Еве оште во началото на минатиот век што пишува NYTimes:
Samo steta sto ne go davas celiot text i koj e avtorot na istiot. Toa e text napisan od eden evrej, kogo dvorot sofiski dobro go potplakase za propagandni celi i zatoa toj covek samo nekolku pati izvestuval za Makedonija.
By the way, ne mi e jasno zosto ne se banira tatarov koga siri propaganda na forum politika.
Stom si tuka, najubavo da dades nekoe pisanie od vas bugarin, kako na primer sekretarot na bugarskata egzarhija vo Makedonija, Slavejkov od 1871 g. Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајки ги Македонците кои себеси се сметале за потомци на античките Македонци, додека други пак за чисти словени, но не и бугари; приврзаниците на обете македонски партии ги нарекува "македонисти". Славејков пишува: "...
Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени.
Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни".
Tреба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статија на Петко Рачов Славејков в'в вестник ”Македонија”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по С'брани с'чиненија, т. 7. Публицистика, С: Б'лгарски писател, 1981 г., стр. 21 – 24).