Дали би одбрале вечен живот?

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Не би одбрал вечен живот од 3 причини :
1. Не постои такво нешто , несакам лажни надежи :)
2. Несакам да ги надживеам најблиските и да останам Сам..
3. Нема да се запознаам со „другата страна“.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Вечен живот.. дали се однесува на тоа дека никогаш ништо нема да може да те убие, или треба да се сфати само како продолжување на животниот век, со што се останува подложен на сите болести итн?

Како и да е, ако имам можност - би прифатил/одбрал без долго размислување. Немам никаков проблем со надживување на останатите околу мене, затоа што тоа го прифаќам како најнормална работа. Би живеел отприлика како главниот лик од The Man From Earth.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Не би одбрал вечен живот од 3 причини :
1. Не постои такво нешто , несакам лажни надежи :)
2. Несакам да ги надживеам најблиските и да останам Сам..
3. Нема да се запознаам со „другата страна“.
Od kaj znaes deka se samo lazni nadezi. Nikogas ne veli Nikogas. I ako gi nadzivees najbliskite, tie ke umrat i ti pak ke se ozenis/omazis i ke imas pak deca. So tek na vreme ke se naviknes na toa umiranje i nema da ti pretstavuva nekoj problem da gi prezalis. I dali mislis deka postoi druga strana t.e. raj ili pekol?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Ако не постои друга страна , постои пост-живот бидејќи енергијата во никој случај не исчезнува. Ова е поткрепено и од религиски гледања и од науката.

-Никогаш нема да постои вечен живот бидејќи вечен живот е можен
со константни совршени услови , а условите се менуваат.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
1. Не постои такво нешто , несакам лажни надежи :)
Овој коментар ти е сосема непотребен, ми нема логика.
А демек јас што пишав дека би одбрала вечен живот доколку би имала можност да бирам, не знам дека не постои такво нешто? Демек јас си имам лажни надежи дека еден ден некој ќе ми дојде да ме праша што сакам за да кажам дека сакам вечен живот?:) Тамам работа сите да се надеваме на бесмртност, а знаеме дека реално ја нема.
BliND напиша:
2. Несакам да ги надживеам најблиските и да останам Сам..
Кој може да знае што ќе се случува во иднина и кој кого ќе надживее? Како што реков, не ти треба бесмртност за да надживееш. И како може да останеш сам? Секое (нормално) човечко суштество додека живее на земјава се поврзува со други луѓе и во случај да изгуби некој близок.
BliND напиша:
3. Нема да се запознаам со „другата страна“.
За ова немам коментар.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Го земам цитатов само колку да ми послужи да се искажам.

А кој гарантира дека нашите мили нема да стареат и умираат и сега пред наши очи? Зарем потребен ни е вечен живот за вакво страдање?
Кој може да гарантира дека во овој живот моите деца ќе ме надживеат, па дека јас нема да страдам (ако се случи не дај боже обратното) заради нивната смрт? Што ако мајка ми нема вечен живот, а ме надживее мене? Тогаш нема страдање и болка која душата не ја поднесува?

Иначе да, би одбрала вечен живот кога би имала можност да бирам.
Тоа не значи дека јас не ги сакам своите блиски, дека не би ме погодила нивна болест или смрт.
Болката од загуба е иста, без разлика дали ќе се случи кога би имала 25 или 125 години. Ако се случи на 25, секако дека јас жива во гроб не сум можела да влезам. Би продолжила да живеам со некоја празнина и болка во душата која никој не би можел да ја ублажи. Но, ќе живеам и ќе создавам услови за блискост и со други луѓе кои (ќе) заземаат ново место во моето срце. Тој процес е нормален, живиот со живите живее.
Така да, оние искази дека не сте можеле да поднесете да гледате како вашите блиски ги снемува, ми оставаат впечаток дека не сакате да си признаете дека тоа е неминовно и без вечен живот. Зборувате како да е нешто ново, непознато, нешто што никогаш не сте доживеале или, пак, дека во овој (смртниот) живот не постои.
Ај, пошто го зема мојот цитат за пример, да те удостојам со одговор.

Зар не е доволно болка да ги гледам и за овој краток живот како патат моите блиски? Како венеат од болест у смрт? Зошто би посакала тоа да го доживувам вечно? Болката не поминува скроз - останува лузна. Прашај некој на кого му починало детенце како му е. Ќе роди друго, но празнината не се пополнува.

Така да, не, не ми треба вечен живот ако не можам да го споделам со мојата фамилија.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ај, пошто го зема мојот цитат за пример, да те удостојам со одговор.
Иако не ми беше важно чив цитат ќе земам, побитен ми беше муабетот, сепак мило ми е што ми реплицираше:)

short1 напиша:
Болката не поминува скроз - останува лузна. Прашај некој на кого му починало детенце како му е. Ќе роди друго, но празнината не се пополнува.
Истото го реков и јас, само што се зедов себеси во реченицата.
Fortune напиша:
Би продолжила да живеам со некоја празнина и болка во душата која никој не би можел да ја ублажи. Но, ќе живеам и ќе создавам услови за блискост и со други луѓе кои (ќе) заземаат ново место во моето срце. Тој процес е нормален, живиот со живите живее.
Се согласувам со ова, многу добро го знам. И не мора детенце да му почине на родител за да се употреби зборот болка во контекст. Болка е и кога најдобар другар ќе ти почине. Болка си е болка, празнина си е празнина, само чувството е различно.
Сум губела, знам дека и понатаму ќе губам, ќе се создаваат нови празнини, но и нови места за други луѓе. Ете, нека не е во прашање вечниот живот. Сегашниот нека е. Таков е животот, ќе губиме, ќе страдаме, ќе се радуваме, ќе создаваме нови пријателства итн итн. Како еден вид круг во кој се вртиме. И тоа е нормално, својствено за нас.

short1 напиша:
Така да, не, не ми треба вечен живот ако не можам да го споделам со мојата фамилија.
Во ред, така е. Само што јас зборувам гледано од друг агол. Цело време потенцирам дека не можеме да знаеме до кога ќе ја имаме можноста да го споделуваме утрето со нашето семејство. Што да речат сирачињата? Со кого овој живот го споделуваат? Што да речеме за оние што го изгубиле своето семејство во разни несреќи и останале сами, а сепак собрале сили да живеат и понатаму, да работат, да се дружат, да не си го одземат животот?

И пак ќе речам, оние искази дека не сте можеле да поднесете да гледате како вашите блиски ги снемува, ми оставаат впечаток дека не сакате да си признаете дека тоа е неминовно и без вечен живот. Зборувате како да е нешто ново, непознато, нешто што никогаш не сте доживеале или, пак, дека во овој (смртниот) живот не постои.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Па, нормално дека не циклусот не е ништо ново - се раѓаш, живееш и умираш. И јасно дека секој сака да живее подолго, да види внуци, правнуци, до каде науката ќе дотера. Знам дека се дешава човек да си закопа свои ближни, затоа што не знаеш кога кукавицата ќе им пропее...не е дека се плашиме и не ја прифаќаме таа реалност, не е дека нема да собереме сили за да го пребродиме тоа, туку работата е зошто доброволно да се подлегнеш на тоа со одбирање вечен живот? Најголемиот страв (ќе си признаам) е да си закопеш свое дете. И се деси тоа на братучетка ми. Верувам дека не е исто со закопување на дедо или баба или било кој друг. Е, на тоа не сакам да бидам подлежна вечно.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ај, пошто го зема мојот цитат за пример, да те удостојам со одговор.

Зар не е доволно болка да ги гледам и за овој краток живот како патат моите блиски? Како венеат од болест у смрт? Зошто би посакала тоа да го доживувам вечно? Болката не поминува скроз - останува лузна. Прашај некој на кого му починало детенце како му е. Ќе роди друго, но празнината не се пополнува.

Така да, не, не ми треба вечен живот ако не можам да го споделам со мојата фамилија.
Зашто живееш тогаш?

АКо нејќеш вечен живот,значи не ти е доволно убав животот за да сакаш да продолжиш.
АКо не ти е доволно убав овој живот,зашто би живеел,па макар и 80 години?

Го направивте животот најголемото страдање,ако стварно тоа е вашиот став,едноставно,зашто живеете и во овој момент?
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Па сега ако не ја наоѓате смислата на животот нормално дека не сакаш вечен живот бидејќи во овој гледаш само празнина!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Зашто живееш тогаш?

АКо нејќеш вечен живот,значи не ти е доволно убав животот за да сакаш да продолжиш.
АКо не ти е доволно убав овој живот,зашто би живеел,па макар и 80 години?

Го направивте животот најголемото страдање,ако стварно тоа е вашиот став,едноставно,зашто живеете и во овој момент?
Прво и основно - зар сум побарала да се родам?

Второ - животот ми е супер и интересен

Трето - да, животот е страдање и радост све измешано заедно.

Четврто - живеам за да им овозможам добра иднина на моите деца. Доволно добра причина ли е тоа за тебе докторе или ќе ми препишеш самоубиство?


Никој не кажа дека го мрзи животот. Само сме рекле дека неќеме вечно да живееме. Зошто тебе тоа ти е проблем?
 

NexuS

hatecrew.NexuS
Член од
12 септември 2007
Мислења
59
Поени од реакции
3
Ne bi odbral vecen zivot oti moze ke mi bide bet.Ne moze sigurno ke mi bide ev da receme sum izbral sigurno taoa neba da bide bez nekoja cena , a dokolku ne bi bilo so cena so ke praaam koa ke umrat site so gi poznavam i znam so posle ke treba da se adaptiram na nov zivot i samo ke me boli poveke.Koa ke umiraat site ja so ke praaam ke mi se zdosadi be luge ne igrajte igracki ne e ubavo da se bide vecen.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Никој не кажа дека го мрзи животот. Само сме рекле дека неќеме вечно да живееме. Зошто тебе тоа ти е проблем?
Значи смртта е поубава од животот.
Ок,нема проблем,типични романтики од филмови...

Живееме за подобра иднина на нашите деца,они живеат за подобра иднина на нивните,па нивните на нивните,и на крај доаѓа еден репетитивен круг.
Значи колку убаво и темелно го имаш сфатено животот :)

Прашувам,ако не бирате вечен живот,автоматски ја бирате смртта.
Смртта ви е поубава од животот?

Ова е директното прашање кое упорно и упорно сите го избегнувате (кои не сте за вечен живот),и го заменувате со вашите чуства.
У смртта да не ја има фонтаната на соединувањата,па сите што сте ги изгубиле во животот,ќе ги најдете пак таму ?:toe:

Постсмртен живот не е докажано дека постои,значи после смртта имате едно големо,ЦРНО,ништо.
И се се сведува на фактички,кога бирате дали да постоите или да не постоите,вие бирате да не постоите.
Кој ви е ќарот тука,стварно не сфаќам,односно предностите на смртта пред животот?
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Одбрав Да, од причина дека сакам да идам до кои крајности ќе дојде човештвото. А за смисла на живот не можеме да збориме, со нашите 16, 17, 18 итн. години, што сме доживеале? Ништо, бунтовници без причина, не знаеме за што се "бориме", па човек и не е способен вистински да љуби во тие години, колку само заблуди постојат! Ништо не сме сфатиле, нашиот вистински живот допрва почнува! Каква смисла на живот! Какви ти бакарачи!!:nesvest:!:nenene:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прашувам,ако не бирате вечен живот,автоматски ја бирате смртта.
Смртта ви е поубава од животот?
Токму тоа и јас го велев во своите постови.
Дека, штом не бираш вечен живот, тогаш одбираш, само и единствено смрт.
А, дека тоа би го избрала просечна индивидуа, мало теже ќе поверувам.

За да не се повторувам со претходните реплики, еве накратко...Освен ако не страдаш од клиничка депресија и имаш сериозни суицидални интенции, тогаш, без исклучок, сакаш да живееш што е можно подолго. Факт.
Никакви романтично/емотивно/поетски оправдувања, во стилот на што ќе ми живот без моите сакани, ла,ла,ла, не палат. Со нив само се залажуваме себе си.
Нашиот најјак инстинкт, инстинктот за преживување секогаш надвладува кај просечната, нормална особа. Без исклучоци. Заедно со најјакиот наш страв, стравот од смрт.
Тие прават да копнееме по вечен живот, и не ги слушаат многу, многу рационалните оправдувања околу тоа зошто можеби не треба да живееме така долго.
Они не водат и го прават конечниот избор.
А, ние може само да си продаваме филмско/лирски бајки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom