Бон-тон

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
1) Не треба да се јавувате никаде подоцна од 22 часот или порано од 8 часот!!!:star:
2) Кога ќе се јавите на телфон не треба да се рече „Ало кој е на телефон?’’ туку треба да речете „Добар ден’’(или добро утро или вечер) и да почекате тој што бара да ви се претстави и да ви каже кого го бара и зошто (Освен ако не е некоја тајна мисија)!!!:star:
3) На крајот од секој телефонски разговор се вила „До слушање” а не „чао” или „ајт”!!!:star:
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
29
Поени од реакции
0
ej komentarive vi se kako na 12 godisni deca
najverojatno zasto togas se uci bonton :)
bontonot najmnogu i kaj site zavisi od raspolozenie i nisto drug
nema covek koj koga e nervoze e kulturen barem jas taka mislam
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Што е тоа бонтон? Одговорот е излишен: тоа се правила на убаво однесување во различни ситуации од секојдневниот живот. Но, за што служи? Иако е очигледно дека треба да се однесуваш на културен начин, принципите кои не` инспирираат на тоа со времето се менуваат.
Првата книга напишана на оваа тема од авторот Делакеза, научник од 16 век, имала за задача да ги разграничи различните општествени слоеви: оние од врвот морале да ги почитуваат правилата на убаво однесување, а истите тие правила го осудувале „простиот народ” да остане таков.
Со тек на време се менуваат и самите прописи. Во антички Рим, на пример, обичајот да се јаде испружен на ниски душеци бил максимум на добро. Со паѓањето на Римското царство т.н. „варвари” го вовеле обичајот да се јаде на маса, како што се прави и ден-денес: а тоа што нивните ручеци се претворале во одвратно ждерење со целосна активација на рацете, но без сомневање внесле примеса на цивилизираност.
Во 16 век, покрај фактот дека италијанските дворови ја претставувале авангардата по обичаите и убавите манири, монсињор Делакез морал да ги опоменува своите читатели да не вршат нужда на ѕид (и тоа внатрешен!) од својата или туѓата куќа, ниту да чачкаат заби на маса со нож за работа или одбрана од непријателите...
Убавите манири не биле секогаш прифаќани со радување. Да се потсетиме на употребата на вилушката: Први ја користеле Тартарите, па стигнува во Венеција, од таму на сите италијански дворови. 1500та година ја прифаќаат на парискиот двор, а дури во 18 век во Германија. Но, од самата употреба на вилушката не се штедело на осуда и иронија: нарекувана е ѓаволски инструмент, женски прибор, сметана е за знак на декаденција и слично.

Некогаш, како и денес, убавите манири служат човекот да биде прифатен, а не сам да се исклучи од општеството, да создаде заедница со други, а сепак да ја задржи нормалната дистанца.


Претставување: Име и презиме

Пред се` треба да ни е јасно дека, ако прв пат се претставуваме, тоа го правиме поради запознавање; дури и ако сме сигурни дека таа личност веќе никогаш нема да ја видиме, не е убаво сопственото име да го промумламе на брзина, преправајќи се дека овој другиот ќе го запомне. Треба јасно да се изговори (без претерани гримаси) сопственото име и презиме, без додавање на професионалната титула и да почекаме да го направи истото соговорникот.
Ако не сте го чуле добро неговото име, со насмевка замолете да го повтори: тоа е добар начин да покажете дека ви е гајле за таа средба и за тоа да го запознаете својот соговорник кој ќе се почувствува почестен и задволен што налетал на личност која е заинтересирана за него.


Претставување: Стегање на раката

Во момент на поздравување при запознавање, стегањето на раката ќе ја направи средбата уште посрдечна. Стискањето треба да е кратко, но не убрзано, силно - но нема потреба на другиот да му ги скршиме коските за да ги покажеме своите симпатии.
Треба да се внимава да не се оди во крајност, т.е. „млитав” стисок без сила ќе ја одбие другата личност. Не е убаво веднаш да и` се пружи рака на личност од повисок ранг по стручност, авторитет: оставете таа сама да го направи првиот чекор и да покаже дека навистина сака да ве запознае.


Претставување: Што да се каже?

Треба да се избегнуваат премногу формални, стереотипни и резервирани изрази од типот: „Почестен сум!”, „Ми беше задоволство!”, наместо тоа подобро е соговорникот да го поздравите со: „Здраво!”, „Добар ден!” или „Добро вечер!”, во зависност од личноста и моментот.
Во случај на претставување пријатели кои меѓу себе не се познаваат (најдобро е да прашате „Се познавате?”) се кажува само името и презимето на секој, без наведување на професијата, и тоа прво се претставуваат дамите; во случај на постари луѓе, меѓутоа, може да се каже и професијата.
Ако треба некого да го внесете на некоја прослава, дојдениот не се претставува на секој поединечно, туку на сите заедно, или ако има навистина многу луѓе, група по група; ова е должност на домаќинката.
Во случај гостите да седат, мажот треба да стане и да ја поздрави новиот гостин; жената тоа треба да го направи само во присуство на постари луѓе.
На крај, избегнувајте да претставите некого ако не се сеќавате точно на неговото име: заинтересираните секако ќе го запознаат, но вам ќе ви биде залепена лоша етикета.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Абе ко ке се понашаш ко шо требит нема да мислет сите дека си дивјак од планинине слезен, а и плус пријатно е да чуеш убав збор...
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Slushanje na sogovornikot

Malku zboruvanje,malku slushanje..... glasi praviloto,no vo realnosta , najchesto e poinaku.Brojni se onie koi mozat da vi zboruvaat so saati za sebe,a malku se onie koi mozat da ve slushaat so saati.Ova vodi kon dve razmisluvanja....

prvo - ne iskushuvajte go trpenieto na toj shto ve slusha,zatoa shto mozebi toa i ke bide posleden pat i
vtoro - bidete spremni da isslushate.

Umeshnosta na slushanje podrazbira :

-ne se prozevajte,
-ne se vrtete postojano okolu sebe,
-trudete se maksimalno da ne upajgate vo zbor koga se raboti za neshto vazno,
-ne klimajte postojano so glavata,
-ne povtoruvajte premnogu chesto odobruvanja od tipot "Taka e","Se razbira","Imash pravo" i sl.,
-a dokolku sakate da se sprotivstavite,napravete go toa diskretno.

Koga sme vo pravo i koga ne sme

Ne e nevozmozno da se reshi nekoja raspravija,diskusija ili bilo kakvi drugi sporni prashanja, na civiliziran i relativno brz nachin.
Materijata za koja se zalagate mora da vi bide jasna od site aspekti za da bi bile sigurni deka ke uspeete da dokazete deka ste vo pravo,i dokolku uspeete,dali toa vi dava nekakva prednost.

Do kade vredi da se odi?

-Ne vredi da se brani sopstveniot stav po sekoja cena i so edinstvena cel da se povredi sogovornikot.
-Osnovnata kultura ni nalaga da ,nadvor od nashite lichni interesi, problemite gi reshavame bez niski udari,navredi,niskosti i vozvrajkanje.
-Togash koga ne sme vo pravo,priznavanjeto e sekogash znak na visoka intelegencija.



 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Конверзација

Правилата се бројни, но сите можат да се соберат во еден став дискретен, внимание кон другиот, скромност и симпатии.
Немојте претерано да користите странски зборови, и тоа изговорен со афективност; веќе сте создале чувство на досада и антипатија.
Ако изгледате резервирано и како да ви е досадно за она што се дискутира, соговорникот ќе помисли дека тој е досаден.
Не водете главен збор во разговорот, впуштајќи се во долги монолози на било која тема; спротивен став, кој дава повеќе резултати и опушта, е да му се поставуваат прашања на соговорникот и често да се изнесува сопствено мислење, не прекинувајќи го: во тој случај можеби нешто и ќе научите; ако само вие зборувате, сигурно нема.
Немојте на никој да му противречите нападно и агресивно, а ако ве фатат во контрадикторност, не се извлекувајте и понатаму кажувајќи бајки: наместо тоа имате шанса да ја покажете својата интелигенција со иронична забелешка на своја сметка.
Денес, личност која не ги прекажува работите за кои зборуваат телевизијата и весниците, посебно ако соговорникот не е во тек или е во тек на еден површен начин, остава несомнено пријатен и невообичаен ефект.
Исто така, не е убаво опширно да се зборува за некој филм ако соговорникот сеуште не го гледал. Треба секогаш да сте во состојба да преминете на друга тема штом приметите кај другиот незаинтересираност.
Не присилувајте професионалец да зборува само за својата работа или проблемите поврзани со нејзе: ако зборува со вас на теми кои не се поврзани со струката, тоа е затоа што сака да се одмори и да зборува за нешто друго.
Во глобала, она што е важно е да ја задржите иронијата, чувството за шега дури и во сериозни ситуации - треба значи да се отстапи од сите професионални ставови, играње улога или издавање наредби затоа што никогаш нема да добиете можност и дозвола за тоа врз основа на својата диплома, туку само ако имате навистина право.
Не му се приближувајте премногу на соговорникот додека разговарате со него.
Најпосле, не бидете досадни и не инсистирајте на очигледно неверодостојните приказни во кои сите веруваат.


Насмевка

Насмевката не е резервирана само за посебни прилики, туку тој треба да ги создаде и во добро и во лошо. Поради тоа внимателно бирајте време, начин и личности на кои ќе им се смешкате: затоа што, иако е општо мислење дека насмевката секогаш годи, треба да се избегнува секаква крајност, било во сериозност, било во несериозност.
Оној кој никогаш не се смее може да стекне почит, но потешко симпатии. Понекогаш, во зависност од амбиентот, „киселото лице” може да биде постојано предмет за шега.
Оној кој секогаш или доста често се смее, секако ќе разбуди симпатии и весели реакции, но токму поради тоа ризикува да не биде сфатен сериозно или без сопствена намера да е погрешно сфатен.


Насмевка за сите

Прво правило е, значи, да не им се смешкате на сите. Насмевката може да е одбрана или визиткарта, начин да се извлечеме од непријатна ситуација, да почнеме однос со некој или мирно да го завршиме. Невозможно е прецизно да ги навестиме сите случаи: во животот на секој од нас постојат разни моменти за различни изрази на лицето.
Ситница, но незанемарлива: немојте да ги присилувате оние кои ќе се наместат пред вашиот фото апарат да кажат „Птичка” за да измамите насмевка. Обидете се навистина да ги насмеете. Или сликајте ги такви какви што се.


Персирање

Денес, персирањето е одвоено од професионалните и јавни титули или презимиња: прилично е распространето некои запослени да му се обраќаат на име на својот претпоставен или многу постар колега, но притоа да му се обраќа со Вие. Или, во прво време, вереницата да ги персира родителите на својот партнер.
Но, она што и понатаму важи е следното: ти - значи доверба, Вие - почитување. Но, во многу денешни односи луѓето успеваат да внесат доверба и таму кај што постои почит и обратно.
Меѓутоа, едно е доста важно: никогаш немојте веднаш да преминувате на „ти” или на лично име. Личноста можете да ја викате на име кога таа ќе даде дозвола за тоа. Секоја наша лична иницијатива може лошо да се протолкува и ќе се постигне спротивен ефект.
Посебен случај, но, поделикатен, се прекарите: немојте да ги користите освен ако не е интимен. Користете ги прекарите само кога ќе сте со некој насамо.


Крај на разговорот

Пред се` треба да се биде способен, за себе си да се заштитиш (нема многу професионални категории кои се платени само за слушање како што се свештениците и психоаналитичарите), да прекинеш разговор во вистинскиот момент, а да не оставиме впечаток дека ни е досадно или дека сме изморени.
Првo: ако внимателно слушаме, секако ќе сфатиме кога соговорникот прави паузи, па иако мали, да земе воздух или да раздвои различни теми - ова е момент да се вклучиме со крајна одлука.
Второ: со благ глас, но со малку повисок тон од неговиот, треба да го информираме зборувачот дека сме многу заинтересирани за она што го зборува, но и да напоменеме дека сега за жал имаме итни обврски.
Трето: одлучно стануваме, смешкајќи се притоа, пред овој да успее да врати и да не` замоли да дослушаме само уште нешто, па ако треба и да истрчаме до касата и да ја платиме сметката.
Природно, постои можност тој да ви предложи да ве испрати до некаде, за да ја заврши својата приказна: и тука треба да се предвиди некој излез тргнувајќи во правец неповолен за него или со забрзување на чекорот за да го обесхрабриме соговорникот да ја каже приказната до крај.
Знаењето да слушаш е навистина една префинета, елегантна и социјална карактеристика. Треба да се негува, па вашето мислење ќе биде барано, затоа што сте имале можност да слушате различни приказни.


Кога сме во право и кога не сме

Не е можно да се реши некоја караница, дискусија и било какви други спорни прашања на цивилизиран и релативно брз начин. Материјата за која се залагате мора да ви е јасна во сите аспекти, за да знаете дали ќе успеете да докажете дека имате право.
Во суштина, се работи за следново: до каде вреди да се оди? Било да се работи за препирка на скали или за некој важен работен проблем, не вреди да се брани сопствениот став по секоја цена од една единствена причина - да го повредиме противникот.
Покрај тоа што ќе ве прогласат за кавгаџија и цепидлатор, расправата ќе ви се одбие од главата кога тогаш на разни начини, особено во случаите кога сте секако присилени да комуницирате со противникот (дали на работа, дали во соседството итн.): порано или подоцна жарот кој тлеел повторно ќе се претвори во пожар.
Основната култура ни налага дека проблемите треба да ги решаваме без ниски удари, навреди, пцуење. Ако не сме во право, признавањето секогаш е знак за висока интелигенција.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Jazik - stil

Se sluchuva ponekogash, da sretneme lichnost koja izgleda sharamantno, spored elegancijata so koja se oblekuva, ili spored fizichkite osobini so koi e nadarena,no shtom ke ja otvori ustata,ja gubi ubavinata, poradi pcuenje,vulgarnost,pogreshno sostavena rechenica,razlichite i neinteresni argumenti,nerazbirlivo mrmorenje,rasseanost i sl. Seto toa gi stava na teshka proba site simpatii koi predhodno gi steknala.


Ovde seushte ne stanuva zbor za jazik,tuku za nachin na izrazuvanje.

Dobrata komunikacija so lugeto ja sochinuva i ednoto i drugoto.....znachi zborovite, no i bojata na glasot,akcentot,karakterot na zborovite....
Patot kon uspeshna "jazichna sposobnost" e dolg, no mozat da se izdvojat nekolku opshti merki, koi treba da se prevzemaat.

1. Shto ne treba da se zboruva?

-Ne treba da se koristat izrazi koi vsushnost spajgaat vo "ubavo izrazuvanje", no se vejke zastareni, izlizhani i vejke banalni,kako na pr. --nikogash ne davajte nekomu karakteristiki od tipot "fin/a","ugleden/na","poseben/na"....
-Isto taka treba da se izbegnuvaat izrazi koi se vo "moda" a koi gi ima vo izobilstvo vo vesnicite ili na TV.
-Strogo treba da se izbegnuvaat i zborovi od zhargon, t.e. tipichni za nekoj umetnichki ili profesionalen ambient, so namera da ostavime vpecatok deka tamu pripajgame....
-Ne koristete zborovi od stransko ili latinsko poteklo, dokolku ne ste potpolno sigurni vo nivnoto znachenje i izgovor.
(Pr. chesto pati, angliskiot zbor "sympathetic" se primenuva za da oznachi "simpatichen" , a toj vsushnost znachi "soosetliv, sochuvstvitelen"....ili chesto se izgovaraat francuski izrazi so nesoodveten akcent) ....pa seto toa vodi kon katastrofalni rezultati, odnosno ne prikazuva pred svetot, kako neznalici i kako nespretni i beskorisni egzibionisti.
-Treba isto taka, da se izbegnuva i sekoja apsurdna igra na zborovi i eufemizmi, koga se zboruva za poimi od oblasta na telesnoto i seksualnoto....neshtata treba da se narecat so vistinskoto ime bez izveshtachenost i vulgarnosti....pr. menstruacija e menstruacija ,a nikako "menzis" ili "mens" ili nekako ushte polosho.....

Neshto i za pcovkite....Ima lujge koi apsolutno gi izbegavaat,ima lujge koi retko gi koristat,pr. koga se nervozni,a ima i lujge koi chesto gi koristat. Ne postoi pravilo so koe potpolno se zabranuva nivnata upotreba.

-Vistinskata norma bi bila : ponekoja pcovka ,neprimetno vmetnata vo govorot ,koja se razbira, nikogo ne navreduva i koja ne treba chesto da se upotrebuva.
Na takov nachin, ke ostavite vpechatok na lichnost koja ne e strogo formalna ,na koja mozhe da i se doveri, no koja nema da premine vo vulgarna, za da privleche vnimanie.
-Procenete ja prvo lichnosta so koja razgovarate,vnimatelno soslushajte ja i ako nejziniot rechnik e lishen od smeli zborovi,ne gi upotrebuvajte i vie.
-Koga zboruvate ,zavrshete ja mislata,ne ostavajte nedovrsheni rechenici, -ne zapochuvajte iznenadno nova tema koja nema vrska so predhodnata....
-Ne zboruvajte so polna usta,ne naveduvajte iminja, bez objasnuvanje za kogo se raboti,ne zboruvajte za mesta, nastani i periodi od minatoto, ochekuvajki, site da gi poznavaat.
-Jasno iznesete ja temata za koja ke zboruvate,koristejki glagol so koj ke se definira odredeno dejstvo,potoa ,soodvetni pridavki i sl.
-Ednostavnosta i jasnoto prezentiranje se znak na dobro vospituvanje.



Odredena grupa na lujge vo opshtestvoto,voopshto ne mora da praktikuva dobro odnesuvanje.Nim se im e prosteno,shto i da napravat,kako i da se odnesuvaat....od niv ne se ochekuva izvinuvanje,zatoa shto lujgeto okolu niv, vejke imaat jasna pretstava, za nivnite intelektualni i mentalni sposobnosti.:)
Tie lujge ne treba voopshto da se zamaraat so pravilata na ubavo odnesuvanje...
...:):):)
 

Infra

Мојот Пастир
Член од
26 ноември 2005
Мислења
141
Поени од реакции
2
Многу ценам културни и воспитани луѓе. Да не речам дека тоа ми е една од најприоритетните работи. Конкретно, многу би ми годело доколку некој се однесува со мене по т.н Бонтон, па се трудам и јас да го практикувам.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
По бонтон кога се оди на гости кај некој, кондурите, патиките или било што не треба да се соблекуваат. Шо овде кај нас сите се научиле „ај соблечи патики, па влези“, сеа негов проблем ако некој ме викнал кај него дома и му газам со кондури. По бонтонот е така.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Цвеќето е универзален начин,кој се користи кај сите народи и во сите епохи,да се изрази почитување и љубов.

Цвеќето е згодно во повеќе прилики , роденден, венчавка, крштевање, раѓање и тн. , но својата вредност,традиционално, ја наоѓа пред се во сендименталните односи, меѓу мажите и жените.

Покрај изборот на цвеќето,треба добро да се промисли и процени и за количината.

-Не носете премногу цвеќе, кога излгувате со некого на вечера,театар или слично, затоа што овој знак на внимание, може да се претвори во незгоден терет.
-Она што не смеете да го направите, е да испратите орхидеи на една дама,затоа што овој цвет, јасно дава слика на женски полов орган и тоа, се разбира, не е културно да се потенцира.
-Никогаш не се поклонува парен број на цветови, дури ни 12, иако овој број некогаш бил општоприфатен.
-Една ружа може да се поклони,но три никако....делува по малку мизерно.

-Можете комотно да се осеќате со 7 ружи, а 11 се вејќе знак на големо внимание.
-Црвена ружа...страст,жолта...љубомора.
-Ако не сакате, да го изразите ни едното ни другото чувство, направете компромис со розови ружи или др. сезонско цвеќе.
-Никогаш не го праќајте цвеќето анонимно.Додајте му порака,секогаш рачно напишана, со боја слична на цвеќето ,на бела картичка.
-Отстапка, да не се потпишете, е ако го оставите цвеќето во задниот крај од автомобилот на вашата драга што ќе предизвика изненадување и интересно чувство на љубопитност.
-Цвеќе се поклонува и на мажот, и тоа обично црвена ружа со долга рачка,но во посебни славенички прилики, може и поголем букет од одбрано цвеќе.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
сакам кога луѓето се однесуваат културно,но до одредена граница!на пр.страшно многу ме нервира кога некој ми персира!
мислам дека не би можел сам за себе да кажам дали моето однесување е по бонтон!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
сакам кога луѓето се однесуваат културно,но до одредена граница!на пр.страшно многу ме нервира кога некој ми персира!
мислам дека не би можел сам за себе да кажам дали моето однесување е по бонтон!
Како се однесуваш ти,така ке се однесуваат спрема тебе,не можеш да бараш културно да се однесуваат спрема тебе ако ти не возвраќаш со иста доза на култура
 
С

Сатори

Гостин
Колку сте по добрите манири и добро однесување во било какви ситуации? На пример ... кога излегувате со девојка/дечко, кога сте во друштво, кога влегувате во некаква продавница, кога сте на работа, на улица ... или едноставно секојдневно колку го користите бонтон-от во вашиот живот? 8)
Се трудам да бидам.
Секогаш сакам да им биде пријатно на луѓето во моја близина.
Секогаш отпоздравувам, персирам ако не ја познавам личноста добро, се трудам да не бидам гласна и итн...
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Како се однесуваш ти,така ке се однесуваат спрема тебе,не можеш да бараш културно да се однесуваат спрема тебе ако ти не возвраќаш со иста доза на култура
мислам дека тоа не зависи од мене-дали некој ќе се однесува културно!тоа зависи од самата личност!нели?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Se zavisi kako tie od nadvor te ocenuvaat... Dali imas dobri maniri ili nemas. Jas se trudam da bidam fin... Gi pozdravuvam lugeto sto gi poznavam (ako gi zabelezam), Persiram na postari i na luge sto ne gi poznavam, Koga telefoniram se pretstavuvam istoto se vazi i za zapoznavanje....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom