Добро. Завршија изборите, фала му на Бог! Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ оствари, хм, би рекол, супериорна победа. Нека им е честито. Нека формираат Влада, и нека мислат како да се подобри економската ситуација на народот, и нека прават постапки кои ќе носат само добро. СДСМ, на овие избори доби лекција, и тоа дека треба да се реформира. Во СДСМ има квалитетен кадар, тоа е факт, само немал шанса да се докаже. Нека и тие мислат и работат за Македонија, во Собранието нека бидат европска опозиција, и нека не вршат саботажа на Македонија, како што досега милуваа да практикуваат. Албанците би требало да се цивилизираат, 21 век е. Главоболки за Никола Груевски ќе има многу...
Со Господ напред!