Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    178

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Човекот почнува да учи уште од неговото раѓање. Тој прима информации од неговата околина. Доколку прими такви информации какви што, доколку една од нив ја земе за вистина,а ќе ја земе, затоа што многу е мал, сеуште е детенце, неможе да докаже дека не е вистина, тогаш за вистина ги зема и сите тие информации. А сите тие информации, во една целина, се така направени да ако тие информации ги сфатиш како вистина, тогаш непостојат шанси, или тие се многу мали, да ја докажеш реалната вистина, да докажеш дека тоа што го мислиш всушност и не е вистина. Така да...навистина детето има право на слободен избор?! Детето тогаш сеуште не е свесно за себе да може да носи одлуки, може лесно да биде излажано..последица од ова е големиот број на христијани...
Хмм...мислам дека ова го напишав или го прочитав на форумот, ама ќе го повторам:
Вистините во религијата се вистини само за верниците, за сите останати, се лаги. Значи, никој не се родил како верник...туку верник станал по неговото раѓање, одкако му се кажале некои лаги ( нели вистините во религијата беа вистини само за верниците, за сите останати, и за детето, тие се лаги..има некоја друга логика тука?!..не )...
Што коментираш ти Мики1 на ова...?
Велам вака:
- вистините во религијата (христијанската) се вистинити за сите. Разликата е во тоа што некој ги прифаќа а некој-не.
- да, никој не се родил како верник.
- не, не му се кажале никакви лаги, освен ако верникот сака да верува во најголемиот лажго и него да го исповеда за свој бог.

Верник се станува откако поединецот ќе поверува во Бога и ќе ја увиди својата огревовена природа (ќе му се отворат духовните очи, т.е. ќе му се отвори дотогаш затворениот разум, затворен за Божјите вистини). После тоа, следува одлепување од злото и прилепување кон доброто , со што почнува неговото покајничко живеење со вера, дела и смирение.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не гласав бидејќи не сум сигурна, но јас имам размислувано на овој начин за името. Зар не е глупаво друг да ти го бира името уште додека си бебе?
Глупаво е, но не можеш до 18 години (на пример) да си без име. :toe:
Така е и со религијата. Глупаво е што ни ја бираат други, да, ама не можеме да бидеме без религија додека не станеме способни за таква важна одлука. Кога ќе размислам, се согласувам со тоа. Верата според мене е нешто што припаѓа, а не се бира како облека кога одиме во шопинг. :toe:
Сакало или не, детето е тоа што се, тоа што биле родителите, припаѓа онаму каде што е и што и да е, и нема право да го менува тоа. Апсурдно ми е кога некои менуваат религија за да се венчаат со некого од другата вера. :lut:
Зар нема доволно девојки/момчиња од нашата вера?
Eце..бре..аман..бе...ќе земам ќе се упропастам...
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Не мора МИКИ1 да коментира нели? Можеби и некој друг може да го стори тоа? Еве јас. Религиските вистини не се вистини само за верниците, тие се вистини за секого. Во Нов Завет, во евангелијата пишува дека Исус на своите апостоли им рекол да ја шират верата меѓу неверниците. На крај, ако нејкеш да бидеш верник, биди си атеист, или биди муслиман, скиентолог, твое право.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60

Религијата не е име!!

Вистини за секого? А што ако се најде доказ дека не се, дека нешто што го проповедал оној што ја проповедал религијата е лага? Тогаш вистината во религијата ќе биде вистина само за верниците?!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Религијата не е име!!

Вистини за секого? А што ако се најде доказ дека не се, дека нешто што го проповедал оној што ја проповедал религијата е лага? Тогаш вистината во религијата ќе биде вистина само за верниците?!
-Кој е тој доказ?
- Дали религијата е вистина или не, може да се увиди преку проста споредба со зборот Божји или пак преку плодовите (резултатите) кои го дава одредено религиозно учење-или се добри или се лоши. А дали е нешто добро или лошо, тоа во груби црти може да го процени и атеист, доколку има доволно неизвалкан ум и доволно јака и чиста совест.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
-Кој е тој доказ?
- Дали религијата е вистина или не, може да се увиди преку проста споредба со зборот Божји или пак преку плодовите (резултатите) кои го дава одредено религиозно учење-или се добри или се лоши. А дали е нешто добро или лошо, тоа во груби црти може да го процени и атеист, доколку има доволно неизвалкан ум и доволно јака и чиста совест.

