Значи,прашањето ми е што мислите за диктаторите во врска?Што значи ем се болно љубоморни и посесивни,но тоа ај го тргаме на страна.
Мамини или татини ( а може и двете ) мази и мислат дека можат да контролираат што сакаат и кого сакаат.
Претежно таквите изиграваат и шефови во друштво, во школо, т.е. каде и да стапнат.
Бегам од нив како дракула од лук или крст, како и да е, само да не ми се во близина.
Замислете ја оваа ситуација :седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?
Ваквите пациентчиња ( и остали посесивни, љубоморни лиглиња од сличен вид ) се познаваат на километар, па се сомневам дека некогаш би завршила со таков за да се најдам во ваква максимално срамна ( не знам само за кого повеќе. Дали за мене зашто ќе помислат дека не сум можела боље да си најдам, па сум се фатила за такво малоумно створење или за него зашто е таков ) ситуација.
Но, ако ете, се случи некоја ненадејна промена кај дечко ми и да дојде до ваков испад, станувам и одамн по него. Кога ќе излеземе надовр ќе му страда меѓуножјето и фино лепо ќе се вратам пак назад.
Значи сте имале ваков случај со луѓе кај кои мора се по нивно на биде,нив им е све дозволено,а партнерот не смее да зуцне?
Знам дека повеќето би раскинале таква врска,но што е со оние кои не ја прекинуваат таквата врска?Зарем не е тоа измачување?
Јас лично не сум имала вакви инциденти ( пу пу, да чукнам во дрво ( *чука по глава* ) ), но знам пример за таква врска.
На почеток им беше прекрасно, ама после почнаа уцени за девојката да спие со него и еве, веќе повеќе од година врската им виси на конец.
Изневерувања ( ако воопшто можат така да се наречат ) имаат за извоз, ама ете, уште се “заедно“ зашто типчето влезе во ТЕЖОК пубертетски филм и се заканува со полиција и со тепање на следниот нејзин дечко ако му раскине.
Не знам што уште би додала, секакви може да се причините зашто партнерот упорно молчи и ги премижува тие понижувања.
Не дека се фалам или слично, но доволно сум свесна за тоа што го правам и за тоа какви последици би можело да има и екстремно многу сум внимателна за да не се најдам јас во говна до гуша на крај и да не можам да излезам од нив.