Јао, ми тргна. :poss:
Околу пушењето...
Ок, озбилно...
Ако сакате да пушите, а се наоѓате во друштво, онда барате дозвола од другите. Ако има женско во близина, прво се прашува таа. Ако е она пушач, ок, овде веќе сите знаете.
Инаку, жена не одбива цигара/упаљач од пријател/другар/познаник, а од непознат воопшто не мора да прифати. Прифатила или не, "фала/благодарам" е задолжително.
Важи и обратното, за мажи, иако женските во случајов имаат предност.
Цигара, се нуди така што се подава цела кутија, а тој што зема не избира сто саата, туку онаа што прва ќе ја фати со прстите.
Иначе, ако пушите, а имате неочекувана посета, цигарата ја оставате на страна, пак за дозвола си прашувате, и после продолжувате. (Ако не догори до тогаш.

)
Жена на улица не пуши. Маж... Грдо е пак, ама ок... И кога се поздравувате цигарата никако во уста.
Во соба каде што има деца, во никој случај пушење. Во близина на запалливи предмети, во кревет, додека друг јаде и мал милион кои аман, не ми текнуваат...
И цигара од цигара не се пали.
