Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    178

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
За да се помине со еден трошок, роденден и крштевка :smir:

Инаку којзнае, така останало од стари, така е напишано во Библијата, впрочем и Јован Крстител го крстил Исус додека бил бебе, па од таму влечи корени овај христијански обичај.

А во смисла на расудувањето... Ништо не ти менува. Колку има крстени се во црква, па се атеисти и не веруваат во Бога.
Колега..грешка ќе да си...околу 30 години имал кога се крстил..Нема записи во Библијата за крштевање на деца..
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Колега..грешка ќе да си...околу 30 години имал кога се крстил..Нема записи во Библијата за крштевање на деца..
Да тоа е,... како бебе само му бил отсечен дел од алатката како и на секој евреин....мики1 од каде сега правилото за крстење бебиња.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Погледни ја темата „Кога треба да се крштеваме?„ на која веќе е дискутирано околу твоето прашање.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Не успеав да прочитам сите постови, но малку анкетава ми е нелогична посебно што е поставена од атеист. Зашто еве вака........

Ако си ти атеист а како бебе те крстиле, како тоа ти е наметната некаква религија, самиот понатаму си решил дека тоа е лага како што вие велите.
Самиот бог ти ставил во главата мозок и ти можеш него да го користиш на каков сакаш начин.
Проблемот е во тоа што не се знае дали ти правилно ќе го живееш животот понатаму.
Барањето докази за тоа дали религијата е вистина или не е глупо ако си атеист........или не си. Дали ти бараш докази за се во твојот живот дали ти знаеш што е вистина или не е.
Ако агора ја знае вистината нема да поставува вакви анкети туку ќе докаже зашто тоа не е потребно.
Никој од вас атеистите не поднел никаков доказ дека неговиот начин на живот е тој вистинскиот за целиот човечки род.
Додека Господ се појави на земјата и ја кажа вистината. Сега ако некој не сака да верува во тоа негов проблем.
Слободна волја......дали вие знаете што е слободна волја дали вие секогаш одлучувате по ваша слободна волја или според тоа што сте го научиле до сега и од каде знаете дека е вистина сте побарале докази за се сте ги виделе тие докази сте ги допреле. Секој ден науката наоѓа нови работи и некој од тие нови докази противречат на некои од вчера што биле најдени од истите научници, зарем тоа ви се вашите докази?
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
како тоа ти е наметната некаква религија,
Многу просто самиот чин крстењето, одлука која е исполнета а која не е донесена од самата индивидуана на која се однесува се смета за наметната... доволно јасно или...

Барањето докази за тоа дали религијата е вистина или не е глупо ако си атеист
Извини ако со барање на докази ти ја нарушивме рамката во која се наогаш полна со хармонија и розеви погледи кон работите ...

Никој од вас атеистите не поднел никаков доказ дека неговиот начин на живот е тој вистинскиот за целиот човечки род.
Епа нема забранети работи(се разбира зборам во граници на нормала) верувам во она што е докажано пр дождот не е производ на господ итн...Не живеам во страв дека некој ке ми суди за било што и ако сум бил лош ке ми го прати газето да ми се пече во рерна т.е пекол...Не мислам дека пукање на цунами и убивање на толку невини луге е паметна божја одлука да он е во право они згрешиле итн инт... доволно ако ништо друго и подобро звучи:wink: а и очигледно не си ги прочитал постовите има доста напишано околу тоа...

Додека Господ се појави на земјата и ја кажа вистината.
ХАхахаххах кај држеше говор само кажи ми ,ти у бекстејџ беше и го слушаше или...
(банална реченица банален одговор)

Секој ден науката наоѓа нови работи и некој од тие нови докази противречат на некои од вчера што биле најдени од истите научници, зарем тоа ви се вашите докази?
Барем наога ДОКАЗИ нешто што што тебе ти фали во твојата теза ....
 
Член од
11 април 2008
Мислења
73
Поени од реакции
6
Може ли некој да ми одговори како може дете некрстено да не оди во рајот,кога се раѓа како најчиста душа без никакви гревови (затоа и ангелите ги претставуваат како дечиња), а некој верник,крстен и посветен на сите адети и слични работи, со олош душа,според вас, да оди во рајот? Јас конкретно се крстев на 20г, но верувајте ништо не ми значи.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Интересно како ги вадиш речениците од контекст но ок и ќе ти одговорам на некој работи.
Како прво барањето на докази од страна на атеист нема смисла освен ако се сомневаш во својот атеизам, а тоа дека ќе ми ја уништиш хармонијата.............далеку од тоа си друже.
Очигледно дека со такви прашања сакате да ја нарушите нашата вера или нешто друго сосема поинаку од вистинска дискусија со ФАКТИ.
Бог се има појавено преку својот син, тоа е факт кој многу научници и историчари го немаат докажано спротивното ниту се дрзнуваат да зборат за тоа како лага, додека атеистите на форумов кои имаат 20~29 години одеднаш сваќаат дека се што збори религијата е лага.........малку чудно и прилично егоистички.
Што ти мислиш дека дождот не го прави господ:vozbud:, браво добар заклучок, до таму одат твоите сваќања.
Добро што не живееш во страв, незнам до сега што те спречувало да извршиш и убиство, и онака после умирање нема ништо-нели, па прави што сакаш.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Може ли некој да ми одговори како може дете некрстено да не оди во рајот,кога се раѓа како најчиста душа без никакви гревови (затоа и ангелите ги претставуваат како дечиња), а некој верник,крстен и посветен на сите адети и слични работи, со олош душа,според вас, да оди во рајот? Јас конкретно се крстев на 20г, но верувајте ништо не ми значи.
So svoeto raganje sekoe dete e gresno go nosi praroditelskiot grev, odnosno posledicite od padot vo grev.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
So svoeto raganje sekoe dete e gresno go nosi praroditelskiot grev, odnosno posledicite od padot vo grev.
Како се пренесува гревот?...генетски?......па нели според вас животниот дух му го дава творецот а не родителите, тој му го дава грешен? или однапред е проколнато за век и векови се човечко....ух што беља ли направила таа Ева...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Jas pa go znam obratnoto, sekoe malo dete e cisto ko solza, bezgresno, se do pubertet uslovno kazano e " angel "....
Да има и такви мислења но сепак тоа е само измислица, која се раѓа од љубовта кон детето знаејќи дека не прави ништо лошт затоа мислат дека нема грев.
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Интересно како ги вадиш речениците од контекст но ок и ќе ти одговорам на некој работи.
Како прво барањето на докази од страна на атеист нема смисла освен ако се сомневаш во својот атеизам, а тоа дека ќе ми ја уништиш хармонијата.............далеку од тоа си друже.
Очигледно дека со такви прашања сакате да ја нарушите нашата вера или нешто друго сосема поинаку од вистинска дискусија со ФАКТИ.
Бог се има појавено преку својот син, тоа е факт кој многу научници и историчари го немаат докажано спротивното ниту се дрзнуваат да зборат за тоа како лага, додека атеистите на форумов кои имаат 20~29 години одеднаш сваќаат дека се што збори религијата е лага.........малку чудно и прилично егоистички.
Што ти мислиш дека дождот не го прави господ:vozbud:, браво добар заклучок, до таму одат твоите сваќања.
Добро што не живееш во страв, незнам до сега што те спречувало да извршиш и убиство, и онака после умирање нема ништо-нели, па прави што сакаш.
Ова требаше да биде одговор и побивање на моите факти хех имате доста интересна особина ,што ми се свига коментирам што не опашката под задник и мењај тема .....

НИедно од ова горанапишаново не е соодвето на она јас што ти го напишав така да земи прочитај уште 2,3 пати пошо од еднаш очигледно ништо не правиме....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како се пренесува гревот?...генетски?......па нели според вас животниот дух му го дава творецот а не родителите, тој му го дава грешен? или однапред е проколнато за век и векови се човечко....ух што беља ли направила таа Ева...

А како поинаку би се пренел гревот? Преку и-меил?
Да, родителите на новозачнатиот му даваат тело (што значи, и своите гени) а Светиот Дух му дава дух животен (кој нема тело па според тоа, нема ни гени).
Да, Ева има направено голема беља, а бељата од Адам е во тоа што ја послуша жена си...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
А како поинаку би се пренел гревот? Преку и-меил?
Да, родителите на новозачнатиот му даваат тело (што значи, и своите гени) а Светиот Дух му дава дух животен (кој нема тело па според тоа, нема ни гени).
Да, Ева има направено голема беља, а бељата од Адам е во тоа што ја послуша жена си...

Мислам дека брат се е залудно.:toe:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Симеон, брат, не се откажувај...Ти и понатаму сведочи за својот Бог и вера а оние кои не веруваат-од кај знаеш, еден ден, можеби и тие ќе поверуваат оти, нели, никој не се родил како верник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom