Диктатура во врска

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
да ми дојде невикнат... да ми рече да станам... и јас со него да одам?:uvo:
и уште да верува дека јас ќе го направам тоа:nenene:
мислам тој дефинитивно треба да го има удрено шлепер...
неможам тоа да го сфатам... па уште и да останам со него...
ноу веј
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Замислете ја оваа ситуација : седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?
Прво, мислам дека нема шанси да се доведам во ваква ситуација, знам што можам да очекувам од тој што сум го избрала. Такви непријатни изненадувања тешко да се случат.

Ама ај хипотетички. Такво нешто ако се осмели да ми каже, ќе биде последното нешто што од негова уста стигнало до мои уши.
 

СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
ептен кретенска работа е ова со конкретниот случај, до толку да се оди во крајности со посесивноста е тема на која се дискутира со психолог, овде можеме само да нагаѓаме без да судиме на основа на доживеано.
ако одиме луцидно, такво нешто доколку би се случило, можам дотолку да излезам од контрола да ја растурам на психички план пред друштво/кафич/еден на еден, ќе неможе да се собере душевно со недели
ако сака да има нешто за влечење 24/7 нека си купи колба.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ај хипотетички... Девојката го изварала дечкото 2 дена пред тоа.

Тој дознава и реагира на познатиот начин.
Мислам, океј е примерот, ал пошо не знаеме лично шо се случува може да нагаѓаме ко јас сега, не? :smir:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Човеку, постојат особи, меѓу кои и жени, на кои им треба личност да ги води низ животот.
Можеби не вака у крајност како примерот, но сепак.
Тоа се личности на кои им се топли срцето од слични на ова понашања, бидејќи тоа го перцепираат како грижа и внимание.


Да не внимавав, ќе забегав.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ај хипотетички... Девојката го изварала дечкото 2 дена пред тоа.

Тој дознава и реагира на познатиот начин.
Мислам, океј е примерот, ал пошо не знаеме лично шо се случува може да нагаѓаме ко јас сега, не? :smir:
Поставив хипотетички пример и поентата на темата е како би постапиле луѓето доколку се случи тоа.(Хипотетички или не,не е битно)

Мислам,нормални се и расправии и дискусии,ама па некој да глуми Хитлер во врска ми е баш без врска.

Мене не ми се јасни тие однесувања.Лично,не е убаво ниту само да се ќути и да се голта секоја постапка која повредува и секогаш да се остава да биде по вољата на партнерот,ама па сега се глуми Сталин и тоа не е во ред.

Дури и да е во прашање изневерување (хипотетички),не е начин така пред сите да се прави скандал,ниту пак да не ги есапиш луѓето околу тебе,ни здраво и само дрско да му речеш некому СТАНУВАј.Може тоа и посуптилно да се прави.:smir:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Си чула за особи на кои патолошки докажано им е потреба личност да им наредува? :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Си чула за особи на кои патолошки докажано им е потреба личност да им наредува? :)
Не,ама како што поминува времето,почнувам да се уверувам во тоа.:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Си чула за особи на кои патолошки докажано им е потреба личност да им наредува? :)
И после ќе се чудат зошто Садо-Мазохистите имаат робовладетелски односи.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Човеку, постојат особи, меѓу кои и жени, на кои им треба личност да ги води низ животот.
Можеби не вака у крајност како примерот, но сепак.
Тоа се личности на кои им се топли срцето од слични на ова понашања, бидејќи тоа го перцепираат како грижа и внимание.


Да не внимавав, ќе забегав.
Си чула за особи на кои патолошки докажано им е потреба личност да им наредува? :)
И после ќе се чудат зошто Садо-Мазохистите имаат робовладетелски односи.

Ете, сите сте во право :back:.

Ама па гледано од друг аспект и тие таквите кои се експлоатирани и тепани си заслужуваат. Секој сам си е виновен за се што му се случува во животот. Можеби не се виновни и не го предизвикале таквиот начин на однесување на партнерот ама се виновни за тоа што го доживуваат од негова страна бидејќи можеле да ги средат работите. За секој проблем постои и решение. Ништо не е нерешливо.
Значи заклучокот е секој си е виновен за се што му се случува.
И мене ако недај боже ме снајде и јас ќе си го заслужам тоа ако не реагирам на време.
Затоа ги почитувам тие што се освестиле на време и што повторно се вратиле на својот пат.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Во принцип не сум човек кој ужива да му кажуваат што да прави,ниту пак уживам да насочувам некако.Сум за компромис и договор.Погоре спомнавте,тоа не се нормални луѓе,за нормални врски.Не сум имала вакво искуство и сигурна сум дека нема да го имам,ама никогаш не се знае,ваквите работи дури после доаѓаат,веќе кога ќе поминат моментите на освојување и импресии,а ако се случи...чао рагацо.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Брат ми е таков со женската,и искрено ја сожалувам..А мене тоа не смее никој да ми го направи затоа што повеќе нема да види ни трага од мене затоа што мене ме нервираат такви работи и тоа многуууууууу..
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Па ако е така тоа не е врска туку робовладетелско општество!!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
За жал имав ваква врска иако не до тој степен изразено и токму ради тоа и не траеше долго. На почетокот воопшто го немаше тоа однесување и со тек на време почна да искача на виделина, не како наредба ама у тој правец, пример: сметам дека не треба да пушиш, сметам дека не треба да искачаш толку многу со другарки секогаш заглавувате до касно, кај акате толку, не прај ова не прај она, љубоморни напади апсолутно без потреба, а мене ко што ме дал господ он колку повеќе форсира и ја тупи околу една работа,јас уште поише спротивното го праев. И отакако почнаа таквите испади и заебанции врската траеше уште 3недели и ставив крај еднаш засекогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom