Eве ги предавниците, се јавија!

Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
“Дипломатски извори веќе гледаат јасно дека има организиран план, кој се применува чекор по чекор, а својата кулминација ќе ја доживее во моментот кога ќе дојде зачленувањето на Скопје во НАТО. Министерот за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, ги информирала грчките министри дека има притисок за постигнување компромис во спорот за името. Во моментов притисокот е насочен кон Скопје, но најверојатно ќе биде и врз Атина“, се вели во текстот на грчкиот весник.

Можен пресврт или само тактика на залажување ?
Пак ли со обработени “информации“ од грчкиот печат? Еве што точно пишува Елефтерос Типос:

Се затега американскиот круг околу премиерот Караманлис од моментот кога се дозна дека отсега па натаму ќе има само три имиња во чантата на специјалниот пратеник на ОН господинот Метју Нимиц. Дипломатски извори веќе гледаат јасно дека има организиран план, кој се применува чекор по чекор, а својата кулминација ќе ја доживее во кризниот час кога ќе дојде зачленувањето на Скопје во НАТО. Според информациите, на вчерашниот состанок на владиниот комитет, министерката за надворешни работи, госпоѓа Дора Бакојани, ги информирала грчките министри дека се вршат притисоци, дека во овој момент притисоците се вероијатно насочени кон БЈРМ, но ќе бидат пренасочени кон грчката страна штом владата на Скопје ќе покаже елементарна добра волја“.

Целиот напис: http://www.e-tipos.com/newsitem?id=29709

На специјалистите по пропаганда, доволно им е во текстот само една запирка да сменат и да ја направат информацијата да им биде според потребите. За оние што сакаат да веруваат во лаги, се е можно.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Пак ли со обработени “информации“ од грчкиот печат? Еве што точно пишува Елефтерос Типос:

Се затега американскиот круг околу премиерот Караманлис од моментот кога се дозна дека отсега па натаму ќе има само три имиња во чантата на специјалниот пратеник на ОН господинот Метју Нимиц. Дипломатски извори веќе гледаат јасно дека има организиран план, кој се применува чекор по чекор, а својата кулминација ќе ја доживее во кризниот час кога ќе дојде зачленувањето на Скопје во НАТО. Според информациите, на вчерашниот состанок на владиниот комитет, министерката за надворешни работи, госпоѓа Дора Бакојани, ги информирала грчките министри дека се вршат притисоци, дека во овој момент притисоците се вероијатно насочени кон БЈРМ, но ќе бидат пренасочени кон грчката страна штом владата на Скопје ќе покаже елементарна добра волја“.

Целиот напис: http://www.e-tipos.com/newsitem?id=29709

На специјалистите по пропаганда, доволно им е во текстот само една запирка да сменат и да ја направат информацијата да им биде според потребите. За оние што сакаат да веруваат во лаги, се е можно.
Веста или информацијата не е моја, туку како таква е лиферувана од Net Press, провери.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Премиерот денеска почнува консултации со лидерите
Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги повика на консултации лидерите на СДСМ, ДПА и на ДУИ за последниот предлог на посредникот во преговорите за името, Метју Нимиц, соопштија владини извори. Доцна вечерва Груевски ќе се сретне и со претседателот Бранко Црвенковски и со македонскиот преговарач Никола Димитров. Ниеден од трите предлози на Нимиц не е разумна основа или предлог за можно решение на спорот. Сите се докажаа како стари и неуспешни и најмалку по еднаш се одбиени од која било страна на преговорите - велат владини извори. Според нив, Груевски ќе побара поддршка за ваквиот став од лидерите на партиите, но тоа не значи дека нема да продолжат разговорите за името. Со тоа што покажавме подготвеност да разговараме за предлозите „Независна“ или „Демократска“, докажавме дека кај нас нема недостиг од подготвеност за разговори. Напротив, неразумната позиција што остава малку простор за маневар и за чекор напред е во Атина - велат владините извори.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
неразумната позиција што остава малку простор за маневар и за чекор напред е во Атина
Груевски или свесно лаже или навистина е слеп и не знае што прави.

Написот во Елефтерос Типос (под наслов Чекор по чекор се затега кругот) што го цитираше Калипсо многу убаво ги објаснува работите. Позицијата што остава се помалку простор за маневар и притисоците не доаѓаат од Грција, туку од Америка. Грцијавеќе не го прави тоа што го сака, туку тоа што и се диктира.

Измената нема да биде само козметичка, како што труби наголемо залауфаната “фабрика“.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Цитирав дел од дневник, аман павеле.

Мене ми е јасно, читам се и сешто, знам точно како стојат работите.

не сум сигурен и не знам дали Милошов и Груевски истото го прават.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Иднината на Македонија е поважна од партиските интереси


Соединетите Држави сакаат успешно проширување на НАТО, вклучително и со Македонија. Сега не е време за политички игри, сега е време да се стават настрана партиските и политичките калкулации и наместо тоа, фокусот да се стави на остварувањето на иднината што Македонија ја посакува за себе. Во овие моменти најважно е институциите да функцонираат како што треба. Тоа е еден од условите за да бидеме посигурни за влез во НАТО, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи по денешната средба со Џилијан Миловановиќ, амбасадор на САД во земјава.
На прашањето дали министрите од неговите партиски редови се на работните места, Тачи со кратик одговор, “незнам и немам време за тоа да ги следам министрите дали се на работното место“.
“Претходно се стретнав со премиерот Никола Груевски и ги разгледавме предлозите на Метју Нимиц во врска со името“, додаде претседателот на ДПА.
На новинарско прашање дали амбасадорката Миловановиќ побара од него ДПА да се врати во Владата, Тачи рече дека “тие не работат на таков начин“.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 19.03.2008 15:42:04

Дали е ова Тачи од пред неколку дена.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
СДСМ, смета дека Македонија треба да го дефинира конечниот став за името на заедничка лидерска средба, а, не на одвоена, рече лидерката на социјалдемократите Радмила Шекеринска, по средбата со премиерот Груевски.
Таа очекува дека до понеделник Груевски ќе свика лидерска средба.
Денеска на средбата станало збор за последните преговори во Виена. Премиерот рекол дека нема потреба да се свикува лидерска средба. Според СДСМ, Македонија треба да го дефинира конечниот став за името на заедничка средба, а не на одвоени средби.
“Македонија да направи се, за на 3-ти април да се врати со покана за членство во НАТО“, рече Шекеринска.
На новинарско прашање дали треба да се прифати географска одредница за името, таа истакна дека Македонија треба да испрати сигнал дека продолжува со преговорите со Грција.
“Не сакам да истрчувам со изјави, не сакам да ја нарушам позицијата за името што ја има Македонија“ изјави лидерката на СДСМ.




нетпрес
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Македонија не прифаќа диктат од Атина


Претседателот Црвенковски не сакаше да ги коментира последните предлози на медијаторот Нимиц
Од нашиот известувач
Тамара Грнчароска

Љубљана - Македонија не е подготвена да прифати диктат од Атина во поглед на решавање на спорот околу уставното име меѓу нашата земја и Грција, порача вчера од Љубљана претседателот Бранко Црвенковски.

Јавно сакам да соопштам дека Македонија во име на својата евроатланска иднина и во име на иднината на своите граѓани и на понатамошната стабилизација на регионот е подготвена и работи на компромис, но Македонија не е подготвена да прифати диктат од Атина без разлика во која форма и на кој начин тој ќе и' биде испорачан“, изјави Црвенковски.

Претседателот Црвенковски вчера не сакаше да ги коментира последните предлози на медијаторот Метју Нимиц што ги даде на последната рунда преговори во Виена, пред да го добие целосниот извештај од преговарачот Никола Димитров и пред да се изгради заеднички став во Македонија врз основа на тој извештај.

„Апсолутно не сум подготвен да коментирам какви било поединечни формулации, бидејќи формулации како Горна, Северна, Вардарска и која било друга можат да се спомнуваат до недоглед“, рече Црвенковски, додавајќи дека Македонија е подготвена на компромис, но на разумен компромис. Според него, Македонија е подготвена да разговара за формулација различна од уставното име и за замена на привремената референца БЈРМ, но само доколку таа формулација не засега во националниот и културниот идентитет на македонскиот народ.
Црвенковски го повтори ставот дека „некакви дополнителни додавки на името кои можат да значат дополнително објаснување на државното уредување и кои не засегаат во националниот идентитет на нашата земја можат да бидат решение за спорот. Меѓу другото, заради тоа што овој спор можеби за неколку месеци ќе излезе од актуелната сфера во Грција и ќе биде заборавен, додека нашите граѓани со таа формулација ќе треба да живеат засекогаш и со неа да се легитимираат“, категоричен е Црвенковски.

Црвенковски, кој вчера беше во еднодневна работна посета на Словенија, во изјавите за медиумите рече дека две недели пред самитот на НАТО очекува да добиеме покана за членство, бидејќи Македонија ги има исполнето сите критериуми за добивање покана. Според него, тоа е „неподелено мислење и кај сите земји-членки во НАТО единствениот преостанат проблем е билатералниот проблем со Грција“, која го злоупотребува своето членство во Алијансата и правото на вето „во овој период да изнуди решение кое би ја задоволило Атина“. Црвенковски нагласи дека останува краток временски период до самитот на НАТО и дека тој ќе се искористи да се надмине овој проблем и Македонија да добие покана. „Но, дали тоа ќе се случи не зависи само од нас, потребна е добра волја и од другата страна“.

Словенечкиот претседател Данило Тирк, вчера околу спорот со името ,во име на Словенија како земја- претседавач со Европската унија, изјави дека тој е билатерален и дека на ниеден начин не влијае на текот на активностите потребни на Македонија за приближување кон ЕУ. За Тирк прашањата како што се визниот режим и датумот за почеток на преговори со ЕУ не зависат од билатералните прашања и „треба строго да ги одделиме“. Тирк вчера порача дека решение за спорот околу името треба да се бара во „разумен компромис“. „Разбираме дека билатералниот спор меѓу Грција и Македонија уште е отворен и дека македонската страна е подготвена за компромис, но и дека секој компромис што сакаме да биде успешен мора да биде и разумен“, изјави Тирк. На прашањето за злоупотребата на членството во Европската унија и НАТО како средство за решавање на билатерални спорови на државите- членки, Тирк смета дека ако поради мултилатералните случувања се создадат услови за забрзување на билатералните решенија, тоа е добро, „но билатералните прашања треба да ги пуштиме да бидат билатерални“. Тирк нагласи дека Словенија е меѓу многуте држави кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно име со негово целосно почитување.

Двајцата претседатели разговарале и за интеграцијата на Македонија во ЕУ, за што Црвенковски нагласил дека Македонија има две јасно зацртани цели за 2008 година - до крајот на годинава да добиеме датум за почеток за преговори со ЕУ и завршување на преговорите за либерализација на визниот режим. „Точно знаеме што треба да направиме за да ги постигнеме овие цели и уверен сум дека од наша страна сите неопходни критериуми ќе бидат навремено и целосно исполнети“, изјави Црвенковски. Тирк од своја страна ја потврди заложбата и поддршката што и ја дава Словенија на Македонија за добивање датум за преговори и олеснување на визниот режим годинава. Тие разговарале и за билатералните односи меѓу двете држави со оцена дека тие се одлични и се движат по нагорна линија, особено во делот на трговската размена и словенечките инвестиции во Македонија.

Тие разговарале и за регионалните безбедносни прашања со акцент на Косово и актуелните случувања таму. Црвенковски вчера се сретна и со словенечкиот премиер Јанез Јанша и со претседателот на словенечкиот парламент, Франце Цукјати
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
ALBANIANS SHOULD PUSH FOR "NEW MACEDONIA"

Analysts and university professors say that the Albanian political factor should not stand by when it comes to the option Macedonia should choose as a resolution of the name dispute. Analysts Ilber Sela and Imer Ismaili have no dilemma whatsoever that Macedonia will change its name as a condition for joining NATO and argue that the Albanian parties should be part of the decision-making process.
"Either 'Northern Macedonia' or 'New Macedonia' will be the country's future name, because they are the two options America
would opt for," Ismaili says. He holds that Macedonia's name will be determined by the United States. In his opinion, the Albanian political parties should support the United States' proposal and considering that at the last round of talks in Vienna on Monday mediator Matthew Nimetz put forward three new proposals, the Albanian parties should back "New Macedonia". "Upper Macedonia" or "Republic of Macedonia (Skopje)" are the other two proposals Mr. Nimetz suggested.
"Everybody realizes that Macedonia should change its name. However, it is of great significance that the Albanian factor becomes part of the process of taking the decision about the new name, which may be "New Macedonia" or any of the other two options," says Ilber Sela.
In Mr. Sela's view, what name Macedonia obtains is not as important to the Albanians in Macedonia as it is important that they demonstrate political unity. The Albanian political campus, according to him, has no opportunity to choose any of the options, considering that it is not included in the negotiating team for resolution of the name dispute between Macedonia and Greece.
"The Albanians should show they are united in a time like this. They should not present themselves as a factor, because they did that in 2001, but should exercise their right to taking decisions and prove that the Albanians are not second-class citizens," says Sela, professor at the Faculty for Southeast Europe.

"The name issue is not a dispute that belongs only to the Macedonians, the Slav Macedonians, the Albanians, or the citizens. This is a historical dispute," says Ismaili, professor of political studies at the University of Southeast Europe.

Bearing in mind the Balkan obstinacy and everyone's attempt to penetrate history as deeply as possible, there can never be two-sided compromises, he says. "The only way out is the prove that the Albanians are not second-class citizens," says Sela, professor at the Faculty for Southeast Europe.
"The name issue is not a dispute that belongs only to the Macedonians, the Slav Macedonians, the Albanians, or the citizens. This is a historical dispute," says Ismaili, professor of political studies at the University of Southeast Europe.
Bearing in mind the Balkan obstinacy and everyone's attempt to penetrate history as deeply as possible, there can never be two-sided compromises, he says. "The only way out is the American pragmatism," Ismaili says. In this particular case, the pragmatism means that the name will be imposed by a world power and a globalization leader, which the United States doubtlessly is.
Certain historians also believe that the prefix "new" should be added to the name "Macedonia".
"After the war of 2001 Macedonia is a new country," Vebi Xhemaili, professor at the State University of Tetovo, says. It is for this reason, according to him, that the Albanian political parties should push for "New Macedonia".


Се јавија повторно.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Шеќеринска:"Мора да направиме се за да влезиме во НАТО."
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Ова е само потврда повеќе,за тоа дека Албанците биле секогаш против Македонија
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Stanoja, ako ne primeti, ne se tie protiv Makedonija, ti prodavaat sega film

"mi albanci smo iljirit, naslednici na Aleksandar, a ti si go doshol kaj nas na gosti vo 600 - 700 godini posle Isus"

i posle vojnata vo 2001 si go beshe bil nov drzava

ondak da go vratime starata drzava? :toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
ЈУДИИИИ:

Во рамките на зголемените активности околу проблемите во балканскиот регион Албанија и Грција ќе почнат соработка, првенствено за проблемот со името Македонија и за косовската независност, но и за грчкото малцинство во земјата, објавува денеска весникот Навтемборики.
“Основните проблеми, спорот меѓу Атина и Скопје за името и објавувањето на независноста на Косово, се причина грчкиот министер за надворешни работи, Дора Бакојани, утре да замине во работна посета на Тирана. За време на визитата, Бакојани ќе има средби со претставници на политичкото и на државното раководство на Албанија. Конкретно планирани се средби со министерот за надворешни работи, Љуљзим Баша, со премиерот Сали Бериша, со претседателот на парламентот, Јозефина Топали, и со претседателот на државата, Бамир Топи“, се вели во текстот.
Според весникот, друга важна тема на разговор за Атина ќе биде грчкото малцинство во Албанија.



нетпрес






Што има Албанија да кенка за спорот со името, освен поддршка да даде, при што ќе им се призае малцинство во Грција.



ЈУДИИИИ Искариотски!

Нема да коментирам политички изјави, јас сум воено лице и ние не коментираме такви изјави, рече началникот на Генералштабот на бугарската армија, Златан Стојков, одговарајќи на новинарско прашање за поддршката на некои бугарски политичари за грчко вето за прием на Македонија во НАТО, по средбата со својот македонски колега, генералот Мирослав Стојановски.
Тој додаде дека Бугарија ја подржува политиката на отворени врати за прием на земјава во НАТО. Се надева дека на претстојниот Самит во Букурешт, Македонија ќе добие покана за членство во Алијансата.
Генералот Стојков, рече дека ги пренел нивните искуства што ги направила Бугарија пред четири години пред да влезе во НАТО алијансата.
На средбата станало збор за развојот на билатералната воена соработка меѓу македонската и бугарската армија и биле разгледани можностите за проширување на соработката во наредниот период.
Генералот Стојановски ги запознал гостите со степенот на достигнатите реформи во одбраната, новата формациска поставеност на АРМ, како и за учеството во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО.

Матер ими се најебем, топло-ладно ни прават и дома и надвор.

ЈУДИИИИИИИИИИ!!!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Соединетите Држави многу сакаат успешно проширување на НАТО сега, вклучително и со Република Македонија, се вели во соопштението лиферувано од американската амбасада. Амбасадорката Миловановиќ остварува средби со лидерите на политичките партии за да ги избрифира за нејзините неодамнешни средби со функционери на САД во Вашингтон во врска со кандидатурата на Македонија за членство во НАТО.
Понатаму во истото стои дека Миловановиќ, им сугерирала на политичките лидери да подржат брзо изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Таа, исто така ги поттикнала сите партии активно да работат заедно за постигнување на национално единство и на неполитички пристап со цел да се дојде до успешен резултат..
Сега не е време за политички игри. Сега е време да се стават настрана партиските и политичките калкулации и наместо тоа, фокусот да се стави на остварувањето на иднината што Македонија ја посакува за себе – иднината, што исто така и САД и ја посакуваат на Македонија. Соединетите Држави ги фокусираат своите напори на поддршка на остварување прогрес во посредништвото на ОН со надеж дека сите заедно ќе може да прославиме покана на НАТО во Букурешт, наведено е во соопштението.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Stanoja, ako ne primeti, ne se tie protiv Makedonija, ti prodavaat sega film

"mi albanci smo iljirit, naslednici na Aleksandar, a ti si go doshol kaj nas na gosti vo 600 - 700 godini posle Isus"

i posle vojnata vo 2001 si go beshe bil nov drzava

ondak da go vratime starata drzava? :toe:
Нека не се радувааат многу на ова што и се случува на Македонија и нека не продаваат демагогии,тоа можам да им порачам.

А за филмовите што ги прават,никако бе не им завршат со Happy end.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom