Авионски несреќи

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Имавме неколку вакви теми досега, но отсега да ги постираме тука.


Само што јавија дека Airbus на Sudan Air се срушил при слетување на аеродромот во Картум,Судан.

Според првобитните информации, брем 100 луѓе загинале, но има и многумина кои преживеале. Се дознава дека имало невреме, дека страничниот ветер бил 21 миља на час, што е многу но сепак е во параметрите за слетување.

Од снимките се гледа дека целиот авион гори, но можно е дека експлозијата се слулчила откако “слетал’’.

Гаден аеродром е Картум кога има невреме, има јак ветер, многу песок од пистињата Сахара кој ветерот го разнесува, посебно ако истовремено пистата е влажна...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Ова со мигов троа монтажа ми стои.Пиметив во моментот(00.13) кога удира авионот во зградата го снемува тотално.Баш како на монтажа.А и никогаш не сум прочитал за инцидентов...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Malaku mal e avionot...vo odnos na elementite na zgradata...??? I agolot pod koj vleguva :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И ова како видеото со авионот кој слетува без едно крило :D
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Страшно језиво, најпотребен патен сообраќај е, ама ако се случи несреќа нема жив никој, тоа е многу заебано, поарно хелихоптер да било вакво чудо или перки да имало ебаго :) :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Airbus повторно е airbust. Вчера, патнички авион А-320 се сруши на границата Франција-Шпанија, еден мртов (од седум присутни во авионот). Велат тренирале нешто, но некако не е за верување, ќе да е да испробуваат композити, а concrete?

http://www.foxnews.com/story/0,2933,458397,00.html
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
dobri avioncinja se be , samo nesto gi mrazat konkurentive...pa im baksuziraat.... :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Вечерва се случи авионска несреќа, каде што сите лица преживеале
ете среќа :)









 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Сите македонски авионски несреќи


[29.08.2008]уривање на авионот од типот „Цесна“ во близина на селото Лескоец кај Охрид, во која четири лица го загубија животот, е деветта воздухопловна несреќа што се случила на територијата на Македонија.
На 5 март 1993 година, при полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на Палер Македонија со 97 патници. Причина за несреќата во која загинаа 86 лица се неодмрзнатите крилја на авионот.


Осум месеци подоцна, на 22 ноември во близина на Охридскиот аеродром кај Тројан планина, се урна патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс во кој загинаа 115 патници и еден преживеа. Официјално несреќата се случила поради грешка на пилотот.

На 18 септември 1995 авион Antonov 2R која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје при што загинаа двата члена на екипажот.
На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повредени.
На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.
Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот Кингер.


Инаку, во Македонија се случиле три несреќи на странски авиони во 1951 година. Авионот на ЈАТ, ’75 година два руски авиони Антонов се судрија при слетување на скопскиот аеродром, и руски товарен авион Антонов се урна во 92-та во близина на Скопје. Во овие несреќи загинале вкупно 20 луѓе.




се сеќавам како во магла на остатоците на авионот што се урна во близина на едно охридско село - Оровник (Тројан планина) после се кружеше муабет дека духовите од загинатите долго време биле присутни во селото и како мала ( тогаш имав 8 години) ми беше страв секогаш кога ќе поминев таму
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Вечерва се случи авионска несреќа, каде што сите лица преживеале
ете среќа :)










цел ден гледам само ова. по јако нешо немам видено.
има ли воопшто друг пример, било каков, каде авион паѓа/слетува на вода, а не се распаѓа? како е ова можно?

како што се вели, пилотот го припремил авионот буквално како за слетување, можеби никој претходно тоа не го пробал :)
можеби нема да требаат нови писти и терминали во иднина :)

фасцинантно е како сите до еден се преживеани, и сето ова се случува среде бел ден, во њу јорк. како на филм

прашање на денот: колку гуски се загинати? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom