Митологијата за Исус Христос

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola.b
  • Време на започнување Време на започнување
Клипов ме воодушеви.. ме остава без зборови... колку што приметив само прв дел е ова, има уште два.. идам да ги гледам и другите два, па ќе се вратам да прокоментирам уште :)
istoto i ja go napraiv pa go pustav na site so bea na msn denta da go gledaat:) bas sea pak ke go gleam....samo da gi dolovam facite sto mi se pojavuvaa na sekoi 2-3 min===>>:icon_eek::ija:
 
Исус исполнил повеќе од 300 пророштва во стариот завет....за него има записи од најголемите историчари во тоа време Тацит, Флавие Јосиф, Плиние, Вавилонскиот Талмуд, Луциан, Талус..значи не станува збор за митологија..плус Исус не е роден во декември.

Пред да се расфрлаш со историчари би било убаво да прочиташ што точно напишале.

Тацит на Христијаните им посветува точно еден пасус во својата книга Аналите која ја напишал во 116 година. Во зборува за палењето на Рим од 64 година од страна на Христијаните и патем спомнува дека тоа се луѓе кои го следат Христос, човек кој претрпел тешка казна од Понтиј Пилат.

Јосиф му посветува на Христос дури 2 пасуси во својата книга Antiquities of the Jews. Напишана е во 93. Во едниот пасус Исус е брат на Јаков. Во другиот зборува за водачот на Христијанското племе кој бил распнат на крст од Пилат, а повторно се појавил после 3 дена.

Би можел да продолжам и понатаму. На најголемиот Исус, историчарите му посветуваат 1 до 2 пасуси во своите книги 100 години подоцна. Изнесените работи не се факти, туку информации пренесени токму од Христијаните.

Само да потсетам дека на почетокот Христијаните се воделе според пеесетина различни посланија.

А раѓањето на Исус е на 25 декември (Christ-mas) според сите календари освен православниот.
 
Интересно ...
 
ke ti bese polesno da stavis samo link...ama izglea ti se pisuvalo:)
epa gorenapisanovo vo video verzija...
inace mene mnogu me iznenadi klipoiv...objasnuva nekoi ranboti...interesen u sekoj slucaj

Клипот е од Zeitgeist. Дел од работите што ги изнесува таму како факти се невистини.
На пример, во филмот вика дека Хорус е распнат на крст. На повеќето хиероглифи кои ја раскажуваат приказната, Хорус е каснат од скорпион. Хорус немал 12 следбеници туку 4, итн.
Дел од изнесените факти пак се толкуваат селективно наместо објективно. Целиот филм е Conspiracy Theory, но се наоѓа и понешто интересно.
 
Краток хронолошки преглед на митологијата која претходи на "раѓањето" на Исус Христос.

Хорус

Роден на крајот од Декември.
Роден во пештера.
Син на девицата Исис.
Одгледан од Мери и Себ.
Најавен од ангел.
Раѓањето проследено со појавувањето на Сириус (ѕвезда од источното небо).
Сведоци на раѓањето: овчари.
Појавување на 3 сончеви божества по раѓањето.
Нема податоци за неговиот живот помеѓу 12 и 30 години.
"Крстен" на 30 години од Ануп.
Ануп умира со обезглавување.
Одел на вода.
Ги лечел болните.
Воскреснувал мртви.
Предаден од Тифон.
Закопан во гроб.
Воскреснат по 3 дена.

Кришна (Krishna)

Роден на крајот од Декември.
Син на девицата Деваки.
Татко столар.
Раѓањето проследено со појавувањето на источна ѕвезда.
Сведоци на раѓањето: овчари.
Ги лечел болните.
Воскреснувал мртви.
Воскреснат после смртта.
Втора личност од тројството (Тримурти).

Митра (Mithra)

Роден на крајот од Декември.
Роден во пештера.
Син на девица.
Сведоци на раѓањето: овчари.
Имал 12 следбеници.
Свет ден: Недела.
Закопан во гроб.
Воскреснат по 3 дена.

Исус Христос

Роден на крајот од Декември.
Роден во пештера или штала.
Син на девицата Марија.
Одгледан од Марија и Јосиф.
Татко столар.
Најавен од ангел.
Раѓањето проследено со појавувањето на источна ѕвезда.
Сведоци на раѓањето: овчари.
Појавување на 3 мудреци по раѓањето.
Нема податоци за неговиот живот помеѓу 12 и 30 години.
Крстен на 30 години од Јован.
Јован умира со обезглавување.
Имал 12 следбеници.
Одел на вода.
Ги лечел болните.
Воскреснувал мртви.
Предаден од Јуда.
Умрел со распнување на крст.
Закопан во гроб.
Воскреснат по 3 дена.
Втора личност од тројството.
Интересно е како лесно подлегнуваат луѓето над одредени "факти"!
Што ќе кажеш на оваа работа? Што ако сите овие случки навистина се случиле но временски иако се одвоени тие се случуваат во исто време и сите се точни за раѓањето на богочовекот.
Логиката овде е непотребна, а овакви клипови има и ќе има но тие апсолутно не го докажуваат спротивното како што мислат тие што ги прават туку ја докажуваат вистината, вистината дека Исус Христос е богочовек.
 
Што ќе кажеш на оваа работа? Што ако сите овие случки навистина се случиле но временски иако се одвоени тие се случуваат во исто време и сите се точни за раѓањето на богочовекот.

Ќе мора да го преформулираш прашањето за да те разберам.
„временски одвоени, а се случуваат во исто време?“

Податоците за Хорус се отприлика од 3000 п.н.е. и потекнуваат од хиероглифски записи.
Податоците за Кришна се од 2000 п.н.е. и потекнуваат од санскритски записи.
Податоците за Исус се од 100 година па наваму и потекнуваат од различни житија и понекој историски запис.
 
Ако сакаш да разбереш, не треба логички да размислуваш.
 
Исус исполнил повеќе од 300 пророштва во стариот завет....за него има записи од најголемите историчари во тоа време Тацит, Флавие Јосиф, Плиние, Вавилонскиот Талмуд, Луциан, Талус..значи не станува збор за митологија..плус Исус не е роден во декември.

А кога е роден, у јуни?
Кога се вика „христос се роди“?
 
Spored stariot kalendar se praznuva na 25 Dekemvri, a spored novbiot na 7 Januari.
 
Слични работи имаше во филмот Зеитгеист, поврзаност на хороскоп со сите религии, испаѓа дека се е некако сомнително, измислено. Мене лично воопшто не ми е важно и тоа дали воопшто постоел Исус, неговите зборови се вистина дури и во тој случај.
 
Sigurno doklonu bi bil obicen smrtni ne bi mozel da napravi tolku dela, sepak prisustvoto na dvete prirodi e ona vistinskoto sovrsenstvoto na Boga.
 
А кога е роден, у јуни?
Кога се вика „христос се роди“?

Декември нема врска со Исусовот раѓање..
"кога беа таму - и дојде време да роди.
И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо".
Пастири ноќеваат под ведро небо на 25 декември..да бе.
Тој датум е превзеден во 4 век од Рим кога инаку се славело раѓањето на богот на Сонцето.Првите христијани воопшто не го ни славеле Божиќ оти нема точен датум за Исусовото раѓање.
 
Самото прашање, онака како е насловено-митологија, е само по себе погрешно. Митологијата/митологиите се човечки измислици и човечки обиди за објаснување на светот и логиката од неговото постоење и одржување. Такви митологии имаат сите антички светови/народи и сите тие се речиси редовно различни а зедничка особина им е желбата да ја објаснат Вселената, користејќи ги приказните за нивните богови, со што сите антички народи потпаѓаат под категоријата „идолопоклонци„, т.е. народи кои самите ги измислуваат своите богови. Не гледам како овде може да се вклопи и Богочовекот Исус Христос, Кој е реална личност а не нечија фантазма, Кој во одреден момент, пред 2000 г. се „вклучи„ во човековата историја и ни го остави Своето учење за логиката од постоењето и живеењето во овој свет.
 
Краток хронолошки преглед на митологијата која претходи на "раѓањето" на Исус Христос.

Исус Христос

Роден на крајот од Декември.
Роден во пештера или штала.
Син на девицата Марија.
Одгледан од Марија и Јосиф.
Татко столар.
Најавен од ангел.
Раѓањето проследено со појавувањето на источна ѕвезда.
Сведоци на раѓањето: овчари.
Појавување на 3 мудреци по раѓањето.
Нема податоци за неговиот живот помеѓу 12 и 30 години.
Крстен на 30 години од Јован.
Јован умира со обезглавување.
Имал 12 следбеници.
Одел на вода.
Ги лечел болните.
Воскреснувал мртви.
Предаден од Јуда.
Умрел со распнување на крст.
Закопан во гроб.
Воскреснат по 3 дена.
Втора личност од тројството.
Drugar proveri si gi podatocite
1. Христос не е роден во декенври засто во декенври немозат пастирите што ја виделе ѕвездата да спијат по отворено небо а се празнува во истиот месец поради сузбивање на култот за раѓањето на сонцето зошто кога децата во раните зори оделе по куќи и го најавувале сонцето вака на падник ке го најават таѓањето на Христос сонцето што не заоѓа
 
Имајќи во предвид дека местото на Христовото раѓање е на друга „географија„ и климатско подрачје, не е проблем Христос да биде роден во декември/јануари. Сепак. Блискиот Исток е друг климат. Плус тоа, пастирите имале запалено и оган (симболика во бадниковите огнови) па не им било проблем да спијат и под ведро небо.
Датумот на Христовото раѓање и воскресение не се апсолутни категории. Од Христа наваму, напрвавени се пресметковни грешки од папството, па грешката во датумото на раѓањето оди и до 3,5 години. Според временската мапа од македонско издание од Писмото, Хрситос е роден 3,5 г пред преодото од Стара во Нова Ера. А велиме дека Христос е роден на самиот преод од Стара во Нова Ера па затоа времето и го мериме од Христовото раѓање на наваму. Слична е и грешката во Јулијанскиот и Грегоријанкиот календар, во разликата од 14 денови.
Денот на Христовото воскресение, пресметковно се паѓа ПРЕД еврејската пасха па затоа нема фиксен датум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom