Библијата е полна со закони за однесување со секој стих се упатува повик како треба еден верник да живее.од десете божји закони па натаму.....судот пак секогаш е оставен на Бога..не на луѓето...тука е и една од поважните разлики меѓу овие две вери...Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото.
И Кур,анот е полн со закони за однесување, со секој ајет се упатува повик како треба еден верник да живее. Но со таа разлика што Кур,анот е сеопфатна книга која е подобна да им одговори на сите предизвици и проблеми кои со себе ги носи животот за разлика од Библијата.
Не сакам никого да навредам но, дали сте се запрашале каква света книга е таа која нема моќ да го организира световниот живот на луѓето?
Ако велите,па тоа е оставено на државниот закон,световниот,тогаш нужно само по себе се наметнува прашањето: па што со тој човек кој пропишал смртни казни за разни злочини во световниот законик, што со тој човек ( судија ) кој што изречува казни спротивно на пасусот кој погоре го цитира?
А што пак ако постапиме по тој библиски пасус:
Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти -зашто судејќи го другиот, сам се осудуваш, бидејќи ти кој судиш, го правиш истото.
На што ќе личи едно човечко општество ако се препушти самото на себеси и си живее без никаков закон ( секако тука влегува и казненото право)?
Зарем сметате дека е доволно само да се советува а да не се казнува?
Драги мои, ставете го прстот на челото,промислете добро и запрашајте се: Како е можно Бог кој е семоќен, да не може да воспостави свој закон во светот?
Да не забораваме: Новиот Завет нема верозаконик. Светото писмо не е способно да го организира световниот живот на луѓето, туку чека некој судија да го направи тоа за него.
А сега за полигамијата, пак ќе повторам дека таа е регулирана во Кур,анот,а не наредена. Таа е исклучок во исклучителни моменти од типот на војни,каде се згрижуваат самохрани мајки итн.., а не правило или секојдневие.
Кур,анот е јасен по ова прашање кога вели:
"А ако не сте во состојба кон сите да бидете праведни ,тогаш доволно вие само една .."
Затоа не судете според праксата на одредена група слаби верници кои доволно не си ја познаваат својата вера и под нејзината капа си ги задоволуваат своите страсти...., судете според она што е запишано во Книгата која што треба да ја следи секој еден вистински муслиман.
Секое добро!