Рајмз, те поздрави малиов
Тој малиот, е стварно мал...малоумен. Шпоновите во Струга барем даваат услуга
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Неговите ѓаури во Охрид пљукаат по него. Батали тоа, него, да се надоврзам нешто со муабетот на Точкест и русинките во Будва мислам дека беше...
Момче, ако не креснеш во Скопје, тогаш џабе идеш Будва..једино место каде полесно ќе ќариш нешто, е Прага...ама па таму е 50 евра влез во дискотека така да батали, поевтино е Охрид.
Ебем ли му матер, сте се нашле кој од кој да критикувате Охрид, а 90% Скопјани во Охрид идат со паштети, виршли и турско кафе на плинска боца. Таквите луѓе не ми се репер за тоа дали услугата била добра или не. Јас секогаш кога сум бил во Охрид, супер сум си поминал, и замисли, шпонец, нали? Иди ваму, иди таму, луѓе на нозе те пречекуваат, ако сакаш и сопствено такси од кај сакаш до каде сакаш тебе да те чека, шо сакаш да пиеш, па и чаша вода, СО ЛЕД, замисли..да да, со лед! ...се зависи од тоа кого знаеш, колку го знаеш, и колку си спремен да го платиш тоа "знаење"...јебига, и во Скопје е така. Знаеш некој на врата, влагаш, ако не знаеш, плаќаш 150 денари за во Хард Рок, а музиката ко внатре ко надвор, исто се слуша..дури надвор подобра вентилација има.
Реков, се повторувам, сакате промени? Почнете од себе. Трошете повеќе, ценете си го своето. Иронично е што тој што има да троши 500 евра, воопшто не ни мисли да иде во Охрид, авионот и Анталија. Не ни дискутира воопшто. Е сега, кај лежи зајакот. Земи 500 евра, иди во Охрид да те видам како ќе поминеш, и дали келнерот криво ќе те гледа,и дали некој ќе ти пљукне на кафе. ТУКА драги мои, е вистинскиот момент. Што кон нешто сопствено гледаме со презир. Будба е подобро од Охрид, ако веќе трошам 500 евра, ќе идам во Будва...ја мајката??? Епа ако ние не трошиме во Охрид, а трошиме кај другите, како сакате Охриѓани да не почитуваат и да не пречекуваат убаво??
300 денари кревет, добро, скупо било, бабата јадела бурек ако иделе гости...што ти ја знам што. Епа драги мои, соберете се 5-6 души, платете 40 евра по вечер, поделете ги трошоците (ако не ве бива за математика тоа е 400 денари по глава) и ете ти апартман со клима со кључ на рака, па ако сакаш и јавна куќа изигравај. Ама не...тоа скупо е.
Многу е просто драги мои...Имате лет до Минхен...имаш економска класа, каде што ти даваат кифла со маргарин да јадеш, имаш и бизнис класа, каде што ти даваат мед и млеко, џони вокер со фстаци, и плава стујардеса ти тресе цицки пред фаца...Ист авион, иста компанија, иста услуга...разликата мили мои, е во цената.
Затоа Мистичен мислам дека темава е тресење зелени, и повеќе наликува на тинејџерски ремет, отколку нешто сериозно.