city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Скопје, 4 март (МИА) - Владата одлучи 12 март - Денот кога ќе биде спроведувана акцијата „Денот на дрвото“ да биде неработен ден.
Како што соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски, овој ден ќе биде одработен следната сабота, односно на 15 март.
Засадувањето на над два милиона дрвца на 12 март, во рамките на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ ќе се одвива на лесно пристапно земјиште, во близина на асфалтен пат, со големина од три до 80 хектари површина, соопшти Јавното претпријатие „Македонски шуми” кое ги утврди локациите низ цела Македонија.
Дел од локациите кои што јавното претпријатие ги утврди беа опожарени во минатогодишната огнена стихија што зафати повеќе региони низ државава. Секоја од избраните локации ќе биде поделена на полиња од 1.000 метри квадратни, со видно обележани редни броеви, а пошумувањето на секоја локација ќе го координираат три лица -инженер од „Македонски шуми”, локален општински координатор и позната јавна личност.
Владата, како партнер на акцијата кој безрезервно ја поддржува оваа граѓанска иницијатива, на денот на пошумувањето ќе ги обезбеди сите материјални предуслови за нејзино успешно одвивање, вклучително и двата милиони садници.
Во акцијата активно ќе се вклучат и градоначалниците на 19 градови низ Македонија. Општините треба да обезбедат превоз до локациите, храна и пијалаци за над 200 илјади граѓани, колку што се очекува да излезат и да засадат дрвца. Тие треба да обезбедат и возила на „Комунална хигиена”, на Брза помош и противпожарни возила. За логистика и помош на граѓаните при засадувањето, ќе бидат ангажирани околу 9.000 стручни лица од ЈП „Македонски шуми”, од Шумарски и Земјоделски факутет и повеќе јавните претпријатија.