За да се докаже дека не е вистина сето она што го проповеда религијата ( еве и православието да го земеме ), доволно е да се најде доказ за барем едно нешто што за кое што таа излажала..
Таков доказ не постои? Постојат многу такви докази, но за да ги видиш, само треба да сакаш да ги видиш...
.
...Реалната вистина е валкана?!

хмм...
Плод на религиозното учење беа и крстоносните војни...нели?
Постојат големи шанси религиозното учење да биде погрешно..така што ризикот ова учење да биде прифатено е многу голем, далеку поголем од тој што може да биде прифатен...а да не зборуваме за тој што би се случило, т.е. колку постигнатите цели би биле далеку полоши од предвидените, кога ова учење не би било прифатено од сите..или кога би се појавиле повеќе различни опции...
Тогаш (т.е. сега) мораме да сфатиме дека вака не можеме да продолжиме, неможеме тврдоглаво да тераме напред иако знаеме дека целите на религијата никогаш нема да бидат остварени, или ќе имаат негативни ефекти...мислам дека треба да сфатиме дека „нема добра иднина во религијата“...што и фали на вистината таква каква што е? Зошто за да го направиме светот подобар мора да веруваме во господ?
 
violet

<3 SwEeT DaRkNeS <3
Член од
17 јуни 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
за да го направиме светот подобар треба да веруваме само во себе
никаква религија нема да ни помогне ако не си помогнеме сами
онтопик мислам дека стварно и е дадена преголема слобода за избор на религија на детето, иако се родители можеби детето ке сака да биде атеист или било што, ама нема некој уште од мали нозе ти го пере мозокот
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За да се докаже дека не е вистина сето она што го проповеда религијата ( еве и православието да го земеме ), доволно е да се најде доказ за барем едно нешто што за кое што таа излажала..
Таков доказ не постои? Постојат многу такви докази, но за да ги видиш, само треба да сакаш да ги видиш...
.
...Реалната вистина е валкана?!

хмм...
Плод на религиозното учење беа и крстоносните војни...нели?
Постојат големи шанси религиозното учење да биде погрешно..така што ризикот ова учење да биде прифатено е многу голем, далеку поголем од тој што може да биде прифатен...а да не зборуваме за тој што би се случило, т.е. колку постигнатите цели би биле далеку полоши од предвидените, кога ова учење не би било прифатено од сите..или кога би се појавиле повеќе различни опции...
Тогаш (т.е. сега) мораме да сфатиме дека вака не можеме да продолжиме, неможеме тврдоглаво да тераме напред иако знаеме дека целите на религијата никогаш нема да бидат остварени, или ќе имаат негативни ефекти...мислам дека треба да сфатиме дека „нема добра иднина во религијата“...што и фали на вистината таква каква што е? Зошто за да го направиме светот подобар мора да веруваме во господ?

Целите од христијанската религија се остварени, се остваруваат и ќе се оствруваат и понатаму. Христос не ја создаде својата Црква туку-така, без цел и без смисла, туку ја создаде Црквата за да ја исполни Неговата заповед кон Апостолите: „...одете и научете ги сите народи и крштевајте ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух...„. Тоа Црквата сеуште го чини, но секогаш се наоѓа по некој мудрец кој е надвор од Црквата и кој смета дека токму неговото мислење е она вистинското, дури и независно од она кое објективно се случува. Црквата е објективна даденост и во оваа или онаа форма ќе постои се до второто Христово доаѓање а тоа што поединци имаат негативен став кон Црквата, тоа апсолутно не и штети, оти таа (Црквата) не е човечка творевина.

И досега, а веројатно и понатаму, ќе се појавуваат своеглави типови, кои на сите ќе ни тврдат дека ете, токму тое ќе го сменат светот „на подобро„ иако е повеќе од очигледно дека светот се повеќе и повеќе тоне во злото, кое некои несакаат да го видат. Христос, кога дојде првиот пат, никаде не рече дека ќе го смени светот (зашто да го смени, кога тој ионака е минлив и распадлив), никаде не рече дека ќе ја смени власта и општетвото (зашто, кога ионака се од Бога дадени) туку Хростос секогаш ги повикуваше луѓето да се променат САМИ СЕБЕ, во умот, да се одлепат од злото и да Го следат Него, а не безуспешно да се инаетат и да твдрат дека светот е проблематичен и дека токму светот треба да се промени.
„...без Мене, неможете да нашправите ништо...„ вели Христос, Воедно, тоа нека биде порака до сите оние кои себеси се сметаат за самоповикани да го „променат светот„...Не менувајте го светот, тој ионака ќе пропадне, туку менувајте се самите себе, во умот и во срцето.
А тоа со крстоносните војни, веќе станува издуван балон...За тоа, ќе се обратиш кај Бенедикт.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
................................................................А тоа со крстоносните војни, веќе станува издуван балон...За тоа, ќе се обратиш кај Бенедикт.
А на кого да се обратиме за тоа што се што е Македонско православно таму доле во Јужна (Егејска) Македонија е збришано од некои твои исто така православни браќа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А на кого да се обратиме за тоа што се што е Македонско православно таму доле во Јужна (Егејска) Македонија е збришано од некои твои исто така православни браќа.
Кога би биле тие толку православни како што тврдат....е-е-еееее....Сега ќе ни подадеа рака на помош и помирување, Христа ради...
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Целите од христијанската религија се остварени, се остваруваат и ќе се оствруваат и понатаму. Христос не ја создаде својата Црква туку-така, без цел и без смисла, туку ја создаде Црквата за да ја исполни Неговата заповед кон Апостолите: „...одете и научете ги сите народи и крштевајте ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух...„. Тоа Црквата сеуште го чини, но секогаш се наоѓа по некој мудрец кој е надвор од Црквата и кој смета дека токму неговото мислење е она вистинското, дури и независно од она кое објективно се случува. Црквата е објективна даденост и во оваа или онаа форма ќе постои се до второто Христово доаѓање а тоа што поединци имаат негативен став кон Црквата, тоа апсолутно не и штети, оти таа (Црквата) не е човечка творевина.

И досега, а веројатно и понатаму, ќе се појавуваат своеглави типови, кои на сите ќе ни тврдат дека ете, токму тое ќе го сменат светот „на подобро„ иако е повеќе од очигледно дека светот се повеќе и повеќе тоне во злото, кое некои несакаат да го видат. Христос, кога дојде првиот пат, никаде не рече дека ќе го смени светот (зашто да го смени, кога тој ионака е минлив и распадлив), никаде не рече дека ќе ја смени власта и општетвото (зашто, кога ионака се од Бога дадени) туку Хростос секогаш ги повикуваше луѓето да се променат САМИ СЕБЕ, во умот, да се одлепат од злото и да Го следат Него, а не безуспешно да се инаетат и да твдрат дека светот е проблематичен и дека токму светот треба да се промени.
„...без Мене, неможете да нашправите ништо...„ вели Христос, Воедно, тоа нека биде порака до сите оние кои себеси се сметаат за самоповикани да го „променат светот„...Не менувајте го светот, тој ионака ќе пропадне, туку менувајте се самите себе, во умот и во срцето.
А тоа со крстоносните војни, веќе станува издуван балон...За тоа, ќе се обратиш кај Бенедикт.
Доколку ова што се остварувало и остварува, и ќе се остварува, се цели на црквата, тогаш целите на црквата воопшто не се за подобро утре на човештвото...а доколку целите се за подобро утре, тогаш тие не се остварувале, не се остваруваат и нема да се остваруваат...

Проблемот е што постојат повеќе вакви различни „организации“, кои имаат цели кои би ни донесле подобро утре на земјата, но, исите одбираат различен пат да стигнат до нив...крајниот ефект на сето ова е негативем...и кога се` заедно ќе сумираме ќе дојдеме до заклучок дека подобро би било кога ваквите организации не би постоеле...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Доколку ова што се остварувало и остварува, и ќе се остварува, се цели на црквата, тогаш целите на црквата воопшто не се за подобро утре на човештвото...а доколку целите се за подобро утре, тогаш тие не се остварувале, не се остваруваат и нема да се остваруваат...

Проблемот е што постојат повеќе вакви различни „организации“, кои имаат цели кои би ни донесле подобро утре на земјата, но, исите одбираат различен пат да стигнат до нив...крајниот ефект на сето ова е негативем...и кога се` заедно ќе сумираме ќе дојдеме до заклучок дека подобро би било кога ваквите организации не би постоеле...
НЕ ПОСТОИ „подобро утре„, оти тој израз е познат веќе 250-300 г, од Сен Симон (утопистот) со неговата максима „златнот век е пред нас„ иако до него (до пред Сен Симон) важеше максимата „златниот век е зад нас„. односно златниот век е завршена работа по истерувањето на Адам и Ева од Рајот. Тоа „подобро утре„ сеуште никој не го видел.
Православната Црква воопшто не се занимава со „подобро утре„“ ниту пак некој во Црквата ја проповеда „убавата „утрешнина, кога е повеќе од очигчедно дека светот тоне се повеќе и повеќе во колективно зло. Врвот на тоа зло ќе бвиде владеењето од антихристот, па ајде сега кажи ми дека „убавата„ иднина само што не дошла.
Во свој претходен пост, веќе напишав дека Христос не дојде за да ни понуди „подобро утре„ (комуњарска фраза) , не дојде за да го промени светот, туку дојде за да не повика на спасение а не на комфорен живот.

Дури и да не ги гледаме работите од црковна позиција, туку од чисто философска: уште старогрчките филсофи забележале дека нештата стануваат од лоши кон се полоши. Физички гледано, целата Вселена СЕ РАСПАЃА, се движи кон претпоставената крајан точка-термичката смрт. Т.н. „марфиеви закони„ се засновани токму на термодинамиката. Се прашувам, како некому ќе му успее да соѕида „подобро утре„ на „подлога„ (а подлогата е овој свет) кој е во постојано и неповратно распаѓање?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
................ Се прашувам, како некому ќе му успее да соѕида „подобро утре„ на „подлога„ (а подлогата е овој свет) кој е во постојано и неповратно распаѓање?
Мики ги надмина и оние апокалиптичните секти во Америка.
ПОДЛОГА....За информација....по термодинамиката...на светот му преостануваат УШТЕ САМО НЕКОЛКУ МИЛИЈАРДИЧКИ ГОДИНИ.
ПОДОБРО УТРЕ... па само во илјада години се менуваат илјадници генерации...за нив вреди да се гради тоа подобро утре.
За таквите како тебе..фаталистите...подобро седете не работете ништо и чекајте си го денот... ако и тоа ви е тешко...купете упатство..како да извршам самоу.......:pos2:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зошто децата се крстуваат ( во православието ) на својата 1 година?!?
За да се помине со еден трошок, роденден и крштевка :smir:

Инаку којзнае, така останало од стари, така е напишано во Библијата, впрочем и Јован Крстител го крстил Исус додека бил бебе, па од таму влечи корени овај христијански обичај.

А во смисла на расудувањето... Ништо не ти менува. Колку има крстени се во црква, па се атеисти и не веруваат во Бога.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики ги надмина и оние апокалиптичните секти во Америка.
ПОДЛОГА....За информација....по термодинамиката...на светот му преостануваат УШТЕ САМО НЕКОЛКУ МИЛИЈАРДИЧКИ ГОДИНИ.
ПОДОБРО УТРЕ... па само во илјада години се менуваат илјадници генерации...за нив вреди да се гради тоа подобро утре.
За таквите како тебе..фаталистите...подобро седете не работете ништо и чекајте си го денот... ако и тоа ви е тешко...купете упатство..како да извршам самоу.......:pos2:
Објасни го поимот „апокалиптични секти„.... Се сомневам дека ќе можеш.
А она кое Црквата го проповеда е вистинито, колку и да изгледа црно и песимистички, но крајот, сепак е најголемиот можен оптимизам-второто Христово пришествие.
Сите кои досега ни го посакуваа „убавото „ утре, западнаа во тоталитаризам: Робеспјер, Ленин, Сталин, Хитлер и сл. Ај, може еден ден ќе ти текне дека е тоа така...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom