Медиуми, пишани и електронски и нивната објективност?

Кои според вас се најобјективни медиуми во Република Македонија:

  • A1

    Гласови: 21 21,9%
  • Канал 5

    Гласови: 7 7,3%
  • Сител

    Гласови: 5 5,2%
  • Телма

    Гласови: 4 4,2%
  • МТВ 1 и 2

    Гласови: 1 1,0%
  • Алсат

    Гласови: 2 2,1%
  • Вечер

    Гласови: 1 1,0%
  • Дневник

    Гласови: 5 5,2%
  • Утрински Весник

    Гласови: 5 5,2%
  • Канал 77

    Гласови: 3 3,1%
  • Ниеден

    Гласови: 42 43,8%

  • Вкупно гласачи
    96

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Имајќи во предвид дека во анкетата не може да се набројат повеќе од десет субјекти, наведени се 10-те (според мене), најгледани, најчитани и најслушани медиуми во државава, кои ја третираат политиката.

Кога ја почнав темата, првичната идеја за насловот ми беше "независноста на медиумите" Но насловот не би ја имал смислата своја откако ќе се воочи, дека скоро и да нема медиум во Македонија, било пишан или електронски кој е независен.

Сите тие се финансирани од моќните политички и бизнис центри, така да би било безпредметно да се разговара за нивната независност, туку за степенот на објективноста во зависните медиуми. Доколку грешам...нека ме поправи некој.


Втора работа, за која би сакал да подискутираме е, објективноста на новинарите, или барем оние кои мислат дека се новинари.

Сведоци сме за рушење на сите новинарски но и етички кодекси кај дел од новинарите, кои ја преминуваат секоја граница и полека нивната "објективност", преоѓа во безобразлук....така да имаме криза од квалитет на јавно информирање, и веродостојност на информациите кои ни ги пренесуваат.

Би сакал истите да ги ставиме на тапет со се' нивните емисии, колумни и мислења, и да прокоментираме за нивната "објективност" и нивниот "професионализам", но се тоа да биде во граници на нормалата, аргументирано и доколку е можно фактички поткрепено.

Паушалните обвинувања и деградации, не водат кон конструктивна дискусија, па доколку е можно да се избегнуваат.


Но...за да не биде дискусијата сведена само на напади и обвинувања, да ги спомнеме и пофалиме новинарите кои чесно и совесно си ја вршат својата работа, и без разлика на притисоците или заканите кои ги трпат од разноразни структури, остануваат доследни на нивниот професионализам, и работата која ја работат.

Медиумите и објективното информирање, се огледало за демократијата во една држава.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Објективност кај македонските медиуми...мисловна именка.
Сите си имаат поддршка од определен центар на моќ (политичка партија) и си работат во зависност од потребите на својот центар.
Толку!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прво, илузорно е да се дискутира за било каква објективност на медиумите. И не само на нашите, Македонски, туку и на оние светските.

Освен што се составени од индивидуи, секоја со свои претензии и симпатии, се и финансирани од финансиски могули, политички партии, итн., кои неминовно го одредуваат начинот на кој ќе се "филтрираат" информациите, и во чија "полза".

На пример, вестите на CNN...Преполни со Блискиот Исток и негово тематско демонизирање, како и хвалоспеви за дискутабилните акции на "големиот носител на демократија, САД". Анти-под за тоа, тешко дека ќе најдете. Само вашиот разум може да го оформи истиот и да погледне низ критичка призма врз дадените информации.

Што останува пак за земја ко Македонија, во која сеуште царува crony capitalism? Уште поалармантна состојба, и аналогно, поголема неопходност од резерва при восприемање на нештата пренесени од медиумите.

Некаква објективност, и независност на мислата може да постои само кај мали, не-афирмирани и финансиски слаби медиуми. Штом добијат на финансиска моќ и се популаризираат, почнуваат да играат како "големиот газда" свири.

Треба да се прифати дека медиумите се обликувачи на јавното мнение, кое моќниците го земаат во свои раце за да ја промовираат личната агенда. А, не некакви илуминатори, просветлувачи, кои ќе ја разбудат масата. За жал.

Затоа, најоптимално решение е восприемање на информации од што повеќе "спротиставени" медиуми, по што треба секој да си направи селекција и синтеза, најблиска до објективната реалност.
А, за тоа, е потребна пред се медиумска разноврсност.
Но, без илузии за некои објективни медиуми.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Медиумите кај нас неможат да бидат објективни, бидејќи нивната функција иако неофицијално е да ги перат мозоците на населението.
Жалното во тоа е што освен суптилната форма на перење мозок со наметнвање на мала врата проблематики кои во реалност имаат сосема друго светло и важност нашите медиуми односно пералници за мозоци се користата и со дезинформации.
Мој рецепт за следење на нашите медиуми е само имање во предвид дека најмногу 50 % од тоа што е кажано е реално и точно. Се друго е или шекулација, дезинформација, криење на некои детали кои се многу важни или извртување на инфомациите.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Чекај малце...Сител по грешка е ставен во темава или јас сум у збунка?
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
se toa e be perenje na mozoci,jas glasav za sitel kolku da pomini glasanjeto,inace ne veruvam vo nitu eden medium bilo nas bilo stranski.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Прво ада, доколку не разговараш за нешто, не се побуниш и не критикуваш, по автоматизам значи дека не ти смета, и дека се сложуваш со тоа.
Епа мене ми смета...и токму поради тоа Јас сакам да дискутирам по тоа.
Ми смета што одредени новинари, наместо да ја пренесат информацијата, тие ја толкуваат, ја вадат од контекст до крајна мера и те наведуваат на заклучок, дури и дирекно ти кажуваат како Ти треба да мислиш.
Со тоа...некој неписмен новинар, недостоен да го држи перото, кое патем партијата му го дала, ја потценува интелегенцијата моја, а верувам и интелегенцијата на многумина граѓани.


Второ.....не ме интересираат мене CNN, BBC или B92.
Ме интересираат само медиумите македонски.
Па побогу луѓе ние сме Македонци.
Културата ни е во генот.
Културата која несебично им ја дадовме на голем дел од светската популација.
Таа треба да биде наша доблест.
Ние треба само да ја негуваме и одржуваме...
И токму поради тоа, треба и да се разликуваме од нашите некултурни" и зли комшии.
Во тоа е и нашата предност.

Зарем треба да дозволиме јавното мнение да ни го креираат профитери на кои само процентот им е во главата.
Треба да им покажеме дека народот знае да ја цени само објективната информација.
А со примањето како сунѓер, на секакви глупости кои ќе ги истресат, само им го продолжуваме нивниот беден новинарски век, и им го зголемуваме профитот во нивниот џеб.

И затоа тапет.
Тапет за сите новинари/профитери, кои мислат дека новинарството почнува и завршува со нив.
Тапет за изместените морални вредности и за спуштањето на нивото на дискусија до најнизок степен.


Како прво би почнал со контраверзниот Драган Павловиќ, звани Латас.
Неговата "новинарска" кариера ја памeтам уште од деведесеттите.
Ги паметам и неговите "фајтерски" настапи и напади, во неговата политичка емисија наречена "Профил".
Уште на почетокот се гледаше дека од него ќе биде добар...........профитер.
После десетина години, Латас е истиот фајтер, истиот манипулант...
Различна е само бојата која ја застапува....луѓето кои му веруваат...и контото на неговата сметка.
Доказ за тоа е и неодамнешното кратко интервију за "ексклузив" на А1.
На прашањето, што прави латас овие денови.
Одговорот беше "ебам, шетам и уживам у слава"
Толку околу културата негова.
На прашањето, "дали е латас обоен?"
Следеше одговорот, "да, моментално во црвено"
Толку од неговата објективност.

Да не се разбереме погрешно.
Немам Јас ништо лично против Латас.
Он само си тера бизнис, и си ја сватил филозофијата на правење пари.
Крив е народот што го возвишува и слепо му верува.
Тогаш приклонетите кон СДСМ.
Денес Приклонетите кон ВМРО.
А гледам по примерот и искуството негово, почнаа да никнуваат и многу помали латасчиња.
Треба еднаш јасно да им се каже, дека народот на таквите веќе.........не им верува.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Ми пречи што во анкетата нема опција "НИЕДЕН МЕДИУМ".
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ми пречи што во анкетата нема опција "НИЕДЕН МЕДИУМ".
Првата замисла за анкетата ми беше со четиринаесет медиуми, и опција за ниеден.
Но откако видов дека има можност само за десет, неколку опции скратив.

П.С.
Доколку е можно админот да извади некој медиум по негова желба, и на тоа место да додаде опција "ниеден"
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
П.С.
Доколку е можно админот да извади некој медиум по негова желба, и на тоа место да додаде опција "ниеден"
Aко објективно гледаме :kesa: најдобро е да го извади од листата "комунистичкиот манифест" ака Утрински Весник или Ѕинговизија или Велија-рама :tv:

:)
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Еден од новинарите кои со задоволство ги слушам, е Столе Наумов од радиото "Канал 77".
Тој за секој настан, ја има вистинската поента.
Не ги штеди ни овие ни оние и нема читање меѓу редови.
Еве ја последната негова колумна "Слободен Удар", во врска со изборите и изборнитее резултати.......па проценете сами.

"Кој се најголемите губитници на изборите во неделата на први јуни?

ДУИ секако е меѓу најголемите. Толку лоша проценка, таков волунтаризам. политичка наивност па и самоубиствен политички нагон-се на едно место. Од готово си направија тешка вересија. Високиот рејтинг сега ништо не им значи. Повеке не се ниту толку големо милениче и на странците. Како да им објаснат дека не пукаат пиштолите само на алфите на ДПА туку и на ДУИ. Како да им објаснат несфатливи работи за странците дека сите гласачи до еден во Зајас гласале за Али Ахмети. На таков изборен успех може да им позавидат и Фидел Кастро и Лукашенко. Кога во Зајас сите се за ДУИ тоа е највисок степен на демократија, а кога во Сарај сите се за ДПА тогаш тоа е насилство врз слободата на изразување на граѓаните и полнење на кутии.

Што им вреди сега на ДУИ и 25 пратеници да освојат кога на Груевски му овозможија апсолутно мнозинство во парламентот од 64 пратеници. Кој ќе им верува сега на нивните протести и бојкоти, кога реалната моќ им е за стопати намалена од пред предвремените избори на први јуни. И што ако и Груевски ги земе во владата. Ништо не е вредно за еден изгубен човечки живот и десетини ранети. Ова никако не ги амнестира од одговорност ДПА и Тачи. Но тие се друга приказна, за која не вреди да трошиме зборови. Приказна која веројатно пополека ќе згаснува, или ќе се пресели целосно на црните европски и американски листи. А на крајот на краиштата и многу малку зависеше од ДПА пред јуни. Да не беше ДУИ Груевски тешко дека ќе го распуштеше парламентот.

Голем губитник сигурно е и СДСМ . Тешко дека граѓаните само за две години заборавија колку “убаво” владееја претходно социјалдемократите. Второ кампањата на Шекеринска беше можеби поштосна, подуховита, креатива, посекси. Таа можеби ги освоила срцата на пообразованите, интелектуалците, но тогаш маркетинг шефовите на СДСМ ја промашиле целната група. Премногу е мала за да донесе нешто повеќе од катастрофален пораз. Очигледно ВМРО ДПМНЕ имаше многу подобро фокусирана целна група, иако можеби им беше досадна, крута, соголена изборната кампања. Но не е ова главната причина за изборниот резултат. СДСМ најголемиот проблем си го има со самиот себе. ВМРО ДПМНЕ кога дојде Груевски не му беше тешко да ја промени, зашто корените не се така дебели на оваа партија, како што се кај СДСМ за да се пресечат.
Затоа тоа не му успеа на Бучко, ниту на Шекеринска. Трет јунак барем засега нема на повидок. Нема никој што сака да дојде како полковник, и за кратко време да стане политички покојник..

СДСМ мора под итно да се реформира. Да стане вистинска лева идеологија и програма во државата што ќе нуди социјална правда,повеќе даноци за луксузот и богаташите, повеќе шанси за сиромашните. Во спротивно ништо не ја спасува, па и Црвенковски да се врати. Единствена шанса СДСМ да дојде на власт, како што сега стојат работите е Груевски да му досади на народот. Нешто како Хелмут Кол во Германија и Тони Блер во Британија. Но тоа се најмалку уште два мандати за ВМРО ДПМНЕ. Или пак се надеваат дека може да ги врати некоја нова криза како 2001-та. И тоа тешко, оти тогаш ќе нема со што да владеат.

Сепак првите двајца губитници на изборите на први јуни - ДУИ и СДСМ се ништо во однос на губитокот што го доживеа целата држава Македонија. Ма кој сега ќе зборува за името во Брисел после крвавите избори во Арачиново и Чаир. Странците не критикуваа ама искрено да ви кажам, многу-многу благо. Очигледно ни даваат уште една шанса до следната недела. Како да сме им родено дете. А после. После ако не ја искористиме шансата ќе се откажат преку “Нова Македонија. Како што родителите се откажуваа од лошите деца во нашата мила Македонија."
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Прво ада, доколку не разговараш за нешто, не се побуниш и не критикуваш, по автоматизам значи дека не ти смета, и дека се сложуваш со тоа.
Епа мене ми смета...и токму поради тоа Јас сакам да дискутирам по тоа.
Ми смета што одредени новинари, наместо да ја пренесат информацијата, тие ја толкуваат, ја вадат од контекст до крајна мера и те наведуваат на заклучок, дури и дирекно ти кажуваат како Ти треба да мислиш.
Со тоа...некој неписмен новинар, недостоен да го држи перото, кое патем партијата му го дала, ја потценува интелегенцијата моја, а верувам и интелегенцијата на многумина граѓани.


Второ.....не ме интересираат мене CNN, BBC или B92.
Ме интересираат само медиумите македонски.
Па побогу луѓе ние сме Македонци.
Културата ни е во генот.
Културата која несебично им ја дадовме на голем дел од светската популација.
Таа треба да биде наша доблест.
Ние треба само да ја негуваме и одржуваме...
И токму поради тоа, треба и да се разликуваме од нашите некултурни" и зли комшии.
Во тоа е и нашата предност.

Зарем треба да дозволиме јавното мнение да ни го креираат профитери на кои само процентот им е во главата.
Треба да им покажеме дека народот знае да ја цени само објективната информација.
А со примањето како сунѓер, на секакви глупости кои ќе ги истресат, само им го продолжуваме нивниот беден новинарски век, и им го зголемуваме профитот во нивниот џеб.

И затоа тапет.
Тапет за сите новинари/профитери, кои мислат дека новинарството почнува и завршува со нив.
Тапет за изместените морални вредности и за спуштањето на нивото на дискусија до најнизок степен.


Како прво би почнал со контраверзниот Драган Павловиќ, звани Латас.
Неговата "новинарска" кариера ја памeтам уште од деведесеттите.
Ги паметам и неговите "фајтерски" настапи и напади, во неговата политичка емисија наречена "Профил".
Уште на почетокот се гледаше дека од него ќе биде добар...........профитер.
После десетина години, Латас е истиот фајтер, истиот манипулант...
Различна е само бојата која ја застапува....луѓето кои му веруваат...и контото на неговата сметка.
Доказ за тоа е и неодамнешното кратко интервију за "ексклузив" на А1.
На прашањето, што прави латас овие денови.
Одговорот беше "ебам, шетам и уживам у слава"
Толку околу културата негова.
На прашањето, "дали е латас обоен?"
Следеше одговорот, "да, моментално во црвено"
Толку од неговата објективност.

Да не се разбереме погрешно.
Немам Јас ништо лично против Латас.
Он само си тера бизнис, и си ја сватил филозофијата на правење пари.
Крив е народот што го возвишува и слепо му верува.
Тогаш приклонетите кон СДСМ.
Денес Приклонетите кон ВМРО.
А гледам по примерот и искуството негово, почнаа да никнуваат и многу помали латасчиња.
Треба еднаш јасно да им се каже, дека народот на таквите веќе.........не им верува.
Гласав за Канал 77... Мислам дека најобјективно ги пренесуваат вестите, доколку кај нас може и да стане збор за некаква објективност, нормално...Инаку, Реален07 во врска со болдираниот дел, потполно се согласувам со тебе и мене тоа најмногу ми смета. Не дозволиво е новинар, поточно спикер на вести место само да ја пренесе веста, да дава коментари на истата...:toe:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Додадена е опцијата "Ниеден", без ниедна од постоечките опции да биде остранета.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ги читам сите кои се онлајн, немам некои забелешки, освен можда утрински кога го тапи просдс, бидејќи ги мрзам сдс, мрзам кога некој било што позитивно за нив пишува.
Инаку слични ми се сите, не сум до толку префинет да ги најдам суптилностите во разликите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom