Никогаш сум немал илузии во врска со политичките елити на нашите соседи, нити со нивната политика кон Македонија. Имаат најмалку 2 века грижливо градена митологија за големината на нивните нации. Од „Мегали идеа“, преку „Српско наслеѓе“, па до „Сан-Стефанска Болгарија“. И на тоа почиваат и си ги трујат сопствените народи.
Само што ние, Македонците, во сите три случаеви сме погодени од овие историски испрдоци. Колку само неверојатно звучат приказните на нашите соседи. Чиниш и сам Господ Бог се родил кај нив. Д' чоузен уанс се! Па и се! Ама на кого? Тие се добрите пиончиња на кој ќе стигне да ги врти. Не дека во тоа вртењето не сме и ние вклучени. Разликата помеѓу нас и нив е што нив ги вртат од поодамна, во последно време им скокна пазарната цена, а во нашиот случај, нашите елити во најголем дел се вртат за беспари. Да не бидам погрешно сфатен, немам ништо против соседните народи како народи. Ама, брате, имам толку многу кон нивните владејачки елити! Оваа нетрпеливост веќе и генетски ни се всадува. Што е најновиот филм? Е тоа е, галиба, „копродукција“ Атина-Софија-Белград, како во „славните времиња“ од 1912/13 на кој соседниве елити сеуште подмочуваат (а ние уште крвариме). О чему је ствар?
„Другови и другарице“, кој ако не Ивајло Калфин? Почнува да ме удира филм дека духовен татко на дотичниот министер му е Божидар Димитров, лично. И двајцата заколнати антимакедонци од бугарски происход. Божо живее во митови и шопска, Ивчо е нешто како Игор Шема, нешто поприбран од клонов. Ова не му е прв (тешко дека е последен) испад на Калфин. Почна и бугарската елита да го позема речникот на Нимиц кој „несака да ги навреди чувствата на грчкиот народ и на македонската администрација“. Пази богати, а каде е македонскиот народ? Добро сега, Калфин не признава баш македонски народ. Но му „благодарам“ за искреноста. Да беше уверен дека во Македонија живеат луѓе од негов сој, немаше да го употребува тој речник и да игра така. Башка што имам лично мислење дека Калфин е обична стерилна будалетинка налик на излицканине ѓоа дипломатски фацички на европцкине лидери кои глумат сериозност и некаква добра волја (од која ми се наежува кожава). Бугарите го сфатија филмот, ене ги како духовно се помируваат со своите „православни браќа“ од нашиот север и југ. Македонија е повторно доброто колаче кое би било добар залак. Саундс лајк 19 век. Ма дај, тоа е сејм шит само што доаѓа од добрите ученици. Античките Грци можат да им завидуваат на денешниве наши соседи во креирање митологија и курвинско однесување. Не велам дека ние самите не сме криви. Б.Ц. и Ќиро Хајлендер го сменија знамето и името, онака сериозно ем државнички. На 3 месеци, де. Само да кажеа дека претходно тие имаат различно сметање на времето од нашето. По „Глигоровијански календар“. Со таа недоквакана ѓоа политика Македонија испрати „чудна“ порака во светот дека овде нешто чкрипи, па затоа и не сфаќаат-како што не сфаќаат. Нормално дека чкрипи во идентитетот на оние кои не стануваат на национална химна или прогласуваат дека македонското прашање било затворено. Можам да ги замислам колку ли само се полигавиле соседиве кога слушнале за потегот на нашите „државници“. Тоа да ти било некоја „мудра“ политика, а јас ич па да неможам да ја сфатам. во кого е проблемот? После истиве се откажаа, од македонските малцинства по соседството (со дијаспората не се ни имаше некој сериозен контакт), а „нашиот“ Љубчо ја продолжи истата песна. Точно е дека народецов си молчеше, го шашмираа од сите страни „независниве“ медиуми, а прилично добар дел не беше ни ја преболил СФРЈ во која „убаво се живеело“, ама никој незнае да одговори зошто и како. Ма од постарите генерации и не се очекува нешто попаметно, гледајте ги како се однесуваат тука и се' ќе ви стане јасно. Слепци. Пораснати пубертетлии, кои најдобро е да не ги земате за озбилно, во скоро ниеден случај.
Ништо од ова не е случајно. Што се однесува до Бугарија, нејзината ролја во целава ујдурма на координиран притисок спрема Македонија почна (продолжи со нова епизода) со некнешнешното поставување на биста-дивоградба на Тодор Александров во Велес. Впрочем тоа е координација помеѓу македонските и бугарските „удбаши“ во кои се појавува оној кловн и дечко за се', Красимир Каракачанов, олсоу, „удбаш“.
Ако има некој нормален и непристрасен Бугарин на форумов кој ќе го прочита ова, нека ми одговори дали Красе „'д блек Каракачан“ ќе биде лустриран со најновото „прочистување“ во Бугарија? Оваа акција „на македонско тло“ требаше да ги крене живците на овдешната јавност. И ги крена со поддршка на македонските нео-удбаши и недугавите мајмуни кои „знаат се по историја“, како и од „независните“ медиуми, но за жал и од обични граѓани кои се консументи здраво за готово од она што им се сервира. Акцијата на „бугарско тло“, а со иста намена, беше приредена во „повисок стил“, лично од Б.Ц. наш и од другар му Прванов, обајцава ѓоа реформирани комуњари. Нормално и за Красета се најде место да учествува-сега Красе е супер-стар и дворски шут. За посетава на Б.Ц. кај другар му Ѓорѓија, ќе имам посебен пост, во кој ќе се занимавам со обете страни (подстрани, пострани и настрани). Заслужуе!