Раскрсница

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Секојдневно се измачуваме,што да направиме, како да одговориме,како да постапиме...Некогаш животот ќе те донесе до раскрсница со своите сплетки,што ќе одбереш?Како ќе одбереш?Кој е ризикот?
Некој избор може да биде погубен,затоа добро треба да се размисли.Да се стави на вага,добивка-загуба,да се размисли со ладна глава,реалност-искуство.Но ова се само неколку од милионите решенија,но зарем и овие се решенија?
На едната страна имам иднина(колку толку сигурност),на другата страна прекрасна особа која нема никој да ја замени во животот.На една страна фамилија,на друга работа во странство.И уште многу примери.Момент на одлука кој може да ти го смени животот од корен.Не е дилема има огромни последици.Животната раскрсница како да се реши,а да има најмали последици по себе си и останатите?Психолошката борба во себе си има ли решение или секогаш ќе се навраќаш на моментот кога си одлучил?
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Па, според мене овде нема проба, ако се решиш за едно, нема враќање назад, веројатно е ако не ти успее ќе се сеќаваш и ќе ти биде мака за моментот кога си одлучил тоа да го правиш, инаку како што знам, досега на мене, па и на блиските околу мене животот стално не носи на раскрсница, мора да ризикуваме, да се откажеме од едно, за да добиеме друго. Преголеми се нервозите, психичката болка, на моменти сме силни, но во друг случај и премногу слаби, ни треба подршка, затоа ко што е спомнато - со ладна глава, убаво размисли за да направиш еден чекор напред, затоа што еден чекор напред е многу големо растојание од претходната позиција ...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Раскрсницата е добра работа, имаш можност да бираш, имаш можност да одлучуваш за себе и за својата судбина.Вистина е дека одговорноста е поголема и нема животот да биде тука за да излезе како виновник од ситуацијата, но нема поголем благодет од тој да можеш сам да го исцртуваш патот на твојата судбина.
Одлуките се носат тешко, посебно оние битните, но кога еднаш ќе се одлучиме, најтешко е да се свртиме назад.
Ако сме доволно силни за да почитуваме нешто, тогаш тоа го правиме, ако знаеме дека ќе паднеме на тестот, подобро е да не го губиме и тоа што е покрај нас и сеуште ни е битно.:smir:
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Pa nekogas moras da odlucis sto ke pravis kolku i da e toa tesko i bolno i za sebe si i za drugite. Eve konkretno resiv da odam vo stranstvo, kolku i da e tesko toa za drugite za familijata, za drugite sepak za mene e najtesko, pocnav nov zivot kako povtorno rodena, dojdov ne poznavav nikoj. pocnav da gradam novi prijatelstva no ne e toa toa kako doma. Ama koga ke razmislam sto ke pravev doma, ke zavrsev fakultet i vednas ke najdev rabota? Nema sansi da najdam vednas rabota na strukata taka da bev na raskrsnica i odluciv i mozam samo da se nadevam deka go odbrav pravilniot pat! A za toa dali e taka vremeto ke pokaze!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Секој избор во животот е добар додека не се претвори во внатрешен конфликт...Затоа јас не се осврнувам на одлуките кои сум ги донел..Туку се трудам она што сум го одбрал да го направам да изгледа како вистинскиот чекор..оти во даден момент никој неможе да каже дека го знае вистинскиот одговор...
Сепак животот не смее да ти зависи од другите..Ниеден друг човек на оваа планета неможе да го живее мојот живот затоа и изборот е мој без надворешни влијанија..Изборот не треба да биде помеѓу поголемото и помалот зло..Туку помеѓу себе и другите...
Нормално е да се плаши човек од промените..но тоа што не те убива те прави посилен...па следниот пат кога ќе застанеш на раскрсница ќе избереш без проблем..барем јас сум таков...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Па зависи, ако одиш од кај Сали мостот па десно ќе излезиш кај селската автобуска. Лево ти е чаршијата, тука е на Бучко дуќанот, подолу има рибарница, е одспротива е аптеката.
Хм, ја згрешив темата?
-Знам, ама велат ако е подолг постот... демек, сте давале повеќе репутација, а јас гледам да бидам главен во маало и да имам највеќе зеленки, и сега ќе прекинам оти ќе ме бриши модераторката.

Ако одлуките кои сум ги донел во мојот живот ги преточам во леандрината раскрсница и направам една пресметка, тогаш може да се каже дека патам од болеста погрешно-одбирање-на-насоката а.к.а погрешен правец. Неретко сум знаел да направам тотално погрешна одлука и да заминам во спротивниот правец или евентуално во ќорсокак. Имало непреспани ноќи поради лошо избраниот пат, имало смеа и радост како последица на успешно поминатите коридори. Тоа е во past simple tense, сега гледам што е можно подолго и помудро да ги разгледам погодностите и мааните на сите патишта, па да го одберам најдобриот пат. Не дека јас сум доволно паметен и секогаш ќе бидам во право и ќе ја одбирам добрата страна, ама барем сега знам дека треба да им давам поголеми шанси на малите споредни калдрми а помалку да гледам кон автопатите. Ова го велам бидејќи ништо понатаму во животов нема да биде лесно и да доаѓа во пакет со шест двонасочни ленти и цветни алеи од страна, туку сам ќе морам да чекорам по коцкестите калдрми и да си го трасирам својот пат кон ѕвездите.:pipi:
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Mислам дека таканаречената раскрсница во животот,се зема премногу сериозно.
Секогаш има втора шанса и вракање назад.
Можеби нема да се вратиш назад на истото,но сепак можеш да излезеш од гомнаријата што си ја предизвикал со погрешниот избор и да се најдеш дури и во подобра ситуација во претходната и секако,многу посилен од порано.
Животот има огромен број на патишта,неможе само една раскрсница на тие патишта да се земе како ултимативен избор,matter of life and death...
Сакам да кажам,нејзиното значење и влијание е преценето.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
"да се биде или не прашање е сега!" - Шекспир
"слушај го срцето,не ги слушај другите,биди добар не повредувај,ВРАЌАЈ на услугите!"
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Кој и да е твојот избор,оној другиот што си го отфрлил секогаш ќе испадне дека бил подобар.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој и да е твојот избор,оној другиот што си го отфрлил секогаш ќе испадне дека бил подобар.
Од каде би се добил таков заклучок?Неможеш да го вратиш назад времето и да одбереш поинаку за да можеш да ги споредиш.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Одлуки носам по некој менаџерски или математички принцип (како и да е).Сумираш негативни и позитивни страни и ги ставаш во однос. Онаму каде ќе претежнат позитивните страни води и патеката која ја одбирам. Голема мана ми е тоа што никогаш не го слушам срцето, ретко се впуштам во ризици, а менаџерски принцип исто така е дека секој поголем успех во животот носи со себе и одредена доза на ризик (односно мора да содржи ризик). Не се каам за нити една одлука која до сега сум ја донеса (барем не особено), само си замерувам за недостатокот на храброст понекогаш при изборот на некои одлуки или патеки.:)
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Од каде би се добил таков заклучок?Неможеш да го вратиш назад времето и да одбереш поинаку за да можеш да ги споредиш.
Таков впечаток добивам.Скоро секогаш го има она:"да беше другото подобро ќе беше".Тоа не значи дека сите тоа го кажуваат,ама јас најчесто сум таква.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
-Знам, ама велат ако е подолг постот... демек, сте давале повеќе репутација, а јас гледам да бидам главен во маало и да имам највеќе зеленки, и сега ќе прекинам оти ќе ме бриши модераторката.
Те лажеле :( Од искуство ти кажувам. Мене никој не ми дава зелени, а речиси секогаш имам долги постови :cry:

Таков впечаток добивам.Скоро секогаш го има она:"да беше другото подобро ќе беше".Тоа не значи дека сите тоа го кажуваат,ама јас најчесто сум таква.
Всушност, тука е грешката. Човек кога нешто не знае, не пробал, не ни треба да претпоставува: „Како ќе беше?“ Џабе ќе се измачува, можеби ќе се кае, но никогаш нема да го знае вистинскиот резултат. Залудно потрошено време.

За себе лично сметам дека немам ни право да се прашувам дали го одбрав вистинскиот пат. Зошто? Кога добро ќе им се посветам на патиштата пред да одберам, кога ќе ги разгледам предностите на едниот и на другиот, кога ќе оценам кој од нив би ме направил посреќна, што фајде после тоа да се колебам во својот избор? Посекако што и да одбереш не може целосно да го исполни она што го сакаш, никогаш придобивките што се можни од двете насоки не можат да бидат споени во едно. Секако дека убавите работи од едниот ќе ти фалат ако го одбереш другиот, но тука настапува трудот да ги истакнеш страните поради кои си го одбрал токму тој пат кој е твојот избор. Човек кој знае што сака од животот си има приоритети.
Ако нешто тргне наопаку, секако дека не би седнала да кукам: „колку бев проста што не го одбрав другиот начин.“ Наместо да губам време, ќе се зафатам да најдам начин за подобрување на состојбата.

Интересно ми е следново. Никој не вели: „Леле, да беше другото полошо ќе беше“
Зошто некогаш неуспехот од еден избор не ве натера да помислите дека можело и полошо да биде?

Како и да е, што и да се прашуваш - залудно е. Никогаш не можеш да бидеш повторно во тоа време и тие околности.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу е зезнато кога е човек ставен пред свршен чин,кога се наоѓа на раскрсница или наречете го тоа како сакате.
Знаеш дека што и да одбереш,ќе изгубиш нешто.Поентата е само да го одбереш она што е подоброто,што се разбира е многу тешко,бидејќи никогаш не знаеш што таа одлука може да донесе со себе.Плус потоа секогаш го имаш она измачувањето што јас би го нарекла - А што би било кад би било,зашто не направив така и слично.
Факт е дека многу често во животот се наоѓаме пред раскрсници и пред големи одлуки.
Без разлика каков е исходот од одлуката или чекорот кој ќе го направам,секогаш ќе се вратам на моментот кога сум одлучила и без да сакам едноставно ќе ми пролета низ мозокот мислата како би било да одлучев поинаку.
Навистина е комплицирано за објаснување,не можам да најдам соодветни зборови за да го кажам она што го мислам.
Сепак,најдобро е човек подолго време да размислува и кога ќе се одлучи таа одлука да е крајна и да не се навраќа назад,иако тоа не е така лесно како што звучи.
Јас во принцип сум имала многу такви ситуации.И речиси не се каам за работите кои сум ги направила,туку за оние кои не сум ги направила и постојано се прашувам што ќе беше ако беше,ама никогаш нема да дознаам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom