Второзаконие: 22:29
тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
Второзаконие:24:4
тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.
Второзаконие:25:5
Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.
Левит 20:16
Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него; убијте ги жената и животното; нека бидат погубени, нивната крв нека падне на нив.’
Второзаконие:22:22
Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена - нека бидат погубени.
Второзаконие:22:24
доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
Второзаконие:8:19
Ако Го заборавиш Господа, својот Бог, и тргнеш по други богови, па им искажуваш почитување, им се поклонуваш ним, ви се колнам денес дека сосем ќе бидете истребени;
Второзаконие:18:20
А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во Мое име, што Јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.’
Левит 24:16
кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.
Второзаконие:20:13
Кога Господ, твојот Бог, ти го предаде во рацете, погуби ги со остар меч сите негови машки!
Второзаконие:28:63
Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.
Матеј 5 17-19
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.