Атеизам - дефиниција

Член од
10 септември 2010
Мислења
273
Поени од реакции
25
Научници од калибарот на Анштајн, Коперник, Рене Декарт, Њутн, Фарадеј, Вилијам Келвин, веруваат и го признаваат постоењето на Бог. Не знам јас на кого му земаат пари за црква. Црквата не е објектот, туку луѓето што се верници. Како библиска христијанка, мене никој ни денар не ми земал за верата. Зашто спасени сме по вера - а не по дела. Не е дека си верник ако палиш свеќи, бакнуваш икони и веруваш во суеверија. Верата носи до спасение.

Во врска со погорниот контекст на Petar. каде што се препознал во лажењето, да кажам дека тоа е генерално правило - сите сме грешни. Ама сите до еден! На почетокот не постоел гревот. Луѓето го создадоа.

Не постоел гревот луѓето го создале епа така и господ не постоел луѓето го создале, и мене не ме интересира дали научниците веруваат во господ и кој ... безразлика кој и да е што и да каже не верувам во ништо додека не го видам и допрам за да се уверам, како не зима пари црквата кога идеш у црква и да ваш пари за свеќа, ставаш пари на икона ... на празник за некои пеења се плаќа исто... за свади крштевки ... се е тоа заимање пари... незнам зошто нејкете да си го признаето тоа и барате многу изговори дека не е така кога сакале или не ТАКА Е!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не знам кој дел од „немам ставено ни денар на икона“ не ти е јасен ?:) Не се инаети. Ако познаваш што значи да си верник, ако знаеш дека тоа нема врска со делата (зашто сите сме грешни), туку со верата - автоматски се изведува заклучокот дека со оставени стотки на икона - нема спасение. Кои научници верувале (и тоа ти набројав само мал дел од нив), ти набројав... Ај пак, можеш ти: Анштајн, Коперник, Рене Декарт, Њутн, Фарадеј, Вилијам Келвин
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90

Кај прочита дека Ајнштајн бил верник?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
http://www.godandscience.org/apologetics/sciencefaith.html

Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене".
Јован: 14:6

Верујте ми дека со три кила зејтин и седум пара чорапи ако однесете во Црква не се одвраќате од вашите гревови Зошто кај Бог ништо не може да се купи и не може да се Заслужи со Дела .. зошто ако Луѓето можеа да се одвратат од Гревот со својте дела или со заслуга немаше Бог да го прати Исус да умре за нас .. ама за тоа што Човекот неможеше со дело или да заслужи Простуваје Бог го даде бесплатно .. во една книга издадена од Православна Црква пишува како Луѓе му се поклонувале на Св.Пантелејмона Бог јасно у Библијата вика " Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се ПОКЛОНУВАШ ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.Што да речам Повеќе доволно е САМО ова но ке кажам уште нешто
НИКАДЕ значи НИКАДЕ нема во Библијата некој да се моли ОСВЕН на БОГ .
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

1. Бог им го ускратува сознанието за добро и зло на Адам и Ева, ги лаже дека ќе умрат ако го пробаат и им го поставува во средината на рајската градина!
2. Змијата им ја одкрива вистината, тие се здобиваат со сознание за добро и зло и бог поради тоа ги казнува и проколнува! Иако незнаеле што значи да се греши!
3. Змијата која им ја одкрива вистината и им ги отвара очите, станува синоним за зло, додека богот кој им ја ускратува способноста за спознавање добро и зло и ги казнува затоа што згрешиле, станува синоним за добрина и љубов!
4. Луѓето овој "грев" го наследуваат, и иако поколенијата кој се раѓаат подоцна немале никаква врска, сепак се грешни поради "гревот" споменат предходно!
5. За да ги спаси од "гревот", бог се праќа самиот себеси во облик на човек, на самоубиствена мисија за да ги спаси од самиот себеси!
Apsolutely Genius! :aplauz::aplauz::aplauz:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.836
Поени од реакции
12.342

Ако родителот му забрани на детето лично да се увери дека прстот во штекер предизвикува смрт...родителот ускратува или крие нешто, лош е или така треба да биде? Ако друг возрасен го натера сепак да проба, родителот повторно е лош и ускратува лично искуство со смртни последици...или тој другиот?
Грешка е што луѓето не знаеле за зло??? И Сатаната "им ги отворила очите"??? Една дадена заповед и да не ја послушаат :toe:

Интересни тези, малку контра поставени :)

Оф, колку гревови како луѓе имаме направено...цела вселена нема да ги збере.
 
Родителот не го создава детето со намера да нема сознание што е добро а што зло! Така да не ти држи споредбата. Според митот во библијата Бог ги создал Адам и Ева без сознание што е добро а што зло, им го ставил на дофат истото, и им забранил да го земат! Бидејќи немале сознание што е исправно а што не, како може да се смета нивната постапка за грев?

Според христијанството доволно е да го прифатиш Исус за спасител и пу пу неважи ништо! Може да си бил убиец, силувач, крадец...не е важно! Прифати го Исус и одиш во рајот! А ако не го прифатиш, можеш да бидеш и најмилата, најскромната личност сепак ќе гориш во пеколот!:toe:
 
Ех...ајде Ѓаволот е добар, злото е океј...
Родителот му дава до знаење на детето дека постои зло...затоа што постои. ВО Градината зло не постоело, се било добро.
Едноставно е, една заповед која не ја послушале.
А што е со Ѓаволот...тој е добар и им ги отворил очите? Ти дали сакаш да живееш во идеален свет? без искуство за зло, да уживаш, ниту да знаеш дека постои зло (и самото знаење за зло те исполнува со немир) ниту да постои.
Јас да, без да мора да знам за зло и без да постои...не ми треба да знам што е зло ако се околу мене е добро и ме исполнува...ама баш се.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Кои научници верувале (и тоа ти набројав само мал дел од нив), ти набројав... Ај пак, можеш ти: Анштајн, Коперник, Рене Декарт, Њутн, Фарадеј, Вилијам Келвин
Освен Ајнштајн, другиве живееле во време во кое да кажеш дека си неверник и дека не се согласуваш со Библијата би довело до отфрлање на твоите научни дела и уште полошо, до смрт.
Така да, доста дискутабилно е колку тие всушност верувале во Господ, и што ако?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Второзаконие: 22:29
тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.

Второзаконие:24:4
тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

Второзаконие:25:5
Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.

Левит 20:16
Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него; убијте ги жената и животното; нека бидат погубени, нивната крв нека падне на нив.’

Второзаконие:22:22
Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена - нека бидат погубени.

Второзаконие:22:24
доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.

Второзаконие:8:19
Ако Го заборавиш Господа, својот Бог, и тргнеш по други богови, па им искажуваш почитување, им се поклонуваш ним, ви се колнам денес дека сосем ќе бидете истребени;

Второзаконие:18:20
А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во Мое име, што Јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.’

Левит 24:16
кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.

Второзаконие:20:13
Кога Господ, твојот Бог, ти го предаде во рацете, погуби ги со остар меч сите негови машки!

Второзаконие:28:63
Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.

Матеј 5 17-19
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
темава отиде малку оф-топик , па у таа насока мора да се движиме...
Мислам дека е квалитетна расправава иако не сме на правиот колосек во однос на тоа како е наречена темава.
У таа насока мислам дека е интересно да се види видеово и да видиме што има да каже Paramahamsa Nithyananda.
Инаку техникава(сутрата) е дадена од Шива.

--- надополнето ---

ATTENTION BETWEEN EYEBROWS, LET MIND BE BEFORE THOUGHT. LET
FORM FILL WITH BREATH ESSENCE TO THE TOP OF THE HEAD AND THERE
SHOWER AS LIGHT
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.836
Поени од реакции
12.342
Второзаконие: 22:29
тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
Да не те цитирам целосно, како еден атеист, човек кој не признава Бог, Креатор...шо знам...како тој се справува со овие ситуации кои ги имаш постирано?
прељуба на пример или силување или легнување со родител (инцест)...
Инаку овие ситуации добар број од нив се причина за насилството во светот -прељуба, продажба на љубов, љубов кон среброто, убиство, инцест, навреда...крв до колена и нетрпеливост
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
1. Бог им го ускратува сознанието за добро и зло на Адам и Ева, ги лаже дека ќе умрат ако го пробаат и им го поставува во средината на рајската градина!
2. Змијата им ја одкрива вистината, тие се здобиваат со сознание за добро и зло и бог поради тоа ги казнува и проколнува! Иако незнаеле што значи да се греши!
3. Змијата која им ја одкрива вистината и им ги отвара очите, станува синоним за зло, додека богот кој им ја ускратува способноста за спознавање добро и зло и ги казнува затоа што згрешиле, станува синоним за добрина и љубов!
4. Луѓето овој "грев" го наследуваат, и иако поколенијата кој се раѓаат подоцна немале никаква врска, сепак се грешни поради "гревот" споменат предходно!
5. За да ги спаси од "гревот", бог се праќа самиот себеси во облик на човек, на самоубиствена мисија за да ги спаси од самиот себеси!
Apsolutely Genius! :aplauz::aplauz::aplauz:
Мислев дека вие сатанистите се разбирате од преносно значење, се бафтате со симболи, знаци, а не сфаќате најобична работа како оваа која си ја коментирал.

Поентата со јаболкото, змијата и бркањето од рајот е “слушајте го Господ“. Господ претставува ултимативниот закон кој владее на земјата чие непочитување го нарушува добрососедството и хармонијата на заедницата. Не претставува Дедо мраз ни било кој друг чичко со бела брада. Змијата претставува искушение, не претставува научник кој ќе им објасни сликовите како е измерена масата на сонцето.

Што тоа значи во модерни услови од прилика е: Јас сакам да мочам пред вратата на парламентот. Не го правам тоа бидејќи знам дека ќе ме искршат после у станица, па колку и да ми е мерак да го напраам тоа, ги знам последиците, не паѓам под искушението.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
http://www.godandscience.org/apologetics/sciencefaith.html

Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене".
Јован: 14:6

Верујте ми дека со три кила зејтин и седум пара чорапи ако однесете во Црква не се одвраќате од вашите гревови Зошто кај Бог ништо не може да се купи и не може да се Заслужи со Дела .. зошто ако Луѓето можеа да се одвратат од Гревот со својте дела или со заслуга немаше Бог да го прати Исус да умре за нас .. ама за тоа што Човекот неможеше со дело или да заслужи Простуваје Бог го даде бесплатно .. во една книга издадена од Православна Црква пишува како Луѓе му се поклонувале на Св.Пантелејмона Бог јасно у Библијата вика " Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се ПОКЛОНУВАШ ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.Што да речам Повеќе доволно е САМО ова но ке кажам уште нешто
НИКАДЕ значи НИКАДЕ нема во Библијата некој да се моли ОСВЕН на БОГ .

:pos: :pos: :pos:

Леле неможам со зборови да ти доловам колку епски звучиш :pos: :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom