се топлевме на дрва, но само во дневната соба. Годинава немаме пари за дрва, а цените се многу високи - велат граѓаните.Зголемениот интерес за огревно дрво ги мотивира дрварите и оџачарите. За разлика од минатата година и кај нив цената на услугата е зголемена за 30-40 отсто. Годинава луѓето што цепат дрва за еден кубен метар наплаќаат по 120 денари, наспроти ланските 80.Голем дел од граѓаните ги исклучија радијаторите од системот на „Топлификација бидејќи сметките им се превисоки. За стан од 65 квадратни метри треба да платат по 32 денара за квадратен метар станбена површина или околу 3.000 денари во текот на цела година.Греењето на струја е чист луксуз. За стан од 65 квадратни метри ќе се плаќаат сметки од 6.000 до 8.000 денари во зависност од јачината на електропечката.
 
Се до дека народот слепо гледа на новите предизвици што се тековна активност на иднината,до толку или повеќе власта ќе настојува да го малтретира народот за остварување на своите цели како поединци,за себе докажување но со скриени или опасни бандитски намери,но народот уште во целост тоа не може да го види и ако го осеќа на своја кожа.Јас јавно и гласно ја изнесувам вистината околу ЕНЕРГИЈАТА а никој друг освен јас не сака да мрдне со прст.Па луѓе мои не мојте да очекувате милост од никого се додека не се избориме моите пронајдоци да ги ставиме во функција за да добиете бес платна ЕНЕРГИЈА за сите потреби во домаќинството па и по широко или ако сакате со пари истата нема да надмине 1 денар мо метар квадратен и тоа во моментот и сето тоа да се оствари за 1 година се друго е потпомагање на сиромаштијата и сам себе малтретирање.ПОЗДРАВ
moz-screenshot.jpg

Ова е нацрт на турбината.
wol_error.gif
Кликнете тука за да ја намалите сликата.
TURBINAZ.jpg

Ова е макета на еден дел од турбината.
MAKETA1Z.jpg

.....

spacer.gif

ХИДРАУЛИЧНА ЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА НА ВАКУМСКИ ПРИНЦИП

Измени. Ова е нацрт на хидраулична постројка.
wol_error.gif
Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 744x1023.
HIDRAULICNAPOSTROJKAZ.jpg
Ова е макета на хидрауличната постројка.
MAKETA2Z.jpg
...
 
Се до дека народот слепо гледа на новите предизвици што се тековна активност на иднината,до толку или повеќе власта ќе настојува да го малтретира народот за остварување на своите цели како поединци,за себе докажување но со скриени или опасни бандитски намери,но народот уште во целост тоа не може да го види и ако го осеќа на своја кожа....................................................
Војо бе, без да ме сватиш погрешно ..ти си бе ТАЛЕНТИРАН МОДЕРЕН СКУЛПТОР...ова VOJOMaschinen- иве , па ако се уште и мобили....во било која светска галерија има да отидат ко алва...
...сеа озбилно...:очигледно медиум во кој ги материјализираш своите идеи е ДРВО, тоа е во ред..., може ли малку повеќе детали на кој принцип би требало да функционираат ОРИГИНАЛИТЕ?????...и колку ГОЛЕМИ трба да бидат за да имаат каков таков употреблив капацитет..
 
Не му кажувај Војо кете заебе овој кетиго украде патентот со АБЦ веќе ти имаат пуштено шпиуну кој се имаат инфилтрирано во твое најблиско опкружување и само снимаат:vozbud:
 
Војо бе, без да ме сватиш погрешно ..ти си бе ТАЛЕНТИРАН МОДЕРЕН СКУЛПТОР...ова VOJOMaschinen- иве , па ако се уште и мобили....во било која светска галерија има да отидат ко алва...
...сеа озбилно...:очигледно медиум во кој ги материјализираш своите идеи е ДРВО, тоа е во ред..., може ли малку повеќе детали на кој принцип би требало да функционираат ОРИГИНАЛИТЕ?????...и колку ГОЛЕМИ трба да бидат за да имаат каков таков употреблив капацитет..
Не знам колку е твоето гледање и сваќање во реалниот свет и неговото тековно одржување како човек,или со еден збор - со моите пронајдоци ги поминав сите потребни филтри и тоа како реалност во машинството и ЕНЕРГЕТИКАТА и тамо некој се потпишал и рекол -да се признава пронајдокот-или многу долга песна околу тоа.Имам повеќе опис во темите што се сместени во канта,што некој одлучил дека местото им е за тамо,но времето ќе покаже кој бил во право.
 
kaj e taa KANTA ??? da ja procepkam malku....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom