Албанија, Турција, Хрватска, Словенија ...пријатели

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Нема врска Гаго, грција им е поголем пазар ако е затоа, ЕУ уште поголем...Третманот кој ќе го добиеш во Словенија, е ист како оној, кога ќе отидеш во Турција...зборам како народ со народ.
Ама тој однос народ со анрод не е истиот со тој што е и со држава-држава, затоа и јас форсирам што е можно повеќе да се комуницира со грците, бидејќи нивниот национал-шовинизам не е поради нас туку поради тоа што иом го кажуваат нивните политичари и поради лоботомијата што им се врши во училиште.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Историјата доволно те учи дека никогаш грк со македонец не може да е пријател...едноставно е е до националноста, туку сојот си го мразиме меѓусебно.

Јас со грк не сакам комуникација, бидејќи во секаков случај на комуницакија, доаѓа до преоѓање на национализам, и нема што друго со нив муабет да се прави, што да правиш муабет??? За се она што го украл од твојата историја и од тебе??
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
23
Поени од реакции
2
Пари, еден од многу добро освоените пазари кои не сакаат да си ги изгубат.
Така е!!! Не се работи за големина на пазар, туку моќта во тој пазар да имаш контрола, да ти успева бизнисот. Словенија нема капацитет да го користи ЕУ пазарот, значи ниту пазарот на Грција. Затоа и додворувањето меѓу поранешните ЈУ републики, па имаме ситуации на политички план оштри конфрнтации, на евросонг на пример хрватска и словенија гласаат за србија, па и за нас. Затоа и идејата за регионална соработка, за балканска економска унија повремено се заживува. Можеби баш од овие причини Македонија треба да биде воздржана со бркањето датум за преговори и да не и се мести на Грција да не уценува со промена на името и националниот идентитет.
Инаку за лицемерието и на словенија, како зе другите наши `пријатели` детекција е нивната порака, да побрзаме да направиме компромис за името, зашто да не го испуштиме возот на 9 јули ???
Тоа ли се пријатели :pos2:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Историјата доволно те учи дека никогаш грк со македонец не може да е пријател...едноставно е е до националноста, туку сојот си го мразиме меѓусебно.

Јас со грк не сакам комуникација, бидејќи во секаков случај на комуницакија, доаѓа до преоѓање на национализам, и нема што друго со нив муабет да се прави, што да правиш муабет??? За се она што го украл од твојата историја и од тебе??
Да сме малку реални... Да не го учат уште од мал да не мрази и да не ти префрлува, верувам и знам дека ќе правиш муабет со него.

ТИЕ НАС НЕ МРАЗАТ, НИЕ НЕ БИ ГИ МРАЗЕЛЕ АКО НЕ СЕ ОНИ ТАКВИ.
ЗНАМ ПО МЕНЕ ОТИ САМО КОГА ЌЕ МЕ ИРИТИРАТ ТОГАШ ИМ ВРАЌАМ, МОЖЕБИ ТАМУ НИ Е ГРЕШКАТА, НО НИЕ ГЕНЕТСКИ НЕ СМЕ, НИТУ ПАК СМЕ ВОСПИТАНИ ДА МРАЗИМЕ НЕКОЈ.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Словенија нема капацитет да го користи ЕУ пазарот
Не би рекол.

Според податоците од заводот за статистика на Словенија, вкупниот извоз во 2006 година изнесувал нешто преку 26 милијарди долари; од тоа, две третини е извоз во земјите на Европската Заебница. Словенечкиот извоз во Македонија истата година е 197 милиони долари, што претставува 0.74% од вкупната бројка.

А колу за пораката порака, “да побрзаме да направиме компромис за името“, - зошто би му се лутеле некому кој само го повторува она штојавно и без срам го трубат нашите политичари дома?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Историјата доволно те учи дека никогаш грк со македонец не може да е пријател...едноставно е е до националноста, туку сојот си го мразиме меѓусебно.

Јас со грк не сакам комуникација, бидејќи во секаков случај на комуницакија, доаѓа до преоѓање на национализам, и нема што друго со нив муабет да се прави, што да правиш муабет??? За се она што го украл од твојата историја и од тебе??
Има трн грци кои останале имуни на таа пропаганда и прење мозок и ако не внесуваш национализам во муабетото многу добро може да се дискутира со нив, и не викам дека мора да има пријателство ама толеранција секогаш е возможна.
Друго историја неможе да се краде, историја не е нешто материјално, точно тоа е проблемот што грција го има со нас, бидејќи мисли дека и крадеме историја. Историјата не е материјално нешто па за ди го крадеш некому. Еве да земе една твоја лична историја, тебе никој неоже да ти ги одземе спомените од твоето детство, никој. Може некој ќе се обиде да изнесе дезинформации, ама никогаш нема да може да ти го украде тоа што е нематеријално. Освен тоа сета историја, на балканот особено, неможе да се врзе за народи, бидејќи има многу мешње на народи и флуктуации во населението на балканот, Историјата може да се врзе за земја, за простор во кој се случувале одредени настани.
И најголем проблем и најтрагично е што грците па и доста други на балканов повеќе се занимаваат со историјата и тоа им е поприоритетна работа отколку развојот и проекциите за во иднината. Бидејќи токму ова е причината зошто целиот балкан е сиромашен и не се развива како што треба. А за историјата треба да се остават историчарите да се караат, и со аргументи да потврдуваат односно да негираат некои претпоставки.
И со самото тоа што и ние ја вмешуваме историјата во целата проблематика со името и идентитетот само им ја ззајакнуваме позицијата на грција бидејќи цела своја стратегија ја гради врз тоа. Воколку ја оставиме на историчарите и ја продолжиме борбата врз основа на принципот на човекови права многу подобри се шансите за да победиме. Зошто да ја играме потешката битка кога можеме полесната битка да ја водиме и да ја добие војната. И немој да ми спомунавш за откажување од истории и територии и сл. бидејќи при оваа битка треба да се збори само и само за она за што е договорено да се збори со грција, а тоа е името за межинародна употреба на нашата држава, и анштие треба секогаш да протестираат кога ќе проба некој на мала врата да внесе некои други критериуми, ама очигледно тоа нашиве политичари не го прават.

И верувај ми ја пробев точно оваа стрстегија погоре во дискусија со еден грк и ми успеа 100%, и тој немаше ниеден контрааргумент. И прво нешто со што проба да ја зајача својата позиција е вмешување на историја, нормално јас вешто го избегнав пренасочувањето на муабетот во таа насока, бидејќи тчно во историјата има уште многу работи кои не се знаат и се доста под знак прашалник, и врз основа на нешто што не знаеш дека е 100% точно неможеш да градиш аргументи.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
абре чоек, насловот ич не ти чини... “ Албанија, Турција, Хрватска, Словенија ...пријатели“...
арнаутите... балистите ... веќе ги спомнав...
еве ти ги твоите пријатели, турците...
 

Attachments

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
Скарана е со Србија.

Поставио си на Кајгану усташку песму од које се грози сваки нормалан човек, укључујући и већину Хрвата. :nenene: Притом нико не реагује него ја морам да ти кажем то? Тешко ћеш овим путем побрати симпатије Хрвата, о Србима да и не говорим.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
кхм... кои пријатели ??? православна Македонска црква... од православни непризната...
 

Attachments

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Поставио си на Кајгану усташку песму од које се грози сваки нормалан човек, укључујући и већину Хрвата. :nenene: Притом нико не реагује него ја морам да ти кажем то? Тешко ћеш овим путем побрати симпатије Хрвата, о Србима да и не говорим.
Молам?

Синиша, која е реалната причина зошто Србија не ја признава Македонската православна црква? Која е причината што не го признава Македонското малцинство во Србија?

„За ово и да не говорим“:


Србија која упорно наметнува обраќање со БЈРМ???

Се додека србија тера политика со која се покажува како СЛУГА на грција во шовинистичките изливи спрема Македонија, за мене ништо не се поразлични, ни од Бугарија, ни од Грција!

Се надевам дека се грозиш и ти од тоа што твоите предци направиле во Македонија!

А останатите, срам да ви е!

Сите заборавате една:

Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Солаор.

Се претставил пред Арсења
наша патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш
денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо
в црква свјатиј Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец
в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда
јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши
славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат
несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога
и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци,
така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п'т.
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила
старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие тажни
му целуват десна р'ка
и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња
и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик,
свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже!
Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал
патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни
ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
од наведените земји, само Албанија некако не ми штима.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Синиша, која е реалната причина зошто Србија не ја признава Македонската православна црква?
Прости што се мешам, но ќе ти одговорам место Синиша. Реалната причина зошто Српската Православна Црква не ја признава Македонската Православна Црква е истата таа заради која ти заговараш вечна омраза кон грците, и не само кон нив.

Со сиот респект кон твојот интелект, ќе ти речам дека не си во право. “Сите не мразат, сите вршат геноцид врз нас“ - нели тоа беше идеологијата на Милошевиќ? Мислам дека како Македонец треба да бидеш над тоа.

Јас сум по потекло од Егејска Македонија, половина од семејството се загинати во борбите со грчките фашисти, па сепак не ги мразам грците и мислам дека е можно да бидеме пријатели со нив.

Непризнавањето на црквата е дел од стратегијата “раздели па владеј“. Најмала корист за нас е да играме според музиката што некој ни ја свири. Место површинскиот проблем (зошто СПЦ не ја признава МПЦ) многу поцелисходно е да се свртиме кон вистинската причина, што ја спомнуваш во песната 1762 лето: “наша славна Охридска столица“. Прашањето не е зошто србите, туку зошто кај нас дома никој не ја бара славната Охридска столица, која никој жив не смее да ја порекне, туку се бара признавање на нешто што е далеку од историското наследство?

Ова беше малку офтопик, темата беше пријателството меѓу балканските држави кога имаат заеднички непријател. Јордан Плевнеш пред многу години напиша прекрасен одговор кога српска делегација од тогашна Југославија отиде да му се поклони на паметникот на Павлос Мелас, како израз на традиционалното српско-грчко пријателство. Насловот му беше “Љубов преку отворен гроб“ - со потсетување на изрека од еден познат човек, “кога на Балканот двајца водат љубов, тоа е најчесто преку гробот на некој трет“. Плевнеш го напиша својот одговор без никакво обвинување или повик на омраза против било кого, па ниту против Грција; како резултат, никој не можеше понатаму да му одговори или да му противречи, зашто аргументите му беа кристално јасни и силни.

Уште еднаш на одговорот за тебе: некому му се потребн скарани и закрвени народи во и околу Македонија. Немој да играш на таа карта.
 

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
Се надевам дека се грозиш и ти од тоа што твоите предци направиле во Македонија!

Да, грозим се! Али то није одговор на оно што сам ја написао, нити сам ја говорио о односима између Срба и Македонаца него о теби и шта си лично ТИ урадио.

Молам?

Синиша, која е реалната причина зошто Србија не ја признава Македонската православна црква? Која е причината што не го признава Македонското малцинство во Србија?
Македонската православна црква не треба признање од Србије него ваљда од других православних цркава. Македонска мањина у Србији је призната, нема потребе да измишљаш, то је ствар која је свима позната. Такође, Србија је признала Македонију под уставним именом. Ај сад здраво.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
.....: некому му се потребн скарани и закрвени народи во и околу Македонија. Немој да играш на таа карта.
А Гејлада на каква карта игра?
Си се запрашал зошто Македонците од Егејска Македонија пребегаа ,зошто имаше етничко чистење на егејскиот дел на Македонија .Еден дел од Македонците беа физички ликвидирани, друг дел протерани преку граница, трет дел биле принудени да емигрираат, четврт дел со примена на неверојатен притисок, средства и методи асимилирани и денационализирани, зошто на македонски деца(сега веќе старци) грчките власти не им дозволуваат да се вратат во своите домови или барем да ги посетат своите родни места, зошто ги принудуваа да во пасошите им стои место на раѓање Грција а не селото каде се родени ако сакаа да отидат на своите огништа, зошто македонските села се запалени (некои) а останатите населени со маџири,зошто, зошто и безброј зошто , а ниеден одговор- затоа што непостои ете затоа Прашај ги твоите како се чувствуваат што оставиле таму се и заминале низ светов, од убаини и од љубов велиш?.И на крај сите пиздарии што ги прави гејлада се од љубов кон нас,нели?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Arschloch дај не ја тупи бе.Ако гледаш така ние со цела Азија и Египет треба да сме скарани,заради А.Македонски.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom