па примитивен одговор можеби но сепак точен!
се до делот за Денеска ..
јас пак би споредил со „утре“
и би ги упростил работиве за да се разбереме подобро ...
дали ти би дозволил доаѓање на „странец“ (па и вонземјанин
) кој би дошол кај тебе дома (за вонземјанците Дома - замени со - Светов) да ти наметнува негова култура, начин наживот, нешто шо тебе и на твојата поблиска околина (семејството, маалото, градот, државата(или било кое општествено уредување, Светот на крај)) не ви одговара и е спротивно од вашите колективни Желби. Дали ти би се ставил на страната на потесното/поширокото мнозинство и би ги бранел неговите интереси ? Или ќе се препуштиш на желбата на асимилаторите?
Не прави екстензија од личност,семејство,маало,село,град,околина...на држави континенти и цел свет.
Светот нема унифицирани стандарди и вредности.
Јас не дозволувам да ми се наметнува ништо,но ги менувам своите сфаќања,потреби...со тек на време.човек расте,прима нови информации,перцепцијата се менува...
Не дозволувам ни државата да ми наметнува “вредности“ бидејќи сите нејзини вредности се негативни.
Постојан грабеж,социјален притисок,масовни убивања,лажна филантропија за да се покрие грабежот,привремена понижувачка милостња за одреден број луѓе,клептократија,државно спонзориран организиран криминал и наркомафија,медиумско перење мозок,корпоративни интереси невешто замаскирани во некаква некрофилична и самодеструктивна “љубов“ кон некој концепт на пробушен куртон наречен држава.
НЕ ФАЛА !!!
Ако пак има некакви вредности кои се поинакви од ова,би сакал да слушнам...
Историјата исто така...не ме дефинира.
Ништо,апсолутно ништо не ми значи А.Велики ниту Цар Самуил.
Со ништо тие лица не придонеле за мене,моите најблиски и мојата околина за да би требало да сум им “благодарен“ нешто.
Си работеле за самите себе,ниту за “народот“ ниту за нешто слично,за своја корист и интерес,едниот имал амбиции да стане господар на светот,другиот бил толку настрвен за моќ и власт што си ги масакрирал родените браќа.
Ако за тебе тие лица имаат некакви човечки и семејни вредности - ок.
За мене се обично срање,тоа е мојот став по тоа прашање.
Друго,ако сака нека го делеле истиот јазик со мене но џабе - на пример Блаже Конески или Славко Јанески никогаш ама баш никогаш нема да се Џек Лондон или Антон Павлович Чехов.
Тоа е мојата перцепција.
Секако дека има и позитивни и креативни лица кои се родиле на оваа територија и оној кој се интересира за одредена област во која делувале може да се гордее со нив,на пример шо знам...Панчев,Најдовски,Пандев,Канатларовски...за некој шо е по фудбалот.
Некој шо не е- дали играле во Интер или реал или манчестер - исто му е важно колку и ланскиот снег...не пак да се гордее и идентификува.
Ако зборуваме за некакви општи вредности - луѓе кои со својот живот,работа и дејства го промениле квалитетот на животот на рајата по светот...нема од овие територии баш и премногу.
Ете на пример оние кои се перцепираат како србијанци и хрвати се косат околу тоа чиј бил Никола Тесла,а тој кутриот избегал некаде...таму по белиот свет за да оствари она за кое бил способен а не да остане овчар во Лика некаде или каде беше...
Од секогаш сум се гордеел со овој човек на пример...
Жозеф Ниепс
Дали зборувал на ист јазик со мене и со моите блиски или дали живеел на овие простори воопшто не ме засега.
Оставил многу за човештвото.
И не само тој.
Културата зависи од перцепцијата и тука нема бегање.
Леб и сол,Зијан,Јаков Дренковски...ги почитувам и слушам,не дека се овдешни туку дека се квалитетни према моите сфаќања за музиката и мојата перцепција на културата.
Еве јас ќе одам наоколу и ќе уринирам докај шо можам и ќе бележам територија .. на која нема да дозволам да ми наметнуваат туѓи вредности ..
Ако зборуваш за физичко загрозување на имотот,личноста,семејството и околината на живеење - дефанзивните дејства се нормални и нема што тука.
Но не би одел да бранам нечии интереси и профити.Никогаш.
шо е лошото во ова?
замени татковината/државата на која целиш цело време итн ... со било кое општествено уредување кое луѓето го прифатиле ..
шо е лошо да го браниш тоа?
Нема ништо лошо во тоа.
Ако тоа е загрозено.
Ако не е,а ме убедува некој дека е.ќе побарам да го аргументира својот став околу загрозеноста,дали постои таква работа.
Македонија страда од премалку патриоти, вриеме од лешинари и личности кои работат само за свои интереси
Напротив РМ како и сите 200 и нешто држави по светот е механизам за контрола и грабеж на популацијата која живее на одредена територија.Само што различно се манифестира на различни места.
ако сите ја сакавме, почитувавме и се стремевме за подобро утре за сите нас и бевме поголеми патриоти кон заедницата која сите ние ја ствараме (дали во вид на држава, дали во вид на некоја си анархија, дали во некојси незнам каков систем) немаше да бидеме на ова дереџе ...
Кого да сакаме?
Како и со религиите во кои се бара некаква љубов кон некаков замислен ентитет и тука имаме некаква љубов кон некој имагинарен ентитет дефиниран со јасни параметри како даночен систем,граници,валута,централна банка,правосудство,оружени сили...
Е па друже...зошто да не,само пази кога ќе прегори сијалица во некој влез,станарите ќе се исколат меѓу себе кој да НЕ ПЛАТИ бидејќи така се научени,испран им е мозокот и за најмала ситница која е од заеднички интерес гледаат нагоре некаде кон “власта“...затоа и зјаат улици раскопани,не од шо не може тоа да се среди за недела дена каде има заеднички интерес.
Манипулацијата со перцепцијата си го направи своето.
Нема свест за заеднички интерес но затоа еееееееееј до Индија бевме брат едно време ехеееее
И така муабетејќи паднаа во отворената шахта...
се додека не научи човек да го цени своето (на прво место семејството, маалото, градот итн (да не се повторувам во секоја реченица)) никогаш нема да научи да го почитува и туѓото .. неможеш ти да створиш некоја си утопија каде сите ќе бидат среќни на основа на потценување на твојата околина, твоите предци, она што те направило да бидеш човек каков шо си денес ..
Она што ме направило човек каков што сум го ценам и почитувам.
Конкретно и точно знам што и како,барем за мене и мојата најблиска околина.
Но тоа не се никакви кралеви,цареви,митови и легенди,знамиња и песнички.
Ех,само да си свесен колку поединци се заслужни за некои работи а никој не им знае ни име,ни живот ни ништо...