ИРИ: РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ -29 %, А НА СДСМ-11%
Убедлива предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните вонредни парламентарни избори покажува и последната анкета на Меѓународниот републикански институт, спроведена од 13 до 18 април. И според оваа анкета ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 2,5 пати повисок рејтинг од опозициската СДСМ.
Теренската анкета на 1.108 испитаници покажале дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 29 проценти, а за СДСМ 11.
Во албанскиот политички блок ДУИ има предност пред ДПА од 2 процента. За опозициската албанска партија би гласале 10 проценти, а за владејачката ДПА 8 проценти од испитаниците. Сите останати партии имаат рејтинг 1 или помалку.
Интересно е тоа што во сите изборни единици владејачката ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ.
Оваа априлска анкета на ИРИ во споредба со декемвриската од 2007 покажува дека за овие месеци, ВМРО-ДПМНЕ има пораст од 3 проценти. Ист таков пораст има и ДПА. Додека опозициската ДУИ има пад од 1 процент, а СДСМ го задржала рејтингот од 11 проценти.
Оваа анкета на Американскиот републикански институт не се разликува со онаа на Институтот за демократија. Соодносот меѓу резултатите покажува речиси идентична предност на владејачката партија.
Политиколозите не очекуваат драстична промена во рејтинзите до изборите.
Граѓаните, пак, генерално им веруваат на агенциите кои вршат испитување на јавното мислење.
Анкетата на ИРИ покажала дека 19 проценти од испитаниците се уште не се определиле за кого ќе гласаат на овие избори.
Кога веќе сте кај цифрите , пошто сте од „постарите„ знаете дека цифра треба да се покаже респект или се јаде рапуш по уши и ластик , у тиква , ајде бирајте прст сега