Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Член од
13 февруари 2009
Мислења
12
Поени од реакции
2
patriotizamot, nacionalnosta, teritorii na drzavi zivi gluposti, nabaceni stvari,delenje, granicenje luge, razdeli pa vladej shitovi,mesanje nacionalnost so kultura itn itn... nacionalnost kako nekoj poseben t.n. "objekt" koj se nasleduval ili tecel niz krvta na moite veni isto gluposti samo ne mozam tuka da se objasnuvam zaso premnogu mi e za pisuvanje...ne sakam da navredam nikoj samo smetam deka e edno sebe opredeluvanje po kultura a dr e nacionalnosta koja vsusnost e izmisljotina, i sekoj sebe si sam si opredeluva sustina no toa ne e nacionalnost so mislat lugeto... sea toa sto nacionalnosta ili pak patriotizmot mu izglea na nekogo premnogu ocigledno ne znaci deka ociglednosta bas i pokazuva tocnost a za toa postojat mn primeri (duri i vo logikata ociglednosta ne e dovolna vo koja mn poimi uste ne se razjasneti i kojznae dali ke se razjasnat)... i taka :) pozzz take care :D
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
па примитивен одговор можеби но сепак точен!
се до делот за Денеска ..
јас пак би споредил со „утре“

и би ги упростил работиве за да се разбереме подобро ...

дали ти би дозволил доаѓање на „странец“ (па и вонземјанин :) ) кој би дошол кај тебе дома (за вонземјанците Дома - замени со - Светов) да ти наметнува негова култура, начин наживот, нешто шо тебе и на твојата поблиска околина (семејството, маалото, градот, државата(или било кое општествено уредување, Светот на крај)) не ви одговара и е спротивно од вашите колективни Желби. Дали ти би се ставил на страната на потесното/поширокото мнозинство и би ги бранел неговите интереси ? Или ќе се препуштиш на желбата на асимилаторите?
Не прави екстензија од личност,семејство,маало,село,град,околина...на држави континенти и цел свет.
Светот нема унифицирани стандарди и вредности.
Јас не дозволувам да ми се наметнува ништо,но ги менувам своите сфаќања,потреби...со тек на време.човек расте,прима нови информации,перцепцијата се менува...
Не дозволувам ни државата да ми наметнува “вредности“ бидејќи сите нејзини вредности се негативни.
Постојан грабеж,социјален притисок,масовни убивања,лажна филантропија за да се покрие грабежот,привремена понижувачка милостња за одреден број луѓе,клептократија,државно спонзориран организиран криминал и наркомафија,медиумско перење мозок,корпоративни интереси невешто замаскирани во некаква некрофилична и самодеструктивна “љубов“ кон некој концепт на пробушен куртон наречен држава.

НЕ ФАЛА !!!

Ако пак има некакви вредности кои се поинакви од ова,би сакал да слушнам...

Историјата исто така...не ме дефинира.
Ништо,апсолутно ништо не ми значи А.Велики ниту Цар Самуил.
Со ништо тие лица не придонеле за мене,моите најблиски и мојата околина за да би требало да сум им “благодарен“ нешто.
Си работеле за самите себе,ниту за “народот“ ниту за нешто слично,за своја корист и интерес,едниот имал амбиции да стане господар на светот,другиот бил толку настрвен за моќ и власт што си ги масакрирал родените браќа.
Ако за тебе тие лица имаат некакви човечки и семејни вредности - ок.
За мене се обично срање,тоа е мојот став по тоа прашање.

Друго,ако сака нека го делеле истиот јазик со мене но џабе - на пример Блаже Конески или Славко Јанески никогаш ама баш никогаш нема да се Џек Лондон или Антон Павлович Чехов.
Тоа е мојата перцепција.

Секако дека има и позитивни и креативни лица кои се родиле на оваа територија и оној кој се интересира за одредена област во која делувале може да се гордее со нив,на пример шо знам...Панчев,Најдовски,Пандев,Канатларовски...за некој шо е по фудбалот.
Некој шо не е- дали играле во Интер или реал или манчестер - исто му е важно колку и ланскиот снег...не пак да се гордее и идентификува.

Ако зборуваме за некакви општи вредности - луѓе кои со својот живот,работа и дејства го промениле квалитетот на животот на рајата по светот...нема од овие територии баш и премногу.
Ете на пример оние кои се перцепираат како србијанци и хрвати се косат околу тоа чиј бил Никола Тесла,а тој кутриот избегал некаде...таму по белиот свет за да оствари она за кое бил способен а не да остане овчар во Лика некаде или каде беше...

Од секогаш сум се гордеел со овој човек на пример...

Жозеф Ниепс

Дали зборувал на ист јазик со мене и со моите блиски или дали живеел на овие простори воопшто не ме засега.
Оставил многу за човештвото.
И не само тој.

Културата зависи од перцепцијата и тука нема бегање.
Леб и сол,Зијан,Јаков Дренковски...ги почитувам и слушам,не дека се овдешни туку дека се квалитетни према моите сфаќања за музиката и мојата перцепција на културата.

Еве јас ќе одам наоколу и ќе уринирам докај шо можам и ќе бележам територија .. на која нема да дозволам да ми наметнуваат туѓи вредности ..
Ако зборуваш за физичко загрозување на имотот,личноста,семејството и околината на живеење - дефанзивните дејства се нормални и нема што тука.
Но не би одел да бранам нечии интереси и профити.Никогаш.

шо е лошото во ова?
замени татковината/државата на која целиш цело време итн ... со било кое општествено уредување кое луѓето го прифатиле ..
шо е лошо да го браниш тоа?
Нема ништо лошо во тоа.
Ако тоа е загрозено.
Ако не е,а ме убедува некој дека е.ќе побарам да го аргументира својот став околу загрозеноста,дали постои таква работа.

Македонија страда од премалку патриоти, вриеме од лешинари и личности кои работат само за свои интереси
Напротив РМ како и сите 200 и нешто држави по светот е механизам за контрола и грабеж на популацијата која живее на одредена територија.Само што различно се манифестира на различни места.

ако сите ја сакавме, почитувавме и се стремевме за подобро утре за сите нас и бевме поголеми патриоти кон заедницата која сите ние ја ствараме (дали во вид на држава, дали во вид на некоја си анархија, дали во некојси незнам каков систем) немаше да бидеме на ова дереџе ...
Кого да сакаме?
Како и со религиите во кои се бара некаква љубов кон некаков замислен ентитет и тука имаме некаква љубов кон некој имагинарен ентитет дефиниран со јасни параметри како даночен систем,граници,валута,централна банка,правосудство,оружени сили...

Е па друже...зошто да не,само пази кога ќе прегори сијалица во некој влез,станарите ќе се исколат меѓу себе кој да НЕ ПЛАТИ бидејќи така се научени,испран им е мозокот и за најмала ситница која е од заеднички интерес гледаат нагоре некаде кон “власта“...затоа и зјаат улици раскопани,не од шо не може тоа да се среди за недела дена каде има заеднички интерес.
Манипулацијата со перцепцијата си го направи своето.
Нема свест за заеднички интерес но затоа еееееееееј до Индија бевме брат едно време ехеееее
И така муабетејќи паднаа во отворената шахта...:vozbud:

се додека не научи човек да го цени своето (на прво место семејството, маалото, градот итн (да не се повторувам во секоја реченица)) никогаш нема да научи да го почитува и туѓото .. неможеш ти да створиш некоја си утопија каде сите ќе бидат среќни на основа на потценување на твојата околина, твоите предци, она што те направило да бидеш човек каков шо си денес ..
Она што ме направило човек каков што сум го ценам и почитувам.
Конкретно и точно знам што и како,барем за мене и мојата најблиска околина.
Но тоа не се никакви кралеви,цареви,митови и легенди,знамиња и песнички.

Ех,само да си свесен колку поединци се заслужни за некои работи а никој не им знае ни име,ни живот ни ништо...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
твоја перцепција на работите .. со која јас не се сложувам ..
џабе е да се убедуваме ..
ни јас ќе сменам мислење а ни ти ..
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
твоја перцепција на работите .. со која јас не се сложувам ..
џабе е да се убедуваме ..
ни јас ќе сменам мислење а ни ти ..
Да.
И тоа е сосема нормално,или би требало да е.
Секој да има право на своја перцепција на работите,секако се дури не загрози неко друг со тоа,како што на балканот обично се случувало...

Не ми е ни цел да ти променам мислење,ниту има таква потреба.
Не знам од каде извлече таков заклучок...:(

:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Светот ќе беше многу здодевен ако сите имаа исто мислење! Тоа е убавината, можноста да се споредат, преиспитаат мислењата! Проблемите настануваат кога некој одлучува дека е потребно да се наметне над сите останати, да ги прогласи своите "вистини" за свети и единствени.
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Инаку сега е многу модерно да си анти патриот, интељектуаљац, артси, пропагирајќи космополитизам а истовремно потценувајќи ги и гледајќи со предзир на сите не истомисленици.
Јас па тоа го забележувам али у обратна насока. Денес било модерно да си патриот, во државава наша да си поддржувач на Груевски, трениран и дресиран питбул или шар планинац, и како ќе те врзи пред врата (на интернет или пред зграда на собири на "ГЕМ") да не се помрдниш, и ако некој каже не го сакаме Груевски, одма да каснеш, и да, ако некој каже нешто над нацијата испаѓа или дека е Педер или дека е лажен комсополитан што не знае како е да се има проблем со Шќиптари (а ова го зеам као пример поради тоа што со нив се дели "соживот").
Многу нешта се во игра, најјако е што денешните патриоти (кај нас во Македонија за нив цело време зборам) се луѓе кои што индивидуализмот кај нив не постои, го нема, и мора да играат во глутница, како дел од нешто, од некоја сурија, и со лошиот коруптивен 'од на менталната слика као иследување на нешто и морално дочувување (класична етатизација на ВМРО со име и со презиме, како огранизација револуционарна до политичка партија на крај идентификација со држава - претседник на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при годишен собир во Универзална Март 2010 година). Со еден збор, колку си по глуп, толку повеќе те работи/работат.

Патриотизмот е љубов кон земјата, ама не овака како што ни се претскажува нас.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
мешаме баби и жаби.....патриотизмот и љубовта кон својот народ се една работа,а како некој сака да изгледа се друга работа....
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Светот ќе беше многу здодевен ако сите имаа исто мислење! Тоа е убавината, можноста да се споредат, преиспитаат мислењата! Проблемите настануваат кога некој одлучува дека е потребно да се наметне над сите останати, да ги прогласи своите "вистини" за свети и единствени.
да...тука е и разликата.
државите,организираните религии...имале и имаат моќ за масовна индоктринација на населението и соодветни начини да го прават тоа.(образование,пропаганда,медиуми,митологии) и не допуштаат да се доведува ништо во прашање.
Така и А.Велики станува “ослободител на светот“, Адолф “борец за спас на ариевската раса“, Сталин е “носител на светската борба на пролетаријатот за права и слободи“, Анте и Дража се светци кои невино и детски сакале нивната нација да живее во етничките граници,Тито го спасува вучјакот на Сутјеска и живее во блажено незнаење за Голи Оток,19 арапи со ножиња за лупење јаболка и некаков тип од пештера киднапираат патнички авиони...и така до бескрај...
Имаат свој интерес во наметнување на “апсолутни“ вистини и готови модели на верување.

Чудно е што и поединците од кои се состои некоја група си веруваат дека делат заеднички интерес со оние кои се власт,вертикален авторитет на некоја територија.

Ако образованието,на пример ствараше луѓе способни за критичко размислување и дестилација на инфото низ сопствениот мозок а не низ екранот на телевизорот приказната ќе беше поинаква...
Но не е така,а зошто не е...затоа што елитата нема интерес од тоа.

Немаат корист од тоа секој да има свое мислење,став и перцепција.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Јас па тоа го забележувам али у обратна насока. Денес било модерно да си патриот, во државава наша да си поддржувач на Груевски, трениран и дресиран питбул или шар планинац, и како ќе те врзи пред врата (на интернет или пред зграда на собири на "ГЕМ") да не се помрдниш, и ако некој каже не го сакаме Груевски, одма да каснеш, и да, ако некој каже нешто над нацијата испаѓа или дека е Педер или дека е лажен комсополитан што не знае како е да се има проблем со Шќиптари (а ова го зеам као пример поради тоа што со нив се дели "соживот").
Многу нешта се во игра, најјако е што денешните патриоти (кај нас во Македонија за нив цело време зборам) се луѓе кои што индивидуализмот кај нив не постои, го нема, и мора да играат во глутница, како дел од нешто, од некоја сурија, и со лошиот коруптивен 'од на менталната слика као иследување на нешто и морално дочувување (класична етатизација на ВМРО со име и со презиме, како огранизација револуционарна до политичка партија на крај идентификација со држава - претседник на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при годишен собир во Универзална Март 2010 година). Со еден збор, колку си по глуп, толку повеќе те работи/работат.

Патриотизмот е љубов кон земјата, ама не овака како што ни се претскажува нас.
Да не ти беше последнава реченица ќе се согласев потполно со тебе.
Кажи каде во светов има "добар" патриотизам ?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Со самото тоа што е чувство - не е вродено.
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Да не ти беше последнава реченица ќе се согласев потполно со тебе.
Кажи каде во светов има "добар" патриотизам ?
Пошо не знаеме што означува патриотизам, што тој претставува и од каде тој доаѓа, мораме да се согласиме со тоа дека и во овој случај индивидуалниот пристап е оној кој што ја конфигурира свесноста за тоа што значи патриотизмот.
Не знаеме, де ова, де она, де вакво, де такво, види постови поназад на никнејмови со антички аскерски лидери, на нови аскерски лидери онака нагалено (браќа и сестри), имаш други, луѓе кои што самите си креираат свесност и слика за тоа како изгледа, но за другите тоа не е рентабилно, не чини... итн...
Лично поради моите индивидуални карактеристики и пориви, сметам дека е глупост да оваа форма на патриотизам која што денес ја знаеме на балканите (србо-македонски егземплар).
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

И албански заборави :)
А верувај македонскиот егземплар е повеќе увезен од дијастпората и појачан од владино финансирани патриоти и на крај влезе во мода преку нашите медиуми .
Во спротивно немаше македонците да гласаат за Селмани барем дел од нив...
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Албанскиот патриотизам е различен (кој патем не го сакам ни него).
Хм која е разликата?
Палење знамиња, скандирање македонско курвиче, тепање некој кутар македонец, ром итн, во некои места има извештаи од нашинци дека ромите се протеруваат од гостивар и тетово со тоа што тамошните служби им го негираат правото на социјална помош па мораат да се селат во ромските населби во битола за добијат социјална помош. Сигурно си чул за тоа со оглед дека си во битола.
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Хм која е разликата?
Палење знамиња, скандирање македонско курвиче, тепање некој кутар македонец, ром итн, во некои места има извештаи од нашинци дека ромите се протеруваат од гостивар и тетово со тоа што тамошните служби им го негираат правото на социјална помош па мораат да се селат во ромските населби во битола за добијат социјална помош. Сигурно си чул за тоа со оглед дека си во битола.
Еј глупости бре, ќе изгнасите и тука тема.

Патриотизмот кај Србите и Македонците наоѓа здрава основа во мржња према Албанци и друго, кај Албанците некој добар романтизам. Не си за на философија форум дете, одјеби од тука, не го контаминирај со глупости твои. Очито не знаеш како се дебатира на овој форум и колкав требе капацитетот да ти биде. Врати се (по моја препорака) на Чек Дис Аут каде форумот и интелигенцијата твоја се во добар сооднос.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom