Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ауу...02:31 веќе било. Доцна е- си рече. Го беше заборавил вклучен телевизорот што го купи со неговата прва плата. Се освести од дремката на удобната фотеља и отиде во wc-то да си ги измие нозете и забите. А не ги миеше забите секоја вечер со паста, туку само ги исплакнуваше темелно со вода. Имаше научено дека флуоридот при редовно нанесување ги нагризувал. И можеби беше во право. Скоро кога беше на систематски преглед од работа му рекоа дека спаѓал во ретките пациенти кои доаѓале со добро сочувани заби и непца. Но нејсе тоа...Ја заврши вечерната рутина, веќе беше 02:53, и за чудо веќе не му се спиеше. Излезе на балконот да запали цигара. Леле...пак комшиите од горниот спрат пуштаат музика, пијат и се дерат. Срање, рече, и ја запали цигарата. За среќа спиеше на другата страна од станот па така нема да ги слуша. Ги гледаше ѕвездите, а Орион само што почна да се открива на небесниот свод. И ги набљудуваше, мали, сјајни, далечни. Посака да е ѕвезда. Посака да е на високо, посака моќ. Цигарата догори. Туткајќи ја кутијата за да ја фрли, забележа "ПУШАЧИТЕ УМИРААТ ПОМЛАДИ". И не сакаше власт, не сакаше моќ. Посака да си легне и да си заспие како обичен човек, кој повторно ќе биде во дилема како да го помине и преживее наредниот ден.
Разбирам и галама од комшиите и приказната со миењето заби и цигарите, ама од астрономска гледна точка имаш грешка, со оглед на фактот шо Орион се појавуват на небото баш кога се стемнуват, а најкасно до кај 12:00-12:15 сатот... или ич не се појавуват, зависит од местоположбата на Земјата и Орион, како и други природни планети и сателити кои би се нашле на патот помеѓу Земјата и Орион.
И така ти викам. :pipi:
 
Разбирам и галама од комшиите и приказната со миењето заби и цигарите, ама од астрономска гледна точка имаш грешка, со оглед на фактот шо Орион се појавуват на небото баш кога се стемнуват, а најкасно до кај 12:00-12:15 сатот... или ич не се појавуват, зависит од местоположбата на Земјата и Орион, како и други природни планети и сателити кои би се нашле на патот помеѓу Земјата и Орион.
И така ти викам. :pipi:
"Орион" е шифрирана порака....:zlo: :nerv:

Се шалам, претпоставував дека може да настане таква грешка. :)
 
Антената го прифати сигналот. Брановите нестабилни. Гласот од телевизорот простенка:
,,Сонувајте за убав ракопис, ако користите компјутер. Барем ќе мора да се потрудите... Робокапска капсула ги голтна вашите таленти. Седумнаесет часа живеете во инвазија на Windows. Останатите седум, сонувате. Рендофалната стомачна утроба ви се превртува од возбуда, кога ќе сетите пристојни амиш-конструкции. Време е да излезете од виртуелниот свет".

Го погали црвеното копче и го исклучи телевизорот. Толку од глупостите што го опишуваа целосно, можеше да слушне. А и презентерите во последно време, станале многу напорни...

Чајот од камилица чадеше како најмиризлив тутун и му ги топлеше дланките. Секојдневното паушално нервирање за работните задачи му задаваа главоболка. Секој пат ја лечеше со чај. Не за џабе, никогаш не му помогна... Хемијата е понапредна во разорувањето на сите сетила, па дури и болката онемува пред неа.

На овој ден, пред точно 9 години, ја прогласи црната боја за негова типична. Маја си замина засекогаш. Со неа замина и хемиската формула што требаше да го спаси човештвото од СИДА-та. А воедно да го спаси и него... Остана сам. Со години хив позитивен и чувства-негативен.

Ровареше најпрво низ сите нејзини постхумни тефтери, ги прочита сите нејзини истражувања, ги размонтира сите места каде евентуално можеше да биде скриен тој таен рецепт што ќе го спаси. Немаше ништо. Само едно мало ,,животно" кое го поврзуваше со светот... Глувчето од компјутерот.
 
Легнав конечно да спијам кога одеднаш некој не зазвони на вратата.
Првиот пат не отворив. Си реков некој непознат е.
Но откако зазвона по втор пат морав да одам да га отворам вратата.
Така полу-гол појдов накј вратата. Стигнав до неа но се подвратив. Си реков да не одам така и да облечам нешто на мене па се вратив повторно во собата. Кога се вратив до собата се слушна и по трет пат звоното. Па побрзав и го зедов првото нешто што ми дојде на рака и така облечен пак појдов накј вратата.
Ја отворив без да ѕирнам од окцето па така и се изненадив од одговорот.
На вратата стоев јас од едната страна и повторно јас на другата страна. Се уплашив, сите движења ги повторуваше по мене, изгледаше потпуно исто како и јас. Сакав да го запрашам нешто но не успеав бидејќи исчезна откако позади него излегоја две непознати лица во работничка облека и ми рекоја дека ми носат ,,огледало,, .:nesum:
 
Чекајчи го ангелот.

Седев ја по навика јас така на столот со скрстени нозе и го пиев моето утринско кафе, ја запалив мојата прва цигара денес и го зедов од масата денешниот весник. Го отворив и ги прочитав сите денешни новости напоредно пиејчиго кафето. Имаше некој чуден вкус исто како и времето надвор што беше чудно. Па така замислувајќисе зашто е такво учусот на кафето и зашто е такво времето ми изгоре целата цигата, а имав земено само еден дим. Па така зедов уште една цигата од кутијата и запалката која беше над неа, ја ставив цигарата помеѓу моите усни и ја доближив запалката до цигарата пополаку наведнувајќисе со главата но тогаш нешто ме допре, се слушна чукање на надворешната врата. Ги оставив на масата запалката и цигарата и се упатив кон вратата.
Пред да отворам се поднаместив во строг став и силно и брзо ја отворив вратата. Но кога отворив ништо не видов, освен светлина. Се зачудив, не знаев што може да биде ова нешто. Се ѕверев и ѕверев во светлината откоја излезе еден ангел кој беше исто така доста светол. Беше преубав ангел, нема да го заборавам. Ја прашав дали таа е можеби мојата жена која одамна ја барам, а таа само ја мрдна главата десно-лево. Се разочарав. Но не паднав и у депресија. Па по познатиот мој шмекерски начин на однесуваше и зборување ја прашав дали сака таа да ми биде мојата жена. Таа тогаш не ни мрдна со главата. Само ме погледна во очите и ми покажа светол круг во кој влезе.
Влегов по неа и јас. Иако се двоумев од првин, се плашев. Но не знам заш сум се двоумел и плашел кога тоа место каде што дојдов беше прекрасно, боженствено, чудесно. Наликуваше на рајот, па можеби и беше тоа.
Природата беше неопишливо зелена, а реките побистри од солзите. За жените немам зборови, не сум забележал таква убавина на земјата. Ме маѓепсаја.
Но магијата траеше кратко бидејќи се слушна некој силен и лош звук на бучење, зуење или пак што ли беше. Тоа нешто било часовникот кој ме разбудил за да станам.
Е пак тогаш навистина се разочарав. Но не паднав у депресија и зедов направи кафе, ја отворив кутијата со цигарија, седнав на столчето и ги прекрстив нозете со надеж дека можеби навистина некој ден некој ангел ќе ми тропне на вратата.
 
реално,нереално
Вистина или невистина,
Виртуелно или реално
Границите се рушат реалниот свет веќе не е нешто опипливо , додека зборам со тебе по телефонот и додека ми раскажуваш за себе само слушам ,не ми се зборува, не можам, сакам да слушам.
Дел по дел ,почнувам да добивам слика за тебе.
Од темна силуета која ја гледам во аголот,полека почнуваш да добиваш боја ,лик ,дел по дел.
Полека те соблекувам со поглед , те гледам се смешкаш како дете и ѓаволесто .
Стојам пред бездна ,те слушам ,збори некој глас на дете и старец од другата страна, се во едно.
Гледам горе во таванот и се прашувам што правиш?Што правиш си играш со себе ?со другите ?ебење во здрав мозок си правиш?

Се вртам те гледам тебе легнат на кревет се смееш ,ти ги гледам дланките како ме галат по образите .
Те слушам .....
Ти ги осеќам рацете по целото тело ,како ме бакнуваш полека по вратот,гола сум пред тебе ,нема глумење,нема лаги.....
Зошто не ја спуштиш слушалката и не речеш готово?не иде ова вака. Се прашувам . Ти си дрога ,полош од дрога ,зависност која не те уништува барем за сега,нешто што тече по вените мои додека ти зборуваш .Знаеш дека еден ден се ќе се струполи врз тебе ,грижливо градената кула од бетонски карти ,илузија и фантазија која ќе боли и сепак продолжуваш.
Не е важно ...
Важно е сега и овде а, утре кога ќе заминеш, кога веќе гласот ќе избледне ,кога телефонот ќе прекине да ѕвони , тогаш ќе мислам.
Зошто би мислела за нешто што е во иднината ?Што не се случило?
 
Очај.

Очајот е нешто слично на депресијата. Нешто наменето за слабци. Нешто наменето за денешниве луѓе.

Таков е денешниов свет... депресивен. Очаен свет! Секој сака да биде нешто во општествово, би направил се да биде нешто. Тоа е очај!
Не се прави нешто што не си. Треба да се биде свој за да се успее. Но во овој свет дали тоа ,,да се биде свој,, би помогнало? Овој свет е свет на маски. Треба да се глуми за да се успее.
Очаен свет!

Таков е денешниов свет... депресивен. Очаен свет! Секој сака добар глас да се шири за него. Иако не е, би направил се да се зборува добро за него. Тоа е очај!
Не се прави нешто што не си. Што те интересираат другите што зборуваат за тебе. Само личностите што ти се блиски и те сакаат требаа да знаат каков си и што си. Нема потреба за другите, кои се тие па да имаат потреба да го знаат тоа. Овој свет е на лага. Треба да се лаже за да се успее.
Очаен свет!

Таков е денешниов свет... депресивен. Очаен свет! Секој сака да има пари, би направил се да дојде до тоа. Тоа е очај!
Не се прави нешто што не си. Не ти требаат пари. Тоа го расипува човекот и ако сакаш да знаеш што мисли господ за парите ќе треба само да ги погледнеш луѓето кои што ги имаат парите. Овој свет е материјален. Треба да имаш пари за да успееш.
Очаен свет!

Таков е денешниов свет... депресивен. Очаен свет! Но тоа не значи дека и ти треба таков да бидеш. Дали ќе бидеш некој и нешто не сум сигурен, но пак сигурен сум дека ќе бидеш среќен и доста исполнет со позитивна енегрија. За разлика од другите очајни луѓе кои се полни со тага, омраза и очај!
Очаен свет!
 
Контурите на секоја психолошка нестабилност кај Нора, се млаки и горат. Сурово и судбински прострелуваат. Еднаш низ главата, таму каде што се родија мразулци и тектонски набирања, другиот пат во срцето каде бес во вид на куче почна да лае.
Благопријатно и невидливо и` дозволуваше на влагата да ја мувлоса од внатре, главата да не може да поднесе повеќе шлаканици, дискот во мозокот да се преполни со ѓубре, очите да засветат со оштетеност... А талентите да запрат.
Ако љубовта е плодност, тогаш Нора е стерилност.

Неа ја грози тоа што болката најдобро ја инспирира. Зад секој венец од заби што го распознава зад отворените и раширени усни, ја препознава горчината. Онаа што самата ја презентира. Нора е монумент на собраната актерска дарба. Убиената и закопана искреност во неа, скапа. Простуваше, признаваше, пружаше раце. И` вратија со средниот прст. Да, средниот прст од левата рака. Поблиску до срцето.
 
Приказна за светот.

Некогаш одамна. Во самиот настанак на светот. Постоеја сонцето и месечината. Тие две нешта беа светлина за земјата. Нешто на кое господ Бог беше горд.
Двете сјаеја. Нивната конкуренција беше голема. Не можеше да се одлучи што е посјајно. Па така месечината од љубомора еден ден отидна кај господ Бог и побара повеќе сјај, да биде подобра од сонцето. Сакаше сите да и завидуваат.
Тоа господ Бог многу го наљути и навреди па така га направи месечината доста понесјајна од сонцето.
После ова сите му завидуваја на сонцето, а пак месечината падна во голема депресија. Беше премногу очајна.
Па не знајеќи како да го сокрие својот очај месечината го повика сонцето како негов најголем и единствен пријател кој го изневерил. Сонце кое го повика господ Бог и го запраша дали можел да му помогне на месечината. Но господ Бог сватливо не го одобри тоа нешто туку уште повеќе ја казни месечината да се гледа секогаш, и во ден и во ноќ. Казна за тоа што пак побарала помош од пријател која го изневерила.
Пак сонцето натежено се вратило со одговор кај месечината на која и ветила дека кога ќе биде таа на небото ќе и помогне колку што може.
Господ Бог кога разбрал за ова го казнил и сонцето. Го казнил со тоа што само еден дел од денот ќе биде на небото. Сонцето га прифати казната кое сеуште стоеше на зборот и тој дел што беше на небото и помагаше на месечината.
Така и стана... месечината во текот на целиот ден е на небото. И во ден и во ноќ. Сонцето само еден дел од денот. А пак кога е сонцето на небото ја крие месечината која не се гледа тогаш. А пак навечер само месечината се гледа, никој не и се воодушевува. Сонцето ја има таа среќа. Кое после се што се деси и остана верна на месечината.
 
Го голтам својот јазик на полна месечина
Ги бркам мислите со театрална вештина....бла бла

Дали ова е цената на вечната младост
Или само ценкање до мудрата старост....бла бла

Додека ја гледам како лежи на мојот кревет и со чадот од цигарата ја замаглувам нејзината бела кожа се обидувам да најдам причина, барем дел од идеја...но нема ништо, само уште една урбана курва без етикета завиткана во шаренилото од градот.
Го вкусив sex drugs & rock n roll моментот порано одколку што очекував но сепак потајно се надевав...искрено го обожавам но и се плашам дека ќе станам зависен од него. Се дојде, но ништо не е на место-таа е тука ама се плашам дека ќе ме извади од моето светилиште и можеби-само можеби ќе ги извадам црните очила и ќе ги заменам со розови...и само за миг светот нема да биде мрачен-каков што сум навикнат да го гледам. А можеби луѓето нема да смрдат на очај, омраза и пакост.

И додека ги бистрам мислите со нејзиниот парфем и ги црнам белите дробови со катран...таа поговорка тревата е секогаш позелена на другата страна има многу смисла!

Сега спиј мирно кога решив да пишувам, после толку долго време научив да дишам и врз темната ноќ нечиј сон да лишам.
Црната кожа и кучката во тебе ме чекаат утре...но веќе немаш време.

Сега не сакам вино, ниту секс со тебе...само мир и спокој додека тонам кон себе...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
И кога болката престанува, лузната останува. А секој поглед на таа проклета лузна во мене ја буди совеста која потсвесно се дере дека погрешив. Грешка која можеби и никогаш нема да си ја простам.
А сега часовникот на железничката отчукува. Последните моменти за да се качам на возот од кој несвесно се симнав. Но дали моето седиште во купето сè уште ќе биде празно? Дали оние кои се качиле на неколкуте станици помеѓу успеале да го фатат моето место и покрај тоа што потсвесно се надевав дека некој можеби ќе го зачува?
Всушност јас повторно ќе бидам во возот. Најверојатно оној пат кога бев дел од луѓето од моето купе имав заборавено дека јас сум оној кој само ги прегледува билетите. И можеби некаде надвор од возот некогаш повторно ќе го најдам моето место помеѓу истите луѓе кои ги оставив пред неколку станици, но не и во возот.
Токму сега се качувам на истиот воз. Ќе пробам да го најдам истото купе и овој пат ќе се обидам да ја отфрлам униформата пред да влезам во него.
А дали утре ќе биде нов ден во кој јас ќе чекам повторно на станица да дојде друг воз, останува само да видам. И повторно, судбината е во мои раце. Но некако не е баш лесна да ја држам сам.
 
Животот е карактеристичен по групациите моменти, збирот слични чувства кои ти ја среќаваат душата, остатоци од ,,тогаш" кои се среќаваат со ,,сега".
Сето тоа те тера да се себезамислуваш во истите емоционални виори, ако знаеш дека тоа те оживува.

Толку сум среќна што можам да ре-доживувам, да чувствувам дежаву-настани, а притоа да не чувствувам нималку горчина.

Како што постојат ограничени мозоци, така постојат и ограничени конекции. Додека некои се грозат од сопствените избори и се кријат позади ѕидот наречен ,,коинциденција", јас имам храброст да ги прифатам последиците имплицирани од мојата избрана љубопитност. Иако и ти си дел од тие грешки, сепак можам во лице да те погледнам и да ти речам:

-Да, ти ме научи да бидам претпазлива. Ти ме пресече во коренот за да не прераснам во гнило растение. Ти-ме спаси пред да ме уништиш. Ти благодарам!:pipi:
 
Отворена празна тетратка, милион мисли, ништо не запишано. Тргнато со мотив да се запише. Ништо не вреди од тоа што го мисли да се запише некаде. Неговите мисли се безвредни. Трага да се остави е безвредно. Секој збор напишан ке биде само линии оставени од мастило. Тие линии нема да формираат мисла. Тие линии никој нема да ги сфати. Тие линии ке бидат излишни. Планираше животот да го запише но тој напишаа само линии кои никој нема да ги разбере. Линии кој никој нема правилно да ги прочита. Линии напишани но не прочитани.
 
....и повторно лежеше во црвената соба и водеше монолог во мислите додека животот немилосрдно и го крадеше времето.Мислите кои и навираа како солзи на дете на кое му земале играчка, ја соборуваа ментално и физички па таа остануваше така со часови пловејки во полусон.Размислуваше за луѓето околу неа.Како тие размислуваат,како гледаат на работите, како гледаат на нејзе.Не знаеше од каде таа потреба да се заклучи и со часови да се изолира од она што се нарекуваше нормален свет.И додека го вршеше своето ритуално дефиле на емоции и стравови дојде до мислата дека другите воопшто не знаат што таа чуствува.Никогаш не се отвараше доволно.Да нејзините пријателки секогаш дознаваа детали од нејзиниот живот но никогаш што чуствува таа за тие детали.Да, им кажуваше дека ги сака но никогаш ништо повеќе од тоа.....
Е сега дојде стравот дека никој никогаш нема да ја познава доволно.Дека никогаш нема да најде некому кому ќе му верува онолку колку што треба за да ги истури врз него нападите на искреност кои одвреме навреме продираа низ неа а таа ги затвораше во црвената соба и тие како нем филм се прикажуваа низ нејзините очи.Дали беше тоа причината за тежината која ја чуствуваше во нејзиното лесно тело,за тагата во нејзиниот прилично среќен живот,за осаменоста кога се наоѓаше помеѓу драги луѓе....
Ако е така тогаш најлогично би било да го исфрли тоа од себе....или не.Дали секогаш логичниот одговор е правилниот одговор?И како сега сето она кое беше навикнала да го штити како царство пред опсада да го сподели со некој???
Но вистинското прашање,она што најмногу ја погодуваше,беше дека и кога би решила да го направи тој скок во бездна со врзани очи ќе нема чие име да го повика.Ќе нема чија рака да ја држи додека паѓа надолу.Сега тоа стана нејзин најголем страв,нејзин прикриен непрјател кој во секоја прилика и се смееше гордо и смело во лице.И таа сакаше да стане и да му се насмевне него со сета иронија на светот, на тој начин покажувајки дека не се плаши,но немаше сила за тоа.Остана неподвижна на перницата надевајќи се дека оваа мисла набрзо ќе биде заменета со друга и како и секогаш,прашањето ќе биде закопано до наредната средба,до наредната терористичка акција против нејзината душа.Ги затвори очите....тоа беше само уште една епизода....
 
Во ваквите денови најчесто си поставувам едно прашање – и сега што?

Милион пати ја преслушувам "Осамен ден" и толку погодена ми е оваа песна за оваа отсечка, за овој дел од време-просторот, а во него немам волја ама баш за ништо, дури ни за тоа. Премногу искривени ми се сите концепти, премногу далецни ми се сите погледи на сите оние безвезни нешта со кои си го исполнувам времето, залажувајќи се дека правам нешто важно...
Гледам во времето. А тоа мириса на минато. Дамнешно минато. Се плашам дека иднината не ми припаѓа. Велат не сум ја заслужил, и може во право се.
Сега и овде, не е важно зошто е така..
Сега и овде, не можам да мислам како поинаку...
Сега и овде, знам оти не постои...
Да можев веројатно сега и овде ќе си викнев некоја курва и ќе ја натерав да седне во ќошот, во спротивниот агол од собата, да ми сврти грб и да ми раскажува приказни. Приказни кои нема да имаат ликови, ниту заплет, расплет, ниту почеток и крај..важно ќе беше да раскажува да слушам тотално непознат глас кој нема да прашува...
Ах, што е важно што посакувам јас сега и овде...
Сепак ова е приказна. Приказна која нема убави корици. Приказна без оној клише-дел на крајот дека сите среќно си живееле. А зошто? Затоа што во оваа приказна сите ликови среќно живееја, освен оној главниот лик кој може никогаш не живеел во онаа вистинска смисла на зборот. Ако живеењето воопшто имаше некоја смисла, некој логичен одговор... Сега и овде, зошто?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom