Го мразам овој клуб затоа што...

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Не сум слеп тоа е мое мислење.Моџи правел такви збрки и во други клубови како што знам.Немам намера да се карам со вас. HATE INTER!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.690
Поени од реакции
48.908
еј пејо ај да не ја спомнуваме таа титула на зелена маса да не беше така тешко дека милан ќе земеше лига на шампиони нели ?
не те сфаќам баш,објасни што има врска на Милан титулата во ЛШ со таа на Интер??

И да се надоврзам до Пејо , колку што таа титула за Интер е славна , толку е и славен начинот на кој на Милан им беше овозможен настап во ЛШ таа сезона , апсурдно беше некој да оди во Серија Б , друг да биде казнет со 21 бод а Милан да оди во ЛШ .
едит сватив.
Вртиме во круг пак со тој Калчополи,таму си имаше комисии судења и пресуда во зависност од престапот секој клуб си доби соодветна казна,на Милан престапот беше казнет со бодови кои за разлика од Лацио и Фиорентина не беа скратени после и и им беше дозволен настап во ЛШ ,можеби и најверојатно пошто се друго ке беше чист зијан за Италијанскиот фудбал во меѓународни рамки да праиме озбилен муабет.
Сеа јас не знам вие што сакате и кој поим за правда го имате во глава,можда би биле најзадоволни ако на Јуве и Милан им се забрани постоење ама сва среќа што светов на фудбалот не ги есапи многу желбите на Интер.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.918
Поени од реакции
44.923
@Pejo , прашај го било кој фан на Јуве дали беа задоволни од епилогот после остатокот од казните кои ги добија Фиорентина , Милан , Лацио и Реџина мислам .
Многу јасно дека ке ти одговорат Не , и да беше било која друга екипа надвор од големата 4ка , верувај дека немаше да и биде дозволен настап во ЛШ , самото реноме кое го има Милан беше причината за истото , нешто за што најмногу негодуваа Јувентус , иако и они не се свесни дека доколку го немаа стекнатото реноме , сега ке беа во Серија Б по претходното освојување на пониските рангови .

А јас најзадоволен ке бев доколку Калчополи воопшто не егзистираше , т.е. причините за истото . Самото гледање на Калчото го изгуби оној сјај што го имаше пред Калчополи а за тоа е најмалку виновен Интер .
Воопшто не се гордеам со дадената Титула , а и со титулата што следуваше наредната сезона , али имавме некој избор , Интер е виновен што друг се занимаваше со мафијашки работи ?!
Али онаа која Интер ја освои оваа сезона , беше она вистинското за мене , а наредната сезона , ке биде уште послатка доколку нормално Интер ја освои за што и се надевам , нема веќе да го имате изборот Калчополи како изговор за заслуженото Скудето .
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
абе ти слеп си или што е работата ? интер имаше судиска помош ? ај да не разглабам многу доволно е да се видат двата натпревари против јуве .
првиот
недвед со очигледна намера му ја скрши ногата на фиго не доби ни жолт картон. киелини ... чудо само како преживеа ибрахимович по неколкуте стартови. повторни ни жолт картон. е сега интер од друга страна за непостоечки фаули добиваше црвени картони али битно интер добивал помош од судиите.
за вториот натпревар пааа и не морам да кажувам како победи јуве нели ? ај другпат напрај си концепт и не тропај зелени.

еј пејо ај да не ја спомнуваме таа титула на зелена маса да не беше така тешко дека милан ќе земеше лига на шампиони нели ?
брат остај, не се замарај со луѓе шо очигледно повеќе намерата им е да тепаат време одколку да кажат нешто квалитетно. бар некои од навивачиве на Јуве да да имаа глеано еден од натпреварите помеѓу Интер и Јуве изминатава сезона (особено оној ВТОРИОТ) немаше да лупаат глупости од типот “Интер имал судиска помош“. тоа е само љубомора. Јуве беше казнет поради судиска помош што ја добиваше (докажано на суд!) и се ослепени од љубомора. и Каљари да ги освојаше Скудетата последниве сезони, и по него ќе фрлаа со дрва и камења одма после натпреварот на кој ќе го победеа со гол од чист офсајд. тоа ти е...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.596
@Pejo , прашај го било кој фан на Јуве дали беа задоволни од епилогот после остатокот од казните кои ги добија Фиорентина , Милан , Лацио и Реџина мислам .
Многу јасно дека ке ти одговорат Не , и да беше било која друга екипа надвор од големата 4ка , верувај дека немаше да и биде дозволен настап во ЛШ , самото реноме кое го има Милан беше причината за истото , нешто за што најмногу негодуваа Јувентус , иако и они не се свесни дека доколку го немаа стекнатото реноме , сега ке беа во Серија Б по претходното освојување на пониските рангови .

А јас најзадоволен ке бев доколку Калчополи воопшто не егзистираше , т.е. причините за истото . Самото гледање на Калчото го изгуби оној сјај што го имаше пред Калчополи а за тоа е најмалку виновен Интер .
Воопшто не се гордеам со дадената Титула , а и со титулата што следуваше наредната сезона , али имавме некој избор , Интер е виновен што друг се занимаваше со мафијашки работи ?!
Али онаа која Интер ја освои оваа сезона , беше она вистинското за мене , а наредната сезона , ке биде уште послатка доколку нормално Интер ја освои за што и се надевам , нема веќе да го имате изборот Калчополи како изговор за заслуженото Скудето .
Syn,анализава ти е повеќе од точна..Јуве најмногу си го окрка од Калчополи, Милан се провлече до Лига на Шампионите, и тоа си е тоа:toe:И годинава сакаа на сличен начин да влезат низ мала врата пак во ЛШ, ама не им успеа..Ама ако судот во Италија не ги осуди, Господ е голем, па затоа годинава ќе си играат во УЕФА..И јас сум фан на Јуве, и милион пати имам признаено, ако си местеле, нека си ги сносат последиците, но да не бидат само црна овца, односно жртвено јагне..Нема големо, мало злодело..Или местиш, или неместиш..Или си валкан или не си..Во Италија рака на срце нема никој невалкан..Сите кој повеќе кој помалку наместиле натпревар, впрочем тоа денес со појавата на кладилниците е нормална работа..Не би ме чудело ако за 2-3 години се местат дури и финалиња во ЛШ, Уефа Куп..Кладилниците се најголемата закана за фудбалот..Кладилниците се смрт за фудбалот..Се вртат огромни пари, мафија, се перат пари, се поткупуваат играчи, и кога ќе се ушемаат играчите, излегвање нема,дури и да сакаат, тие се врзани во синџирот, дури имаат и закани за физичка ликвидација..Јувентус си ја одлежа казната, и што има повеќе нејасно?Ако си местат пак, пак ќе ги фатат и тогаш ќе поминат со многу полошо од сега..А да се навратам на муабетот за Интер на Syn..Прав навивач на Интер не ја смета онаа титула освоена на „зелена маса“, јас би ја нарекол..Дури и Матераци тоа на неколку наврати го има напоменато..Другите титули на Интер, од моја страна се честитано, и нема тука што..Ако во тоа време местеле, може ќе се научи можеби не..Инаку, јас од играта на Јуве сум презадоволен, лани не пратеше и малку малер инаку ќе бевме многу поконкурентни на Интер и Рома..Се повреди на 5тиот натпревар Андраде (најјакото засилување на Јуве), едно време беше повреден Буфон, каде што го замени Беларди месечарот, кој достојно одбрани само против дуелот со Интер (првиот) за купот..Примивме многу смешни голови заради него, но како и да е..Видно бевме оштетени на два натпревари (судиите на овие натпревари добија суспензии) со Реџина и со Наполи, со Наполи веќе беше апла видливо тука дека не се работи за судиска грешка, туку дека има замешано прсти некоја „виша“ сила..Но како и да е, сепак Јуве ја исполни зацртаната цел, а тоа е пласман во Лигата на шампионите..Инаку да се навратам, на темата..Нормално за секој клуб е да се има конкуренти..Во Италија, Јуве,Интер,Милан во Шпанија,Реал,Барса,Валенсија,Атлетико, во Англија Манчестер Ј., Челзи,Арсенал и Ливерпул..И кој од овие навивачи не се препираат меѓусебно?Сите...Омраза е многу тежок збор

брат остај, не се замарај со луѓе шо очигледно повеќе намерата им е да тепаат време одколку да кажат нешто квалитетно. бар некои од навивачиве на Јуве да да имаа глеано еден од натпреварите помеѓу Интер и Јуве изминатава сезона (особено оној ВТОРИОТ) немаше да лупаат глупости од типот “Интер имал судиска помош“. тоа е само љубомора. Јуве беше казнет поради судиска помош што ја добиваше (докажано на суд!) и се ослепени од љубомора. и Каљари да ги освојаше Скудетата последниве сезони, и по него ќе фрлаа со дрва и камења одма после натпреварот на кој ќе го победеа со гол од чист офсајд. тоа ти е...
Ослепени од љубомора?Зошто да бидам ослепен од љубомора Хари Потер?Навивам за тим со најмногу титули во Италија, со најголема традиција, и за тим кој има најмногу навивачи во Италија.Има потреба да бидам љубоморен?Замисли, прек-лани Јуве играше во Сериа Б, а гледаноста на Сериа А се намали за 40%, а на Сериа Б се зголеми за 70%, гледај колку тоа само значи за Италијанскиот фидбал тој Јувентус..Иако играше во Сериа Б, Јувентус сепак имаше најмногу навивачи во Италија...Ете пример од 100 навивачи,50 навиваа за Јуве,25 за Интер 25 за Милан..Од трите тима..Јас сум горд,што навивам за Јувентус, и да оди во Сериа Ц јас пак ќе навивам за него.. Јас не сум со клубот само кога ќе освојува Шампионски титули...Јас сум со клубот и кога е на дното и кога е на врвот..Чудна работа искрено, и ми се јави како феномен минатата сезона..Видовме многу судиски грешки во корист на Интер (немојте да скокате, не реков дека се наместени, ама факт е дека постоеја, со офсајд Интер победи против Катанија, против Емполи имаше многу судиски грешки итн да не отварам стари рани)...Ама тогаш симпатизерите на Интер велеа, аман, судиски грешки, се случуваат...А кога Каморанези постигна гол од офсајд, токму против Интер, и тоа беше судиска грешка, многу од фановите на Интер обвинија дека повторно местат..Значи,кога грешаваат во корист на Интер стварно грешат, а ако згрешат против Интер одма се бунат..Лани судењето беше КАТАСТРОФАЛНО..На крајот на сезоната се подобри,ама општо земено беше катастрофа..
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
Со Емполи судиски грешки? те молам да појасниш за што зборуваш. во гости Интер тепаше 2:0 и немаше ништо спорно, а дома тепаше 1:0 со гол од пенал откако играч на Емполи играше со рака во шестнаесетникот (имаш клипови на јутјуб!) а башка имаше и пенал за Емполи кој го промашија. појасни и за Катанија оти ама баш ич не ми паѓа на памет за што станува збор. знам дека имаше негодувања за пеналот против Парма, но откако играчот што го направи пеналот (Коуту) сам изјави дека било пенал, сите заќутеа.

А поништениот гол на Ибра против Удинезе кој не чинеше победа? а голот од офсајд на Каморанези кој не чинеше бод? а црвените картони на секој втор натпревар? ех, па тоа ли е судиска помош? грешките се составен дел од фудбалот, но грешки се случуваат и за и против! грешки имали и во корист на Интер и против Интер исто како што имаше и во корист на Јуве (баш против Интер, офсајдот) и против Јуве (со Наполи).

а да, излегов од главната реплика. зошто љубомора? а зошто не? што ви згрешил Интер на вас фановите на Јуве? тоа што ја доби таа титула на зелена маса? па знаете ли воопшто кој му ја даде таа титула? ФИГЦ реши титула за таа сезона да не му биде доделена никоми исто како и за претходната, но бидејќи се работеше за актуелна, штоптуку завршена сезона, УЕФА, повторувам УЕФА инсистираше дека мора да има официјален шампион и титулата да му доделена на Интер. значи не на барање на навивачите на Интер, не на барање на играчите на Интер, не на барање на ФИГЦ, не на барање на Лега Калчо, не на барање на спортскиот суд во Наполи, туку на барање на УЕФА! а ако мислите дека Интер е толку моќен да влијае на УЕФА, тогаш имате енормна фантазија. дали на пример ако на Реџина и беше доделена таа титула ќе ја мразевте и неа толку?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.596
Хари Потер, и јас истото го викам, одма грешно си сватил

Видовме многу судиски грешки во корист на Интер (немојте да скокате, не реков дека се наместени, ама факт е дека постоеја, со офсајд Интер победи против Катанија, против Емполи имаше многу судиски грешки итн да не отварам стари рани)...Ама тогаш симпатизерите на Интер велеа, аман, судиски грешки, се случуваат...А кога Каморанези постигна гол од офсајд, токму против Интер, и тоа беше судиска грешка, многу од фановите на Интер обвинија дека повторно местат..Значи,кога грешаваат во корист на Интер стварно грешат, а ако згрешат против Интер одма се бунат..Лани судењето беше КАТАСТРОФАЛНО..На крајот на сезоната се подобри,ама општо земено беше катастрофа..
Истото го тврдам како и ти..Се прават судиски грешки..Но различно се толкуваат..Јас годинава никаде не сум го обвинил Интер дека мести..Едино сум рекол дека ако мести, знае што го чека..

а да, излегов од главната реплика. зошто љубомора? а зошто не?1. што ви згрешил Интер на вас фановите на Јуве? тоа што ја доби таа титула на зелена маса? па знаете ли воопшто кој му ја даде таа титула? ФИГЦ реши титула за таа сезона да не му биде доделена никоми исто како и за претходната, но бидејќи се работеше за актуелна, штоптуку завршена сезона, УЕФА, повторувам УЕФА инсистираше дека мора да има официјален шампион и титулата да му доделена на Интер. значи не на барање на навивачите на Интер, не на барање на играчите на Интер, не на барање на ФИГЦ, не на барање на Лега Калчо, не на барање на спортскиот суд во Наполи, туку на барање на УЕФА! 2.а ако мислите дека Интер е толку моќен да влијае на УЕФА, тогаш имате енормна фантазија. дали на пример ако на Реџина и беше доделена таа титула ќе ја мразевте и неа толку?
Една работа другар..Ептен погрешна претстава имаш ти..

  • Како прво и прво,јас реков дека таа титула не е почитувана од навивачите (од оние вистинските)колку и оние што се изборени на зелена трева, тоа го има цел тим на Интер признато, и никаде не спомнав дека Интер наредил да им се даде титулата...
Прав навивач на Интер не ја смета онаа титула освоена на „зелена маса“, јас би ја нарекол..Дури и Матераци тоа на неколку наврати го има напоменато..Другите титули на Интер, од моја страна се честитано, и нема тука што
  • Јас реков..За ова милион пати имаме спорено и никогаш нема да најдиме заеднички јазик..Само што ќе губиме нерви,време за да спориме тука..Милион пати имаме спорено..Знаеме каква беше улогата на Морати во Калчополи (веројатно, лентите од прислушкуваниот Моџи не паднале од небо)..
  • Морати беше порано еднаш обвинет за прислушкување, и доби ослободителна пресуда (како еден од генералните менацери на Телекомот)..
  • Не те ли чуди малку како Јуве паѓа во Сериа Б, а Ибра и Виеира му ги продава на Интер покрај толку понуди (од Барса, Реал?)Не си се запрашал?На конкурент да му продаваш играчи ако имаш еднакви понуди од други клубови?Не ти е чудно?Морати поседуваше докази кои не беа обелоденети, и беше постигнат договор..А зошто никој не покрена постапка против прислушкувачот?:toe:
Овие муабети ми се милион пати повторувани така да не планирам повторно да се препирам за овие работи..Моите мислења околу ова ги имаш во темата Италијанско Првенство..Поздрав..
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
мојот прв reply се однесуваше главно на останатите јувентини кои на страна 2 тресеа некои работи, за тебе знам дека редовно ги следиш настапите на Јуве и знаеш што е грешка а што не. сакав само да им кажам некои и работи на оние кои рекоа “го мразам Интер зашо му ја зема титулата на Јуве на зелена маса“.
 
Член од
30 септември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
1
go mrazam Celzi najmnogu zs mislat deka ako Abramovic dava mnogu pari za igraci ke bidat najdobri, ama ete ubavo im se vrati vo finaleto na Liga na Sampioni, more go mrazam i Abramovic, go zaeba cel fudbal, i vtoro, go mrazam Real Madrid zs se isti kako Celzi, bidejki se ista pesna, osobeno poslednive godini,

isto mislenje sum i jas:helou:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ги мрзам најмногу на светов Арсенал.
Зошто?
Пошто порано играше анри и ми идеше на нерви сосе цел арсенал.
После на пријателски повредуваат играчи на шест месеци.
Да даде господ да се повредуваат на 6 години.
После ги мрзам барселона.
Прво пошо игра анри и второ пошо се конкуренти на реал.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
овие интер се вадат на јувентус дека местеле и сеа морало цела деценија да местат,со ми спомнувате некои 90 години очигледно дека уште ве боли тоа дека интер увек се бореше за 3 4 место,интер е голем клуб само по играчите кои што играле,кај бевте 18 години,кај бевте пред калчополи?или јуве тогаш пак ви беше крив што бевте за нигде?кој е тој голем клуб што не може да освои титула 18 години,ај да не освоиш титула у ЛШ 18 години али да не освоиш титула у свое првенство толку време е богами.. а тие што играле роналдо и остали никогаш немало хемија меѓу нив,никогаш не играле како тим,затоа увек беа 3 4 место а јуве и милан увек се бореа за титула и некој пиша дека вистинското дерби е интер - јуве никакоооооооооооо вистинското дерби е милан - јуве,за разлика од интер,милан не ги мрзам толку поради тоа што увек се јаделе со јуве, а интер само можеше да гледа од страна,интер никад нема да биде како јуве,најважното у фудбалот се титулите,така да зборете колку сакате,тешете се,juve is the best
 

Арамбаша

One name, One love Macedonia
Член од
2 јуни 2008
Мислења
309
Поени од реакции
11
епа штом титулите од 1800 година се најважни дајте сите ќе навиваме за Реал а?
И ич не гледам веќе фубал, само ќе се ваѓам со титулите...гледајте сегашност и блиско минато(неколку години)...


Инаку за мене најомразен е Шкендија...зашо е албански тим и зашо е ривал на Тетекс, но ги згазивме последниов натпревар 0 - 2...нека им кисне..:baeh:
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
ja gi mrzam mancester i totenham zaso se rivali ebeni na arsenal :mad::mad: i sakam da izginat use 1 avion nek im pagja na mrsuline ebeni u gz:drk::drk:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Кај бе Арсенал ривал на Манчестер???Можеби се ривали со Тотенхем,ама од Манчестер се далеку неколку светлосни години...:drk::pusk:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Јувентус, затоа што никоаш не играл фер.Во гените на играчите им запишуваат дека мора со контроверзии да победуваат.Мене не ми е јасно како може да ги плаќаат Реџина,Киево,Каљари за да ги победат.За мене тоа е понижување.
Тоа е тоа :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom