Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
http://makedoncki.blog.com.mk/node/159418/edit
Закани, навреди и провокации предизвика поглаварот на МПЦ г.г. Стефан кој ги разгневи грчките политичари и црковни лица, откако на чествувањето на Свети Кирил во Рим изјави дека Грција уништува се што создал сесловенскиот просветител.
Освен црковните великодостојници, изјавата на г.г. Стефан ја налути и грчката министерка за надворешни работи, според која обраќањето на поглаварот на МПЦ е екстремно провокативно и неприфатливо.
„Ваквите иредентистички изјави се опасни за регионалната соработка и стабилност во овој кршлив дел од Балканот. Изјавите дадени во присуство на премиерот Груевски ја докажуваат коректноста на грчката позиција која инсистира на решение на проблемот со името. Најмалку што може да направи политичкото водство на Скопје е да ги осуди овие изјави“, изјави Дора Бакојани, министерка за надворешни работи на Грција.
Најагресивна од сите е реакцијата на солунскиот владика Антимос. Најрадикалниот од сите Грчки владици ја обвини Македонија дека го украла и узурпирала името Македонија и ги повикал северните соседи да дојдат и ако можат да го земат Солун.
„Ако го сака Солун, нека дојде да го земе“, рече Антимос.
Во говорот за време на чествувањето на Свети Кирил во катедралната црква Сан Клементе во Рим, поглаварот на МПЦ порача дека поради државната грчка политика, во егејскиот дел на Македонија не останала ниту една буква од јазикот кој го говорат Македонците.
„Во регион каде што некогаш се зборувало како што зборуваше ти и ние денес е забрането не само да се зборува на македонски јазик, туку се оспорува и неговото постоење. За жал, се што е македонско е прогонувано и раселено, додека името на нашата земја и црква е проблематизирано“, вели г.г. Стефан.
Во осудите за МПЦ се вклучи на солунскиот префект Панајотис Псомидас, според кого поради непознавање на историјата, Македонската црква на апсурден начин ја извртува вистината.
Претставници на Грчката црква и Владата директно не го нападнаа премиерот Груевски, кој од истиот настан изјави дека и покрај грчкото оспорување на македонската култура и јазик, кои се основа на европската цивилизација, Македонците во Европа ќе влезат единствено како Македонци.
--------------
Значи да сумираме...ние узурпираме име и земја, ние не знаеме што е вистина и историја....ЧУДНО...сликите кој ги направивме само неколку месецеи претходно во Егејска Македонија го потврдуваат спротивното...ако ние сме узурпирале ако ние лажеме и ако нашата црква е таа измислената тогаш чиви се овие села и куки разурнати..ЧИВИ СЕ ОВИЕ ЦРКВИ И ФРЕСКИ ОСКВЕРНАВЕНИ И ПРЕПИШАНИ......
ОВА ЛИ Е ВАШАТА ВИСТИНА?

na pandora izrodot makedonski.velat napadot e najdobra odbrana.