Декември нема врска со Исусовот раѓање..
"кога беа таму - и дојде време да роди.
И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо".
Пастири ноќеваат под ведро небо на 25 декември..да бе.
Тој датум е превзеден во 4 век од Рим кога инаку се славело раѓањето на богот на Сонцето.Првите христијани воопшто не го ни славеле Божиќ оти нема точен датум за Исусовото раѓање.
Не гледам како ова се коси со тоа што е напишано. Сите Христијани го слават Исусовото раѓање во декември (православните во јануари). Датумот е позајмен од постарите религии и митологии. Освен датумот, позајмени се и други „факти“.
Самото прашање, онака како е насловено-митологија, е само по себе погрешно. Митологијата/митологиите се човечки измислици и човечки обиди за објаснување на светот и логиката од неговото постоење и одржување. Такви митологии имаат сите антички светови/народи и сите тие се речиси редовно различни а зедничка особина им е желбата да ја објаснат Вселената, користејќи ги приказните за нивните богови, со што сите антички народи потпаѓаат под категоријата „идолопоклонци„, т.е. народи кои самите ги измислуваат своите богови. Не гледам како овде може да се вклопи и Богочовекот Исус Христос, Кој е реална личност а не нечија фантазма, Кој во одреден момент, пред 2000 г. се „вклучи„ во човековата историја и ни го остави Своето учење за логиката од постоењето и живеењето во овој свет.
Разликата помеѓу митологија и религија е тенка. Религија во која никој не верува се претвара во митологија.
Во наведените примери само Хорус може да се класифицира како митолошки бидејќи доаѓа од старата египетска религија која денес е митологија.
Останатите ликови Кришна и Митра се исто толку реални, колку што е Исус Христос.