Пред точно 4 години бев последен пат во Охрид а пред тоа бев во Анталија во Турција. Дупло повеќе потрошив на недела дена во Охрид отколку 10 во Анталија во првокласен хотел. Вака баш и друга земја ќе видиш, ќе рашеташ, Троја, Босфор, Дарданели, Истанбул.
Што е тоа хамбургер 80 денари? На сликата изгледа па се фатени во ефтина тарифа, верувам дека сега е поскапо.
Ми се оди во Охрид само затоа што ме влечат спомени, потеклото, убавото време навечер, ама кога ќе ми текне на гостопримството ми се повраќа. Прво велат по телевизии Скопјанишчана не чинат, а потоа кога ќе се симнеш од автобуска те следат и ти викаат : Сакате смештај дечина? Ефтино е, по 300 денари.
Сфаќам дека има незгодни туристи, невоспитани, недоквакани, ама тоа не е причина со сите така да се однесуваат. Како ќе се однесува туристот, така ќе се поставиш и ти како домаќин. Секој со своја приказна.