Книги кои НЕ би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Poslednata nova god e edna od najtop knigite sto gi imam procitano. Nevobicaena kontroverzna sovremena .
i neznam zaso tolku ja kritikuvate smrt vo venecija?
mi se dopadna toa sto e razlicna od site lektiri , pozadi navidum ''pedofilijata na ebaniot asenbah kon deteto'' ima i mn podlaboki svari koi gi imal na um pisatelot koga ja pisuval knigata.preku navidum pedofilijata tomas man saka da ni go prestavi umetnikot,negovata priroda da analizira ,da se vdahnuva vo sekoj lik gledajki go naokolu,na sekoj minuvac,na sekoj pejsaz davajki ocenka za negovata estetika.e sega bas vo momceto ja naoga taa estetika koja za nego kako umetnik e vrvot .spored mene ne se raboti za relacija maz i maz ili neso seksualno tuku ednostavno tipot mu se voshituva na momceto kako objekt, kako umetnicko delo ,kako slika
e sega greskata na pisatelot e sho mnogu ke go zatupi i taa estetika ke ja pretvori vo pederska pedofilija samo poradi toa sto ima nedostatok na sodrzina vo prikaznata.jbg
 
Шагринска кожа. Иако има симболика сепак нема некоја поука јака која заслужува да ја прочиташ цела.
 
"Поле". Ја почнав, стигнав до 50 страна според принципот "прочитај 1 ред прескочи 5", надевајќи се дека ќе почне да се дешава нешто. И ништо не се деси. Ко учебник по физика да читав. Кошмар. Не ја препорачувам.
 
''Смртта на Иван Илич''.Не би ви ја препорачала да ја читате посебно ако се наоѓате во некој раздразнет период од животот или ако сте под тешка депресија.Значи вака отприлика:се опишува фазата низ која поминува еден човек(судија по се изгледа беше)Иван Илич,кој имал прескасен живот,добар статус,фамилија,но на крај се разболува и потоа се опишува во детали неговото страдање и тоа истакнувам уште еднаш ВО ДЕТАЛИ.Главниот лик ќе биде приморан да го напушти своето работно место и болеста го турка во постела од која веќе нема ни да стане,и потоа цело време се прашува зошто ова нему му се случува и доаѓа до заклучок дека погрешно го изживеал својот живот и поради тоа Господ го казнил,всушноста тој е престрашен од смртта и на крајот после толку страдање доаѓа пресудниот час кога смртта доаѓа по него и наеднаш го снемува тој страв од смртта,бла бла бла...Јас барем вака до доживеав делото...
 
Не знам зошто сте толку против Коељо настроени.
Исто и против сите лектири?!!?
Од лектирите, најлоша дефинитивно ,,Малиот принц,, :Кога имав 6 години во една книга за џунглата видов слика од змијата Боа.
Зошто на деца од 4 одделение им даваат вакви книги?!?!
А инаку никогаш, во никој случај не би препорачала книги како таа што е спомната во првиот пост.Книги како ,, Моќта на потсвеста,, , ,,Водич за состаноци,, , ,,Инстант дечко,, или било што, што ги има близначките Олсен на корица.
Исто не би ја препорачала ,,Небесна и земна љубов,, -авторот си измислува зборови при пишувањето а и стилот е како читанка за 1 одделение
,,Мојот таен живот,, - нема да коментирам ништо за книгава освен дека попрепорачливо е да читате еротска колумна или playboy.
 
Брокер ...
The_Broker_Grisham_Novel.jpg
убава тема глупаво предадена ..
 
Шагринска Кожа-Оноре Де Балзак
попусто потрошени листови и мастило.
 
Не знам зошто сте толку против Коељо настроени.
Исто и против сите лектири?!!?
Од лектирите, најлоша дефинитивно ,,Малиот принц,, :Кога имав 6 години во една книга за џунглата видов слика од змијата Боа.
Зошто на деца од 4 одделение им даваат вакви книги?!?!
А инаку никогаш, во никој случај не би препорачала книги како таа што е спомната во првиот пост.Книги како ,, Моќта на потсвеста,, , ,,Водич за состаноци,, , ,,Инстант дечко,, или било што, што ги има близначките Олсен на корица.

Сосема се согласувам. Освен за "Малиот принц". Книгата е убава, ама точно е тоа дека не е за деца од 4 одделение. Јас кога ја прочитав тогаш ми беше многу ужасна, одвај ја читав, со сила. После неколку години повторно ми дојде в раце и многу ми се допадна, ептен.
 
Нема поука??

Не дека нема, но поуката е прилично плитка и средношколска, веројатно затоа и се чита во прва година :smir: А и во прва, ако си малце посозреан, книгата ќе ти биде губење време :toe:
 
Не знам зошто сте толку против Коељо настроени.
Исто и против сите лектири?!!?
Од лектирите, најлоша дефинитивно ,,Малиот принц,, :Кога имав 6 години во една книга за џунглата видов слика од змијата Боа.
Зошто на деца од 4 одделение им даваат вакви книги?!?!
А мене па не ми е јасно каде во делот ,,Вртење во круг со шваљерот на жена ти која ја бараш по секти"("Захир"), наоѓате нешто налик интелегентно, а па камо ли метафизика, тајните на животот, фасцинатно...

"Малиот принц" е една од ретко добра книга. Јас препорачувам да се чита еднаш на 6 години. И секој пат ќе ја сфаќаш различно, во зависност од тоа колку си се развила ко личност. За разлика од "Малечката Фадета", која мене ми беше за лектира во 3 година гимназија.
 
НЕ би ја препорачал Дијанетика зашто е состав на група која е секта.
Будење зашто е многу контрадикторна и ке речете вов кога ке ја прочитате ама после ке најдете милион контрадикторности.
 
"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:
 
НЕ би ја препорачал Дијанетика зашто е состав на група која е секта.
Будење зашто е многу контрадикторна и ке речете вов кога ке ја прочитате ама после ке најдете милион контрадикторности.

Добар дел од дијанетика е заснована на медицински факти, може и некој педер да ја напишал, ама таја е пак со факти(поголемиот дел)! Инаку самата книга си е доста комплицрана и бара некои поголеми општи познавања и мислам дека некои помлади читатели(како мене:)) не би можеле да ја раберат во целост само од едно читање!

Шагринска Кожа-Оноре Де Балзак
попусто потрошени листови и мастило.

Коментар од најголемиот просветен писател во XVIII век?:tapp: Сигурно ни си ја прочитал/а а само ја имаш препишано од некој кој незнаел добро да ја раскаже.

Иначе, да се вратам на темата, книга која дефинитивно не ја препорачувам, потенцирам: на луѓе со мал лексикон и без искуство за книги надвор од школските лектири е ,,Тајните на Марија Магдалена‘‘!

"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:

Безразлика, крпен живот дава информации за тоа како живееле луѓето во некој период во македонија, ни дава реални податоци за тоа какви биле обичаите, какви биле ограничувањата на луѓето, пишано со доста реални параметри, во книгата има и љубов, и баратски поделби, омраза, злоба, дури и иновација(ако добро памтам, за првото девоче во македонија што идело да учи....)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom