@Pejo , прашај го било кој фан на Јуве дали беа задоволни од епилогот после остатокот од казните кои ги добија Фиорентина , Милан , Лацио и Реџина мислам .
Многу јасно дека ке ти одговорат Не , и да беше било која друга екипа надвор од големата 4ка , верувај дека немаше да и биде дозволен настап во ЛШ , самото реноме кое го има Милан беше причината за истото , нешто за што најмногу негодуваа Јувентус , иако и они не се свесни дека доколку го немаа стекнатото реноме , сега ке беа во Серија Б по претходното освојување на пониските рангови .
А јас најзадоволен ке бев доколку Калчополи воопшто не егзистираше , т.е. причините за истото . Самото гледање на Калчото го изгуби оној сјај што го имаше пред Калчополи а за тоа е најмалку виновен Интер .
Воопшто не се гордеам со дадената Титула , а и со титулата што следуваше наредната сезона , али имавме некој избор , Интер е виновен што друг се занимаваше со мафијашки работи ?!
Али онаа која Интер ја освои оваа сезона , беше она вистинското за мене , а наредната сезона , ке биде уште послатка доколку нормално Интер ја освои за што и се надевам , нема веќе да го имате изборот Калчополи како изговор за заслуженото Скудето .
Syn,анализава ти е повеќе од точна..Јуве најмногу си го окрка од Калчополи, Милан се провлече до Лига на Шампионите, и тоа си е тоа
И годинава сакаа на сличен начин да влезат низ мала врата пак во ЛШ, ама не им успеа..Ама ако судот во Италија не ги осуди, Господ е голем, па затоа годинава ќе си играат во УЕФА..И јас сум фан на Јуве, и милион пати имам признаено, ако си местеле, нека си ги сносат последиците, но да не бидат само црна овца, односно жртвено јагне..Нема големо, мало злодело..Или местиш, или неместиш..Или си валкан или не си..Во Италија рака на срце нема никој невалкан..Сите кој повеќе кој помалку наместиле натпревар, впрочем тоа денес со појавата на кладилниците е нормална работа..Не би ме чудело ако за 2-3 години се местат дури и финалиња во ЛШ, Уефа Куп..Кладилниците се најголемата закана за фудбалот..Кладилниците се смрт за фудбалот..Се вртат огромни пари, мафија, се перат пари, се поткупуваат играчи, и кога ќе се ушемаат играчите, излегвање нема,дури и да сакаат, тие се врзани во синџирот, дури имаат и закани за физичка ликвидација..Јувентус си ја одлежа казната, и што има повеќе нејасно?Ако си местат пак, пак ќе ги фатат и тогаш ќе поминат со многу полошо од сега..А да се навратам на муабетот за Интер на Syn..Прав навивач на Интер не ја смета онаа титула освоена на „зелена маса“, јас би ја нарекол..Дури и Матераци тоа на неколку наврати го има напоменато..Другите титули на Интер, од моја страна се честитано, и нема тука што..Ако во тоа време местеле, може ќе се научи можеби не..Инаку, јас од играта на Јуве сум презадоволен, лани не пратеше и малку малер инаку ќе бевме многу поконкурентни на Интер и Рома..Се повреди на 5тиот натпревар Андраде (најјакото засилување на Јуве), едно време беше повреден Буфон, каде што го замени Беларди месечарот, кој достојно одбрани само против дуелот со Интер (првиот) за купот..Примивме многу смешни голови заради него, но како и да е..Видно бевме оштетени на два натпревари (судиите на овие натпревари добија суспензии) со Реџина и со Наполи, со Наполи веќе беше апла видливо тука дека не се работи за судиска грешка, туку дека има замешано прсти некоја „виша“ сила..Но како и да е, сепак Јуве ја исполни зацртаната цел, а тоа е пласман во Лигата на шампионите..Инаку да се навратам, на темата..Нормално за секој клуб е да се има конкуренти..Во Италија, Јуве,Интер,Милан во Шпанија,Реал,Барса,Валенсија,Атлетико, во Англија Манчестер Ј., Челзи,Арсенал и Ливерпул..И кој од овие навивачи не се препираат меѓусебно?Сите...Омраза е многу тежок збор
брат остај, не се замарај со луѓе шо очигледно повеќе намерата им е да тепаат време одколку да кажат нешто квалитетно. бар некои од навивачиве на Јуве да да имаа глеано еден од натпреварите помеѓу Интер и Јуве изминатава сезона (особено оној ВТОРИОТ) немаше да лупаат глупости од типот “Интер имал судиска помош“. тоа е само љубомора. Јуве беше казнет поради судиска помош што ја добиваше (докажано на суд!) и се ослепени од љубомора. и Каљари да ги освојаше Скудетата последниве сезони, и по него ќе фрлаа со дрва и камења одма после натпреварот на кој ќе го победеа со гол од чист офсајд. тоа ти е...
Ослепени од љубомора?Зошто да бидам ослепен од љубомора Хари Потер?Навивам за тим со најмногу титули во Италија, со најголема традиција, и за тим кој има најмногу навивачи во Италија.Има потреба да бидам љубоморен?Замисли, прек-лани Јуве играше во Сериа Б, а гледаноста на Сериа А се намали за 40%, а на Сериа Б се зголеми за 70%, гледај колку тоа само значи за Италијанскиот фидбал тој Јувентус..Иако играше во Сериа Б, Јувентус сепак имаше најмногу навивачи во Италија...Ете пример од 100 навивачи,50 навиваа за Јуве,25 за Интер 25 за Милан..Од трите тима..Јас сум горд,што навивам за Јувентус, и да оди во Сериа Ц јас пак ќе навивам за него.. Јас не сум со клубот само кога ќе освојува Шампионски титули...Јас сум со клубот и кога е на дното и кога е на врвот..Чудна работа искрено, и ми се јави како феномен минатата сезона..Видовме многу судиски грешки во корист на Интер (немојте да скокате, не реков дека се наместени, ама факт е дека постоеја, со офсајд Интер победи против Катанија, против Емполи имаше многу судиски грешки итн да не отварам стари рани)...Ама тогаш симпатизерите на Интер велеа, аман, судиски грешки, се случуваат...А кога Каморанези постигна гол од офсајд, токму против Интер, и тоа беше судиска грешка, многу од фановите на Интер обвинија дека повторно местат..Значи,кога грешаваат во корист на Интер стварно грешат, а ако згрешат против Интер одма се бунат..Лани судењето беше КАТАСТРОФАЛНО..На крајот на сезоната се подобри,ама општо земено беше катастрофа..